• Latest

Костадиновска-Стојчевска: Драмски со фестивалот „Рута“ е уште еден мост за поврзување на регионот

October 4, 2023

Вештачката интелигенција што создава подобра верзија од себе: Кога технологијата почнува да го забрзува сопствениот развој

September 5, 2026

СРПСКА СТВАРНОСТ: Нема избори без израелски прсти

September 5, 2026
Државни и воени почести за воениот злосторник, осуден доживотно од Хашкиот трибунал, Белград, 3 септември 2026

МРАЧЕН ЧИН: Србија го пречека ковчегот на воениот злосторник Младиќ со владин авион, војска и институционални почести

September 5, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов, Собрание на РСМ, 28 јануари 2026 (фото: ЦИВИЛ)

Андонов со „викенд прашања“ до Мисајловски: За модернизацијата на Армијата, Воената академија и законската одговорност

September 5, 2026
Војо Маневски (фото: ЦИВИЛ)

Без мажи – нема деца

September 5, 2026

Државно организиран секс – кој ќе ја плати сметката?

September 5, 2026
Муцунски - Сибига, Кијив, 4 септември 2026

Сибига и Муцунски во Кијив: Поддршка за Украина, европска интеграција и соработка во обновата

September 4, 2026

Воениот злосторник меѓу хашката пресуда и политичката митологија – анализа на Костовски

September 4, 2026
Фотографија: СДСМ

Филипче на одбележувањето на 35 години независност: Глигоров, Европа и одговорноста за иднината

September 4, 2026

Европратеникот Брандштетер бара суспензија на преговорите и запирање на исплатите на ЕУ кон Србија поради величањето на Младиќ

September 3, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home КУЛТУРА

Костадиновска-Стојчевска: Драмски со фестивалот „Рута“ е уште еден мост за поврзување на регионот

October 4, 2023 11:05
in ВЕСТИ, КУЛТУРА, РЕГИОН
Share on FacebookShare on Twitter

Со домашна премиера, претстава на скопскиот Драмски театар, почна второто издание на регионалниот Театарски фестивал „Рута“ во земјава.

„Фирма“ по текст на реномираниот германски автор Роланд Шимелфенинг и во режија на Нела Витошевиќ, е првата претстава на фестивалот кој го поврзува театарскиот живот на регионот.

На отворањето на неколкудневниот тетарски празник во Скопје, министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска ги поздрави актерите и гостите од сцената на Драмски, која, како што рече, буди посебна емоција и посочила дека преку театарот, уметниците успеаја да го подигнат и да го одржат мостот наречен „Рута“.

– Ви благодарам што давајќи дел од себе нè опоменувате и нè потсетувате на последиците од алчноста, од отуѓеноста, од кусогледоста, од непромисленоста. Нè потсетувате на повторливоста на смртоносните пандемии, на бавното ослободување на жената, на еволутивните слабости на човештвото. Вашата улога, веројатно, најдобро ја опиша уникатниот режисер Јагош Марковиќ, кој, за жал, веќе не е меѓу нас: „Мораме да сведочиме. Мораме едни на други да кажеме – за да не помислиме дека сè е во ред“, рече Костадиновска-Стојчевска.

Како што информираат од Министерството за култура, заблагодарувајќи се за гостувањето на сите ансамбли на ова издание на фестивалот „Рута“, министерката Костадиновска-Стојчевска ги поканила театрите од регионот со посебно внимание да се вклучат преку „Рута“ и во 2028 година кога Скопје ќе биде европска престолнина на културата.

– Регионот му е потребен на Скопје. Скопје му е потребно на регионот, рече Костадиновска-Стојчевска.

Фестивалот продолжува со „Декамерон“ на „Градско позориште“ од Подгорица во копродукција со „Народно позориште“ од Ниш, на режисерот Пројковски и со „Нора“ на „Местно гледалишче“ од Љубљана, Словенија, во режија на Нела Витошевиќ. Следуваат претставите „Син“ на Камерни театар 55 од Сараево во режија на Дино Мустафиќ и „Самрак на боговите“ на Београдско драмско позориште во режија на неодамна починатиот режисер Јагош Марковиќ.

Со претставата „Отело“, пак, театарот „Улисис“ од Хрватска го затвора фестивалот „Рута“ в недела (8 октомври). Режијата е на украинската режисерка Оксана Дмитрова, а поделбата на улогите, освен на актерите на Улисис, е направена и со членовите на Сараевски ратни театар од Сараево.

Tags: РадоичиќСрбија
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ