• Latest

Костадиновска-Стојчевска: Гостувањето на Малкович е гест кој силно го обележува годинашното „Охридско лето“

July 25, 2023
Фото: МИА

Евроинтеграции: Проширувањето добива нова динамика, Македонија сè уште чека отворање на првиот кластер

July 15, 2026
Илустрација: ВИ

Нетранспарентен процес, без јавна дебата: Правото на глас и Изборниот законик – играчка во рацете на моќните

July 15, 2026
Фото: МИА архива

Изборниот законик останува заглавен: ЕУ и дијаспората во центарот на партиските судири за изборните реформи

July 15, 2026

Генерален ремонт на Изборниот законик (2)

July 15, 2026

Украина отвори нов преговарачки кластер со ЕУ: и во услови на брутална руска агресија, Кијив сигурно напредува кон членство

July 14, 2026

Коалицијата на волните формира антиракетен штит; Северна Македонија примена во отсуство; прорускиот Радев го повлече членството на Бугарија

July 14, 2026
Премиерот Христијан Мицкоски, седница во Собранието за реконструкција на владата, 13 јули 2026 (фото извор: Влада)

Скандалозна реконструкција на Владата: Навредите на Стоиљковиќ – мрачен потсетник за состојбата на политичката култура и демократијата во земјата

July 14, 2026
Џелал Хоџиќ

Џелал Хоџиќ за ЦИВИЛ МЕДИА: Сеќавањето на Сребреница е цивилизациска обврска – последната фаза од геноцидот е неговото негирање

July 14, 2026

Случај „Мазут“: На што се жали ЕСМ ако претходно „им симнувале капа“ на РКМ?

July 13, 2026
Андриј Сибига

Украина бара меѓународен механизам за враќање на цивилните заложници: Русија спроведува системска политика на киднапирање и тортура

July 13, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home КУЛТУРА

Костадиновска-Стојчевска: Гостувањето на Малкович е гест кој силно го обележува годинашното „Охридско лето“

July 25, 2023 15:17
in ВЕСТИ, КУЛТУРА
Share on FacebookShare on Twitter

Во рамките на 63. издание на фестивалот „Охридско лето“, утревечер на сцената на Античкиот театар ќе биде изведена претставата „Пеколна комедија – исповедта на еден сериски убиец“, која, за првпат на реномираниот фестивал и во нашата држава, го носи светски познатиот холивудски актер, режисер и продуцент Џон Малкович.

Гостувањето на претставата, која е во режија на Михаел Штруминген, е дел од европската турнеја. Настапуваат и солистите Чен Реис и Сузан Лангбеј, како и Оркестарот на Виенската академија под диригентската палка на Мартин Хаселбок.

Министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска на денешната прес-конференција во Охрид, заедно со Џон Малкович и раководството на фестивалот „Охридско лето“, истакна дека честа е огромна што почитуваниот Џон Гавин Малкович, добро познато име на светската публика, ќе ја испише фестивалската историја на најголемите ѕвезди кои заблескале на „Охридско лето“ – еден од петте најелитни европски фестивали.

Костадиновска-Стојчевска му посака добредојде на холивудскиот актер, режисер и продуцент Малкович во нашиот бисер на Балканот, Охрид, и додаде дека неговото гостување претставува вистинска реткост, изразувајќи му голема благодарност за поддршката што ја дава на 63. издание на „Охридско лето“.

− Ми причинува задоволство што по гостувањата на светски познатиот композитор Енио Мориконе, неповторливиот Хозе Карерас, славната Џеси Норман, маестро Зубин Мехта, белгискиот челист Миша Мајски, славниот диригент и композитор Кшиштов Пендерецки, Елена Мошуц, Иво Погорелиќ, Стефан Миленковиќ и ред други славни имиња, и американскиот актер Џон Малкович ќе влезе во низата најексклузивни уметници кои настапиле на грандиозната сцена на Античкиот театар. Тој, со својата драмска уметничка вредност прикажана во театарската претстава „Пеколна комедија – исповедта на еден сериски убиец“, ќе остави траен белег на нашата најеминентна културно-сценска манифестација− потенцира Костадиновска-Стојчевска.

Министерката за култура се заблагодари и на Амбасадата на САД во Република Северна Македонија за поддршката и соработката како стратешки партнер на нашата земја, со кого имаме завидни резултати во областа на културата.

Костадиновска-Стојчевска додаде дека гостувањето на светски реномираниот актер Малкович е гест кој силно го обележува годинашното „Охридско лето“, а на македонската јавност и на гостите во Охрид им нуди ретка можност да го проследат настапот на еден од водечките актери со многубројни остварени улоги и две номинации за „Оскар“.

Директорката на „Охридско лето“, Наташа Поповиќ, посочи дека годинешново фестивалско издание ќе остане запаметено по најгламурозната оперска дива, Анџела Георгиу, која приреди незаборавен концерт на свеченото отворање, но и по славниот американскиот актер, продуцент и режисер Џон Малкович кој првпат настапува во Македонија. Токму за утрешниот настан, како што посочи Поповиќ, се направени многубројни резервации од целиот регион, но и од Бразил, Холандија, Франција, САД и од многу други земји.

Малкович, пред новинарите во Охрид, ја опиша соработката со диригентот Мартин Хаселбок и со Виенската академија, и, како што кажа, сакале да претстават некоја австриска приказна. Тој додаде дека ја сака оваа претстава бидејќи ги поврзува театарот и глумата со класичната музика и на иновативен начин ја привлекува публиката.

Селекторката на драмската програма, Сања Арсовска, изрази задоволство што го имаме еден од најголемите актери во времето во кое живееме.

– Сите го познаваме, пред сѐ, од неговата филмска кариера иако неговите почетоци во актерството се во театарска компанија во Чикаго. Малкович е еден од ретките актери во Холивуд кој сѐ уште има допир со театарската уметност“, рече Арсовска. Таа додаде дека оваа претстава својата драматуршка структура и емотивна архитектура ја гради врз две спротивности, а тоа се комедијата и психолошката драма.

Tags: Костадиновска СтојчевскаОхридско летоЏон Малкович
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ