Ѓоко Котевски си поднесе оставка од функцијата директор на затворот во Шутка. Оставката ќе биде предадена, онака како што побара премиерот Зоран Заев, во понеделник, кога ќе се достави и извештајот од истрагата за инцидентот.
Котевски не соопшти детали од извештајот, но остана на ставот дека инцнденотт бил вербално предизвикан од притоврените Миле Јанакиевски и Спиро Ристовски.
Откако одговорност и оставка побараа Заев и Дескоска, се јавија и ВМРО-ДПМНЕ кои вела дека тука не треба да се застане туку да се бара одговорност од инспираторите и нарачателите, како што велат за физичкиот напад врз Јанакиевски и Ристовски.
Б. Ј.