• Latest

Коциќ: Сакаме да видиме дали, кога и од чија страна биле направени евентуални злоупотреби на онкологија

October 5, 2023

Се нашла крава која не дава млеко на сточен пазар

November 11, 2026

Скопје добива нов план за воздухот до 2031 година – клучно прашање е кој ќе го спроведува

November 11, 2026

Аферата „Алта банка“: Дали Мацура ќе проговори за газдите на парите и кој ја отвори вратата во Скопје?

November 11, 2026
Албин Курти (фото извор: ФБ страница на Албин Курти)

Курти бара промена на српската политика кон Косово по изборната победа на студентите

November 11, 2026
Абу Даби преговори за Украина, 10 ноември 2026 (CBS News screenshot)

Преговорите за Украина во Абу Даби: Главните прашања и изгледите за договор

November 11, 2026
Фото: веб страна на НАТО

Дронови над Балтикот: Латвија и Литванија активираа воздушна одбрана, НАТО активираше борбени авиони

November 11, 2026
Фридрих Мерц, 31 декември 2025 (скриншот од видеото објавено на официјалната веб страница на Канцеларот)

Мерц бара сите членки на ЕУ да учествуваат во финансирањето на Украина

November 10, 2026
Фотографија: Министерство за здравство

КОП31: Климатските промени се закана за здравјето, Северна Македонија се соочува со зголемен ризик од заразни болести

November 10, 2026
Фото: ВИ

Правосудниот испит на албански јазик ја тресе Владата – мириса ли на предвремени избори?

November 10, 2026
Зеленски - Трамп во Овалната соба, 28 јули 2026

Преговори во Абу Даби – Трамп зборува за „конечен крај“ на војната во Украина, Европа бара да биде дел од процесот

November 10, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ЗДРАВСТВО

Коциќ: Сакаме да видиме дали, кога и од чија страна биле направени евентуални злоупотреби на онкологија

October 5, 2023 14:32
in ВЕСТИ, ЗДРАВСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Пратеникот од СДСМ Ненад Коциќ денеска изјави дека тој и неговата пратеничка група се најзаинтересирани да видат дали, кога и од чија страна биле направени евентуални злоупотреби со терапија на Клиниката за онкологија.

– Денеска практично почнува со работа Анкетната комисија за случувањата на Клиниката за онкологија. По предлог на опозицијата прифативме активно да учествуваме во работата на оваа комисија. Јасно сакам да кажам дека сме најзаинтересирани да се открие дали постои евентуална одговорност кај функционери во случувањата на Клиниката за онкологија. Апсолутно застануваме против злоупотребата на народните пари што оваа Влада ги одвоила за биолошка терапија и сме заинтересирани да видиме дали, кога и од чија страна со име и презиме биле направени евентуални злоупотреби со истата терапија, рече Коциќ. ѓ

 

Фото: ЦИВИЛ

Здравјето и животот на граѓаните, како што вели, е пред се и над се, и доколку кој било се дрзнал да ја злоупотреби својата функција, довербата и парите со коишто се обезбедила оваа терапија, тогаш треба јасно да се каже во јавноста дека тој некој или таа некоја, тоа го направиле.

-Мојата забелешка за време на координацијата беше дека не треба да го ограничуваме времето, со оглед на информациите дека постоеле индиции и пријави до Основното јавно обвинителство, уште пред десетина години, за наводни злоупотреби. Би требало како одговорна Анкетна комисија да разгледаме дали тоа некој ги криел предметите во фиока и друга злоупотреба со што не излегла виделината на површина, рече Коциќ.

Нагласува дека тие ќе работат професионално и без политизирање и дека како пратеничка група сакаат да покажат одговорност, но и да побараат одговорност од луѓето кои извршувале функција, без разлика дали се работи во државни органи или во областа на здравството.

Коциќ рече дека исто така, нивната работа би требало да испрати порака дека не смеат да се злоупотребуваат функциите или положбата, притоа нарушувајќи ги законите и уште полошо, нарушувајќи го здравјето или животот на нашите сограѓани.

Фото: ЦИВИЛ

–  Тоа што било обезбедено за лекување на пациентите, треба да биде искористено во интерес на нивното здравје и живот. Не прифаќаме кој било да биде оцрнуван без потреба, застанувам во одбрана на чесните лекари, на чесните функционери, меѓутоа кој било што злоупотребил функција или положба, без разлика како се вика и од која политичка партија доаѓа, треба да биде таргетиран, смета Коциќ.

Друг член на комисијата, Арбен Зибери од ДУИ, во изјава за медиумите рече дека се очекува политичките партии да не гледаат да добијат политички поени, бидејќи се работи за здравјето на луѓето, па како што нагласи, би било најсоодветно сите да придонесеме да се најдат, ако постојат, виновници.

Tags: комисијаонкологија
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ