• Latest

Ковачевски – Џафери: Приоритети на преодната влада се фер и демократски избори, функционалност и соработка во служба на граѓаните

January 29, 2024

Од Матрикс до агентската ВИ: Кога софтверот престанува само да одговара и почнува да дејствува

August 30, 2026

Ако нема штета, нема загадување и нема докази – што всушност остана од случајот „Мазут“?

August 30, 2026
Избирачко место во Исланд (фото извор: скриншот од видео на социјалните мрежи)

Исланд го отфрли враќањето на преговорите со ЕУ, „не“ води со 52,5 отсто наспроти 47,5 отсто „за“

August 30, 2026

ЦИВИЛ: Глорификацијата на Ратко Младиќ е напад врз жртвите, вистината и демократскиот поредок

August 30, 2026
Кијивска област, 29 август 2026 (извор: ДСНС)

Руски терор врз Украина: Најмалку 37 загинати и голем број ранети во Кијивска област, 30 часа непрекинат напад врз цивилите

August 29, 2026
Седиште на ВМРО-ДПМНЕ (фото Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

До каде се реакциите на ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ за четничкото дивеење на ДПСМ – или – колку е голема бруката?

August 29, 2026
Рејкјавик (фото извор: hiticeland.com)

Исланд на референдум за обнова на преговорите за членство во ЕУ – што е исто, а што различно од Западен Балкан?

August 29, 2026

Почна втората сезона на Eyes on Democracy: Украина и иднината на Европа (ВИДЕО)

August 28, 2026

СДА Македонија со остра осуда на величењето на воениот злосторник: Дали партнерите на ДПСМ во власта ја делат истата глорификација на воените злосторства на Ратко Младиќ!?

August 28, 2026

Генералот кој умре и продолжува да живее

August 28, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Ковачевски – Џафери: Приоритети на преодната влада се фер и демократски избори, функционалност и соработка во служба на граѓаните

January 29, 2024 12:32
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Искуството ни покажа дека обединети можеме да го изодиме вистинскиот пат и да се постигнат сите цели, базирани на вредности и принципи. Денес е друго време, денес не е време на поделби, денес е време на заедништво. Проевропската владина коалиција на која се темели и новата Влада, покажа и докажа дека има и политичка волја и човечки капацитети да одговори на сите предизвици и одговорности.

Организиравме и неколку изборни цисклуси оценети и дома и од меѓународната заедница како слободни фер и демократски и знам дека така ќе биде и на претстојните избори, истакна на денешната заедничка прес конференција по примопредавање на функцијата досегашниот претседател на Владата, Димитар Ковачевски со претседателот на преодната Влада, Талат Џафери.

-Со досегашната и идната работа, во 2030 година Северна Македонија треба да стане земја членка на ЕУ. Сето ова следува по остварената повеќедецениска стратешка цел – членството во НАТО со која обезбедивме мир и стабилност и сигурна иднина за нашите деца. Денес сме препознаени како фактор на стабилност во регионот. Проевропската владина коалиција на која се темели и новата Влада, покажа и докажа дека има и политичка волја и човечки капацитети да одговори на сите предизвици и одговорности. Воедно покажавме политичка зрелост и докажавме коалициски капацитети кои се неопходнио за една Влада да биде стабилна и функционална. Организиравме и неколку изборни цисклуси оценети и дома и од меѓународната заедница како слободни фер и демократски и знам дека така ќе биде и на претстојните избори, рече Ковачевски.

Тој подвлече дека денес е време за меѓусебна поддршка за заедничка работа, како и за државен одоговор колку брзо ќе се движиме кон ЕУ.

-Искуството ни покажа дека обединети можеме да го изодиме правиот и вистинскиот пат и да се постигнат сите цели, базирани на вредности и принципи. Денес е друго време, денес не е време на поделби, денес е време на заедништво, денес е подобро време, време во кое се слушаат аргументите, време во кое заробеното минато е историја, кога никој не треба да шепоти и да се крие за да го каже своет мислење,. Денес е време во кое како никогаш досега се зависи од нас самите, дома, бидејќи обезбедивме многу пријатели и сојузници во регионот и светот. Денес е време за оптимизам, вербв и за самодоверба. Денес е време за меѓусебна поддршка за заедничка работа, за државен одоговор, а не за дали туку колку брзо ќе се движиме кон ЕУ. Европската коалиција и во оваа Влада ќе биде столб на европската сегашност и на европската иднина на сите граѓани. Во тоа име и дадовме рака и бараме поддршка од сите прогресивни сили за да се продолжи на тој европски пат за да биде подобро за сите, а пред се младите и идни генерации, нагласи Ковачевски.

Заблагодарувајќи се за досегашната поддршкака од неговиот кабинет на министри во неговиот мандат од две години и речиси еден месец, му посака среќа и успех на новиот претседател на Владата за успешно справување со предизвиците.

Премиерот на преодната Влада Талат Џафери порача дека со Ковачевски се согласиле за примарните прашања кои ќе бидат во фокусот на Владата која ќе ја предводи – Уставот и законите ќе бидат основа на која ќе ја базира секоја одлука на Владата, и ќе продолжи со успешно спороведување на политиките на владината коалиција.

-Несомнено дека примарната задача на оваа Влада е подготовката и организирањето на слободни и фер демократски избори во директна отворена и законита процедура и соработка со Собранието на избоприте. Затоа Владата ќе ги спроведе сите законски предуслови со Мисијата на ОБСЕ, ОДИХР, со ДИК, ЕУ и САД ќе ги споведе сите горенаведени оперативни предуслови со цел да се овозможат највисоките европски стандарди во изборната кампања и самите избори со цел да се одржат избори со целосен легитимитет на изборната волја на граѓаните, рече Џафери.

Тој најави одржување и унапредување на стартешкото партнерство со ЕУ, НАТО и САД, како стартешки цели поддржани од независноста на државата, а особено во актуелниот геостратешки момент.

-За Владата одржувањето и промовирањето на партнерството на РСМ во рамките на НАТО сојузот и останувањето доследен на заедничката надворешна и безбедносна политика на ЕУ немаат друга алтернатива. ЕУ интеграцијата и исполнувањето на обврските  кои произлегуваат од започнатите преговори и од билатералниот скрининг, како патоказ за реформите во јавната администрација и поглавјето за владеење на правото со акзискиот план и изготвување на патоказите за функционирањето на демократските изнтитуции се исто така восоко на агендата на Владата, вели меѓу другото Џафери.

Тој уверува дека преодната Влада ќе работи транспаретно и отечно во интерес и благосостојба на граѓаните.

-Без оглед колку ќе трае оваа Влада ве уверувам дека во ниту еден миг нема да отсуствува редовното функционирање, соработка и инклузивност во работата на Владата обезбедувајќи секој сегмент и Министерство да бидат транспарентни, отчетни и над се ефикасни  во служба на граѓаните. Ние може да бидеме од различни провиненции во овој владин состав, но има нешто што не се менува, ние сме таму благодарени на вас, вашиот легитимитет и штитење на вашите интереси, создавање на благосостојба на граѓаните, рече Џафери.

Tags: Ковачевскитехничка владаЏафери
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ