„Денес е голем и историски ден за Република Северна Макеоднија. По тешки 17 години чекање и носење на тешки, важни, значајни, патриотски одлуки денес Северна Македонија ги започнува преговорите за полноправно членство со ЕУ. На овој голем ден вградена е работата и трудот на сите граѓани на државата без разлика на нивната етничка, верска и било каква друга припадност. Вградена е трудот и работата на голем број лидери на државата од нејзиното осамостојување, од првиот претседател Киро ГЛигоров, премиерот Кљусев, преку претседателот Борис Трајковски, Црвенковски, и другите премиери, министри, лидери на државата“, изјави Димитар Ковачевски пред почетокот на првата меѓувладина конференција во Брисел.
„Оваа е резултат на граѓаните кои преку своите пратеници во Собранието ја донесоа оваа одлука и докажавме дека ние сме Европа во мало и којашто цивилизациски, историски и на секој друг начин припаѓа на ЕУ“, додае Ковачевски.