Премиерите на Северна Македонија и Бугарија, Димитар Ковачевски и Кирил Петков, како дел од програмата на официјалната владина посета го посетија државниот универзитет „Св. Климент Охридски“ во Софија.
Највисоки претставници на Универзитетот „Св. Климент Охридски“ и на Економскиот факултет ги запознаа гостите со заедничката програма на Универзитетот Харвард од САД со софискиот државен универзитет на магистерските студии на Економскиот факултет, на која гостин професор е и премиерот на Бугарија.
За време на посетата на универзитетот премиерите Ковачевски и Петков имаа куса средбата и со ректорот проф. д-р Анастас Герџиков, на која меѓу, другото, стана збор и за заедничкиот интерес на двете влади да ја охрабрат комуникацијата и соработката меѓу државните универзитети во Северна Македонија и Бугарија.
Претходно, двајцата премиери положија венци пред Споменикот на непознатиот војник и пред споменикот на Светите браќа Кирил и Методиј.