Владина делегација предводена од премиерот Димитар Ковачевски со највисоки државни почести беше пречекана на официјална церемонија на плоштадот „Св. Александар Невски“, од бугарскиот премиер Кирил Петков.
Премиерот Ковачевски, кој ја предводи владината делегација и неговиот домаќин, бугарскиот премиер Петков, положија венци свежо цвеќе пред Споменикот на непознатиот воин, информира екипата на ЦивилМедиа од Софија.