• Latest

Ковачевски: Имаме прелиберално законодавство во делот на организирањето на невладини организации или здруженија на граѓани

October 15, 2022

Ревизија на Агенцијата за нафтени резерви: Незаконско трошење, невратен мазут и институционални слабости

July 21, 2026
Фото: МИА

Трамп воведува царини од 50% за канадски производи: Нова ескалација на трговската војна меѓу САД и Канада

July 21, 2026

Обвинителството отвори истрага: Тројца од „Комуналец“ осомничени за загадувањето на водата во Гостивар

July 21, 2026

Воздушните тревоги ги бојат интерактивните мапи на Украина во црвено – рускиот терор продолжува

July 20, 2026
Фото: Влада РСМ

СДСМ бара кривична одговорност за Клековски за епидемијата во Гостивар, Владата порачува дека нема да има селективност

July 20, 2026

Гостивар под клуч на епидемија: Се дистрибуираат по 50 илјади литри пакувана вода дневно

July 20, 2026
Влез во Украина, на пат кон Луцк, 19 јули 2026 година. Фото: Џабир Дерала / ЦИВИЛ

БЕЛЕШКИ ОД УКРАИНА: Виножито над патот кон Луцк

July 19, 2026

Кијив под рекорден руски балистички напад: повеќе од 40 ракети и дронови врз главниот град, Украина бара итна заштита од балистички закани

July 19, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Сите ние сме Благојче

July 19, 2026
Марко Маневски (фото извор: Марколепсија, блог на авторот)

Не прашувам реторички: што правите, бе?

July 19, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Ковачевски: Имаме прелиберално законодавство во делот на организирањето на невладини организации или здруженија на граѓани

October 15, 2022 14:12
in ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Со отворањето клубови кои носат имиња на личности коишто будат негативни чувства кај нашите граѓани, а пред се кај Еврејската заедница сметам дека се повредуваат прво чувствата на македонските граѓани и на ниеден начин не влијаат на подобрување на односите со соседни држави, изјави премиерот Димитар Ковачевски одговарајќи на новинарско прашање по посетата на Општата градска болница во Гостивар.

Oтворањето клубови кои носат имиња на личности коишто будат негативни чувства кај нашите граѓани, а пред се кај Еврејската заедница каде што од една многубројна заедница пред Втората светска војна заради Холокаустот е останата на само неколку претставници, односно потомци на тие коишто успеале да се спасат. Затоа сметам дека оние коишто ставаат такви имиња, а тоа се граѓани на нашата држава, кои ставаат такви називи на своите здруженија ги повредуваат прво чувствата на македонските граѓани и на ниеден начин не влијаат на подобрување на односите со соседни држави, истакна Ковачевски во врска со вчерашната информација дека Комисијата за спречување и заштита од дискриминација утврдила дискриминација по основ на национална и етничка припадност за основањето на здружението Културен центар „Ванчо Михајлов“ – Битола.

Како второ, како што потенцира премиерот, сметам дека ние имаме прелиберално законодавство во делот на организирањето на невладини организации или здруженија на граѓани и организации и затоа, како што посочи, веќе му дадовме наредба на Министерството за правда да подготви нов закон.

Јас им сугерирав да го земат германското законодавство како основа при формулирањето, но исто така веќе има и предлог за промени во Законот којшто е поднесен од група пратеници. Ги поттикнувам пратениците од СДСМ да учествуваат во расправата на Комисијата, исто така, таму да присуствува и Министерството за правда, но да бидат повикани и претставниците на Еврејската заедница во државата, нормално претставници и на Европската делегација бидејќи го усогласуваме нашето законодавство со ЕУ во секој поглед и да се дојде до решение кое што ќе оневозможи да се формираат организации коишто ќе ги нарушуваат чувствата на нашите граѓани и истовремено ќе ги нарушуваат односите со соседни држави, изјави Ковачевски.

Премиерот истакна дека пропишани се согласно Закон и роковите и се знае точно кои институции што треба да направат во тие рокови.

– Доколку некој нешто не направи тогаш во државата постојат институции коишто се задолжени за да го следат и да го санкционираат непостапувањето и непримената на закони на територијата на нашата држава. Владата не може да биде ниту обвинителство, ниту судство. За тоа постојат институции, рече Ковачевски.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ