• Latest

Ковачевски: Инцидентот во Охрид има за цел да го одвлече вниманието од нашата европска иднина

January 23, 2023
Кијив, 21-22 октомври 2026 (ДСНС)

Ракети врз Кијив, оштетени амбулантни возила: Рускиот „хуманизам“ во нов бран терор врз Украина

October 22, 2026

МПЦ-ОА испраќа официјална делегација во Москва, патувањето е координирано со државните институции

October 22, 2026

Седум тони марихуана што ја минаа границата со Србија останаа практично без ефективни обвиненија

October 22, 2026
Прес конференција на СДСМ пред Уставен суд, 16 декември 2025

Уставниот суд ја отфрли иницијативата за Резолуцијата за миграцијата – СДСМ ја поврза одлуката со најавите за странски работници

October 22, 2026

ЗАТРУПАНО СУДСТВО: Судовите завршиле 540 илјади предмети, но над 134 илјади останале нерешени

October 22, 2026

АИ откри сериозни безбедносни пропусти, веб-страници ширум светот привремено исклучени

October 22, 2026
Протести во Грција, 21 октомври 2026(Фото: Скриншот од видео на АП)

Протести во Грција: Илјадници студенти и наставници на улица за подобри училишта, поевтино студентско домување и повисоки плати

October 22, 2026
Марко Маневски (фото извор: Марколепсија, блог на авторот)

Истата работа боли на дваесет јазици

October 22, 2026
MK: Полициски палки врз новинари, Данска, октомври 2026 година (Фото: скриншот од видео на TRT)

Полициско насилство врз новинари во Копенхаген – бурни реакции

October 22, 2026

Нови проблеми за семејните буџети: МЕПСО бара 98% поскапа тарифа за струја, парното пред нова корекција

October 21, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Ковачевски: Инцидентот во Охрид има за цел да го одвлече вниманието од нашата европска иднина

January 23, 2023 14:55
in ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Не оправдувам насилство од каков било тип и секогаш го осудувам и ќе го осудувам, исто како, што ќе ја осудам и ќе се спротивставам на секоја провокација која доаѓа од внатре или од надвор, а која што ги повредува чувствата на Македонците и која што буди немир помеѓу нашите граѓани и за мене такви провокации се недозволиви, изјави денеска премиерот Димитар Ковачевски во одговор на новинарски прашања поврзани со минатонеделниот инцидент во Охрид.

Тој повика на смиреност и разум, но порача и дека не треба да бидеме наивни, бидејќи, според него, ова е класична дистракција на еден навистина перфиден начин за да се одвлече вниманието од нашата европска иднина.

– Сето ова што се случува има импликации, затоа што ова не е натпревар кога играат Пелистер и Вардар или МЗТ и Работнички, ова за што ние денес зборуваме е нашата иднина. Јас летово не седев и не преговарав во Брисел со 27 земји членки на ЕУ со едно горко чувство, како што го делеа и нашите сограѓани, особено Македонците во однос на целиот јавен наратив и целата хистерија која што беше направена во нашето општество преку провокации кои доаѓаа од внатре и од надвор и кога заедно со моите колеги носев одлука за европската иднина на нашата држава, на нашите сегашни и на нашите идни генерации, за да сега стоиме тука и да гледаме како безмилосно направено насилство влијае врз сето она кое што е сработено и кое што се случува во државата преку овие насилства, практично ја киднапира нашата меѓународна и европска политика, потенцира Ковачевски.

Премиерот нагласи дека нема да дозволи државата „да се одвои од европскиот пат“, па и затоа ќе инсистира овој проблем да се реши на најбрз можен начин, затоа што ние треба да продолжиме кон ЕУ.

– Најважно е што тие коишто ги иницирале настаните од минатата недела и настаните коишто претходеа претходно не сакаат да ја видат Македонија во ЕУ, додаде Ковачевски.

Тој апелираше до опозициската ВМРО-ДПМНЕ да се преиспита, бидејќи, како што рече, има голем број информации дека настаните коишто се случија минатиот викенд и настаните коишто се случуваа претходно, се поврзани со нејзини членови и симпатизери.

– И затоа велам дека преку вакви активности нашата најголема опозициона партија се повеќе наликува на продолжена рака на Левица. Нам не ни треба тоа што тие го продаваат. Јас велам дека постојат два концепти. Едниот концепт е концептот за европска Македонија, вториот концепт е концепт на бесмислен национализам, којшто замина од оваа држава заедно со нивниот вистински лидер. Од друга страна, јас ќе дадам се од себе, ќе инсистирам на брза и ефикасна институционална реализација на секој чекор и денес и понатаму затоа што ние едноставно мора да се задржиме на нашиот европски пат и целосна интеграција на Северна Македонија во ЕУ заради сегашните и заради идните генерации, потенцира Ковачевски.

Тој изрази задоволство што институциите реагираат брзо по инцидентот во Охрид и што МВР успеа веднаш да ги пронајде напаѓачите и да постапи соодветно во овој случај.

-Верувам дека брзо ќе биде расчистен целиот случај и дека по истиот согласно со пријавите ќе постапува и ОЈО, кое има надлежност во однос на овој случај, истакна Ковачевски.

Tags: бугарскиот клуб Цар Борис ТретиинцидентКовачевскиОхрид
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ