• Latest

Ковачевски лично ја достави оставката до Собранието, попладнево се очекува оставката од претседателот на Собранието

January 25, 2024

Почна втората сезона на Eyes on Democracy: Украина и иднината на Европа (ВИДЕО)

August 28, 2026

СДА Македонија со остра осуда на величењето на воениот злосторник: Дали партнерите на ДПСМ во власта ја делат истата глорификација на воените злосторства на Ратко Младиќ!?

August 28, 2026

Генералот кој умре и продолжува да живее

August 28, 2026
Злосторникот и соучесниците

Смртта на Ратко Младиќ: Крај за еден воен злосторник, но не и за негирањето на вистината

August 28, 2026
Војо Маневски (фото: ЦИВИЛ)

Статистиката не е економска политика, гласање ќе има, ама ќе нема избирање

August 28, 2026

ГРАЃАНСКИ ФОРУМ: Ние прашуваме, тие бегаат од одговори – која е вашата порака до политичарите денеска?

August 28, 2026
Преземено од Unsplash

Компанијата Мета се спогоди за скоро 18 милијарди долари по тужбите дека ги „заробувала“ децата на социјалните мрежи

August 27, 2026
Фотографија: Википедиа

Дрон со експлозив меѓу лежалки и чадори: руската агресија против Украина сè поблиску до романското крајбрежје

August 27, 2026
Украина, Сумска област, 27 август 2026 (фото извор: ДСНС)

Ден 1646, руски терор врз цивилите во Украина: Нападнати Кијив и Одеса – оштетени училишта, здравствена установа и станбени објекти

August 27, 2026
Скриншот од видео на Би-би-си

Катастрофални поплави на Хималаите: најмалку 165 загинати, речиси 1.500 исчезнати

August 27, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Ковачевски лично ја достави оставката до Собранието, попладнево се очекува оставката од претседателот на Собранието

January 25, 2024 12:11
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Премиерот Димитар Ковачевски претпладнево лично ја достави во Собранието неговата оставка, со што во оставка е целата Влада до изборот на техничката влада во недела на 28 јануари.

Премиерот Ковачевски имаше куса изјава за медиумите пред Собранието во која ги посочи според него  најголемите достигнувања во мандатот на оваа Влада, а за техничкиот премиер Талат Џафери рече дека е искусен политичар кој има големо искуство во водењето на Парламентот и оцени дека стилот ќе биде различен, но дека државата ќе го задржи својот стратешки правец.

– Имавме неформална средба со министрите на која што им се заблагодарив за напорната работа во овие изминати две години. Денеска, како што кажав, ќе го направам тоа што е според закон предвиден. Мојата оставка е потпишана, сега ќе ја однесам во архивата. Ќе се видиме со претседателот на Собранието, ќе му посакам успешна процедура до недела, а потоа и успешен негов избор за технички премиер, рече Ковачевски.

Ковачевски изрази убедување дека на 9 мај тој ќе ја предводи новата Влада.

– Јас дојдов со друго искуство во водење на корпорации, така што, веројатно стилот ќе биде различен, меѓутоа државата секако дека ќе го задржи својот стратешки правец, а тоа е западната ориентација, стратешкото партнерство во САД и техничката влада исто ќе се грижи за граѓаните бидејќи се уште сме во криза така како што ние тоа го правевме во изминатите две години. Ова е нешто што е предвидено според закон, на 9 мај повторно Владата ќе ја предводам јас и ова парламентарно мнозинство кое што ќе обезбеди полноправно членство на Република Северна Македонија во ЕУ до 2030 година, рече Ковачевски.

Кажа дека имал чест и гордост да биде претседател на Влада.

-Јас имам кажано многу пати пред медиумите дека ниеден човек не се родил ниту да биде претседател, ниту да биде пратеник, ниту да биде градоначалник, тоа е нешто што му припаѓа како чест во текот на неговата професионална кариера. Јас ја имав таа одговорност и таа чест да ја водам Владата во едно исклучително време, во време на многу и меѓународни турбуленции, меѓутоа пред се на економски турбуленции предизвикани од војната во Украина. Сметам дека се грижевме за сите. Сметам дека обезбедивме се она што беше да ги задржиме работните места, да ја задржиме ликвидноста на компаниите и да обезбедиме приходи на најранливите категории на граѓани преку најголемите пакети на антикризни мерки коишто која било земја во регионот ги направи. Не дозволивме ценовен шок, не дозволивме рестрикции на електрична енергија. Не дозволивме енормно покачување на цените на нафтените деривати. Ја намаливме инфлацијата за шест пати од 20 на 3,5 проценти и сметам дека, како што кажав, сите министри во Владата, замениците-министри, службите коишто работат во сите институции треба да бидат горди на тоа што го направија за својата држава во изминатите две години, рече Ковачевски.

Според вчерашните најави на претседателот на Собранието, тој откако ќе ја прими оставката на Ковачевски, ќе го информира претседателот на државата Стево Пендаровски за тоа, а потоа во текот на денот и тој ќе поднесе оставка. Од неговиот Кабинет најавија дека со соопштение ќе информираат за следните чекори.

Оставката на Ковачевски е првиот формално-правен чекор кон формирање на техничка влада што треба да биде избрана на 28 јануари.

Tags: Ковачевскиоставкатехничка влада
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ