• Latest

Ковачевски: Младите се движечка сила во државата која ги предводи развојните процеси

May 16, 2022
Фото: Твитер

Започнува масовното производство на украинските беспилотни летала-пресретнувачи „Октопус“

November 15, 2025
Фотоколаж: Скриншот од time.mk и видео на baku.tv

Репетитивното објавување на изјавите на Песков – императив на некои македонски медиуми

November 15, 2025
Last Crude Oil Tanker at Shell Haven - geograph.org.uk - 605835.jpg Фото: wikimеdia commons

Ројтерс: Иран потврди дека е запленет танкер со петрохемиски товар

November 15, 2025
Фото: Скриншот од видео на ВВС

Американската војска планира поделена Газа со „зелена зона“ обезбедена од меѓународни и израелски трупи

November 15, 2025

Град Скопје воведува нов режим за изнесување отпад: ноќна забрана и казни до 50 евра

November 15, 2025
Фото: Ј. Ѓорѓиоски. Фронтлајн

„Марш за ангелите“ денеска во 12:05 во Скопје

November 15, 2025
Креирано со помош на ВИ

Судството под меѓународна лупа – меѓу критики и политичка одбрана

November 15, 2025

Поранешниот министер за правда Кренар Лога се повлекува од партиските функции во АА

November 14, 2025
Foto: Wikimedia Commons

ОН: Само во октомври повеќе од 260 напади врз Палестинци во Западен Брег

November 14, 2025
Американските воздушни сили, USAF (Photo by Hans Dorries on Unsplash)

САД одобрија продажба на воени авиони и делови на Тајван во вредност од 330 милиони долари

November 14, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Ковачевски: Младите се движечка сила во државата која ги предводи развојните процеси

May 16, 2022 14:05
in ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter
Премиерот Димитар Ковачевски учествуваше и на панел дискусијата што се одржа во рамките на презентацијата и промоцијата на истражувањето „Социо-политичкото учество на младите“ во организација на Фондацијата за демократија Вестминстер и ТИМ институтот, информираат од прес службата на Владата.

Премиерот Ковачевски се надоврза на дискусијата што по повод резултатите од истражувањето ја иницираа претседателот на Средношколскиот сојуз Лука Павичевиќ, Рита Бехадини, новинарка и претседателка на Центар за еднакви можности Бубамара и Дениз Селмани програмски менаџер на Ромалитико, и истакна дека Владата со политиките за инклузивност продолжува со отворање на можности за учество на младите во секторите кои имаат највисок импакт во БДП и економскиот раст на државата како што се ИТ индустријата, дигитализацијата и енергетиката, особено во делот на изградба и на ставање во функција на капацитети од обновливи извори на енергија.

Овие приоритети, со најголемо учество на младите, истакна премиерот Ковачевски, ги надоместуваат последиците од дисконтинуитетот на развојот на нашата држава, која од екстензивната економија која доминираше до независноста, направи сериозна транзиција кон економија заснована на модерните технологии во која доминантно место имаат младите.

Претседателот на Владата Димитар Ковачевски во делот на дебатата на конференцијата „Социо-политичкото учество на младите“, на која се презентираа резултатите од истражувањето „Социо-политичкото учество на младите“, нагласи дека Владата продолжува со политиките на охрабрување на младите за да учествуваат во процесите за развој на нашата држава бидејќи тие во изминатиот период учествуваа во унапредувањето на државата и тие да останат да ги предводат овие процеси.

Во таа насока, на иницијатива на Владата започна подготовката за изработка на нов Закон за средното образование кој треба да го замени постојниот, кој постои веќе 20 години и кој не ги има предвид брзиот развој на општествата, особено во делот на учеството на новите дигитални технологии што во најголем дел ги засегаат младите, нагласи Ковачевски

Премиерот Ковачевски порача дека целта на Владата е ја да зголемува довербата на младите и тие самите да учествуваат во креирање на извесна и сигурна иднина со реализација на таргетирани политики за зголемување на младинската вработеност и за општество во кое младите ќе препознаат заедница за подобар живот за сите.

Владата има демократски капацитет, младите се вклучени во креирањето на сите политики поврзани со нив  
„Убаво е кога имаме можност да го слушнеме гласот на новите генерации. За нас како Влада е многу важно отворено да зборуваме за барањата, сугестии и иницијативите на младите. Токму овој инпут, што како претставници на институциите го добиваме директно од вас младите, ни дава можност да бидеме се подобри и попрецизни во исполнувањето на вашите очекувања. Тоа е вашиот придонес за креирањето на политики кои се однесуваат на сегашните и на идните генерации“, рече премиерот Ковачевски во обраќањето на настанот „Социо-политичко учество на младите“
Премиерот Ковачевски истакна дека Владата има слух и демократски капацитет и развива системски пристап во решавањето на проблемите со кои се соочуваат младите. Меѓу овие постигнувања се: посебниот Закон за младинско учество и младински политики, Оперативниот план за активни програми и мерки за вработување, Гаранцијата за млади, преку донесувањето и имплементацијата на Законот за практиканство, но и Законот за младински додаток. Овие законски решенија Владата покажа дека благосостојбата на младите и нивното учество во општествениот живот и во креирањето на политиките се врвен приоритет.

Премиерот посочи дека токму како резултат на системските решенија од 43,2% во 2015 година невработеноста на младите сега е намалена на 28,3%. Во континуиран дијалог со студентите и средношколците се донесени мерки со кои се јакне студентскиот и ученичкиот стандард. Во моментот над 36.000 студенти користат субвенциониран студентски оброк во износ од околу 3.000 денари месечно, а за речиси два пати ги зголемивме студентските и ученички стипендии и воведовме нови видови стипендии.

„Сето ова го кажувам единствено како поттик за сите нас заедно да работиме уште повеќе и посериозно на сето она што ќе ви овозможи да си ги остварите соништата тука, дома. На сите нам ни е јасно дека за да се случи тоа, треба да се работи и на приоритети како што се владеење на право, економска и социјална стабилност, еднакви можности за сите и здрава животна средина. Стојам на девизата дека само младите знаат што е најдобро за нив и затоа и понатаму остануваме ваши сојузници и партнери во креирањето општество во кое ќе има место за сите да си го остварат целосниот потенцијал“, рече премиерот Ковачевски.
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Скриншот од видео на ДИК

    Локалните избори 2025 се официјално и конечно завршени, објави ДИК

    307 shares
    Share 123 Tweet 77
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    121 shares
    Share 48 Tweet 30
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    114 shares
    Share 46 Tweet 29
  • Богати странци плаќале по 80.000 фунти за „сафари викенд“ за да убиваат цивили за време на опсадата на Сараево

    102 shares
    Share 41 Tweet 26
  • Локалните избори во Косово Избори без апсолутен победник, но со пораки за партиите

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ