• Latest

Ковачевски на Колумбија Универзитетот: Диверзификацијата на изворите за снабдување со енергенси клучна за енергетската независност

September 22, 2022

Помалку празници, повеќе продуктивност – а плата?

October 6, 2026

Атлантската океанска циркулација слабее: Европа се подготвува за климатски ризик со системски последици

October 6, 2026
Илустрација ВИ

Изборниот законик во лимбо – ЦИВИЛ предлага конкретни решенија со години

October 6, 2026
Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Гостување со релативизирање

October 6, 2026
Приштина, 5 октомври 2026 (фото: JO NË EMRIN TIM)

Косово во политичка криза: Судири со полицијата во Приштина, неизвесен изборот на претседател

October 6, 2026

(ВИДЕО) Мицкоски против Мицкоски: Од „не сум задоволен“ до „опозицијата и медиумите ја искривуваат вистината“

October 5, 2026
Христијан Мицкоски, 2 октомври 2026 (фото: ФБ / Х. Мицкоски)

Мицкоски уште на старт го постави дијалогот со Софија на стаклени нозе

October 5, 2026

Борба за власт и тест за демократијата – со кои ризици се соочува предизборна Србија

October 5, 2026
Град што се обновува и живее (илустрација генерирана со вештачка интелигенција, ChatGPT/OpenAI)

Градот може да биде дом, но како?

October 5, 2026

Изборите во БиХ ја потврдија поларизацијата: Додик останува фактор на нестабилност, европскиот пат неизвесен

October 5, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ФОРУМ ИЗЈАВИ

Ковачевски на Колумбија Универзитетот: Диверзификацијата на изворите за снабдување со енергенси клучна за енергетската независност

Ковачевски, во дискусија со студентите на Колумбија Универзитетот говореше и за иницијативата „Отворен Балкан“ која ја оцени како органска иницијатива односно економски сојуз на Србија, Албанија и Република Северна Македонија, изграден врз европските принципи за слободно движење на стоки, капитал, услуги и луѓе.

September 22, 2022 10:21
in ВЕСТИ, ЕКОНОМИЈА, ИЗЈАВИ, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Премиерот Димитар Ковачевски во рамки на предавањето на Колумбија Универзитетот во дискусија со студентите одговори на прашањето за инвестициите во енергетиката, информираат од Владата.

„Започнавме стратешки проекти во државата за градење фотоволтаици. Основен капацитетот кој што ни е потребен во државата е 1,5 гигавати основна енергија, во овој момент ни недостигаат 30%, тоа би било да речеме 500 гигавати. Тој простор сакаме да го пополниме со фотоволтаици и со ветерни турбини, правиме стратешки договори само со германски, американски и француски компании, и тие одат директно во Собранието поради стратешката ориентација на државата. Но, овие извори кои што ви ги спомнав нема да ја дадат основната енергија, тие обично доаѓаат од 24/7 извори и затоа дискутираме за ко-геративни електрани со гас кои што требат да се изградат на територијата на Северна Македонија и хидроелектрични централи кои што ќе се изградат токму со државите кои што ни се стратешки партнери”, рече Ковачевски.

Премиерот Ковачевски додаде дека регионалната поврзаност е од голема важност при изградба на енергетските капацитети.

„Кога градите основна енергетика не ја градите само за една земја, затоа што ние сме мали држави, тоа треба да бидат регионални проекти и затоа се здружуваме со Грција, со Албанија, со цел да ги изградиме овие основни постројки за енергетика од половина гигават.

Наскоро ќе видите ако ги следите политиките на Европа дека ќе најавуваме проект заедно со премиерот Мицотакис и Премиерот на Бугарија. Второ, во поглед на гасот, не сакаме да се потпираме само на рускиот гас, затоа веќе резервиравме капацитети во Александруполи во Грција каде што ќе има терминал за течен природен гас и ние како земја ќе имаме удел. Веќе започнавме со новиот гасовод кој што ќе оди од југ кон север, од Солун кон Северна Македонија, а веројатно ќе се поврзат и Косово, Србија, Романија, и тоа ќе не снабдува со течен природен гас.
Со овој интерконектор ќе може да се приклучиме на транс-атлантскиот гасовод и ќе добиваме гас од Азербејџан, затоа што нивниот гас е секогаш поевтин и секогаш е посигурен. Практично, ова е  диверзификацијата на изворите во снабдувањето”, рече Ковачевски.
Ковачевски, во дискусија со студентите на Колумбија Универзитетот говореше и за иницијативата „Отворен Балкан“ која ја оцени како органска иницијатива односно економски сојуз на Србија, Албанија и Република Северна Македонија, изграден врз европските принципи за слободно движење на стоки, капитал, услуги и луѓе.

„Ако излезете од Србија кон Унгарија тогаш немате гранични проверки до Скандинавија. Ако одите кон Хрватска запад, немате граници сѐ до Португалија. Ако одите на југ на секои 100 километри имате граница, и тоа создава потешкотии за луѓето, за економиите, за транспортерите за логистиката. Овие граници создаваат само корупција и ништо друго и затоа се залагам за Балкан без граници“, посочи Премиерот.

Во оваа прилика тој потсети на неговата изјава во Солун, во рамки на  иницијативата „Отворен Балкан“ кога ги покани не само Косово, туку и Италија, Грција и Турција во оваа иницијатива.

„Секогаш го канам Косово, затоа што научив дека конфликтот не е начин и дека за отворениот предизвик меѓу Србија и Косово мора да биде изнајдено дипломатско решение. Во овој контекст многу често на ум ми е една мудрост – дека семејство коешто вечера заедно, останува заедно. Затоа мора да седиме на истата маса со нашите соседи. Ако не седиме на истата маса, не комуницираме, ако не комуницираме не можеме да ги решиме проблемите“, истакна Ковачевски.
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ