• Latest

Ковачевски: Намалувањето на цените се почитува и од производителите и од трговците

March 16, 2023

Лажната дилема на лажните либерали и прогресивци

July 1, 2025

24 ЧАСА: Лидерски самит ЕУ-Западен Балкан во Скопје; Трамп му порача на Маск да ја затвори продавницата и да се врати дома во Јужна Африка; национализмот ја надвладеа борбата против корупцијата во Србија; растат тензиите меѓу Баку и Москва 

July 1, 2025

Шекеринска: Време е да инвестираме во мирот и стабилноста

July 1, 2025

СДСМ алармира – нема лекови на Онкологија, Клековски смирува: Скапата биолошка терапија ја има на Онкологија, за двата генерички лека што ги немаат дистрибутерите, има соодветна замена

July 1, 2025

Од Голема блокада до Голема Србија

July 1, 2025
Антивладини протести, Белград, 28 јуни 2025 (фото извор: видео во живо, ТВ Информер)

РЕАКЦИИ: Поддршка за студентите во блокада – време е Вучиќ да падне

July 1, 2025
Фотомонтажа; Скриншот од Влада на РСМ

ПРАШАЊЕ НА ДЕНОТ: Што мислите за работата на владата во текот на првата година?

July 1, 2025

За Кос членството во ЕУ е најдобар начин да се заштити идентитетот, културата и јазикот на Македонците, Мицкоски очекува секаков инженеринг во ЕП

July 1, 2025
Фото: Скринчот од вифро на каналот Астра на Х

Украински дронови „со хируршка прецизност“ нападнаа руска фабрика на 1.300 км оддалеченост, на Крим уништени скапи руски системи за воздушна одбрана 

July 1, 2025

Самит на ЕУ и Западен Балкан: Седумдесет и пет отсто од договорените реформи со земјите од региoнот се или имплементирани или се во тек

July 1, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Ковачевски: Намалувањето на цените се почитува и од производителите и од трговците

Повеќе од 160 инспектори се на терен низ државата, се постапува без никаква селекција, исклучиво според закон и од утрово досега, нема нерегуларности.

March 16, 2023 13:01
in ВЕСТИ, ЕКОНОМИЈА, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Денеска можевме да се увериме дека намалувањето на цените се почитува од производителите и од трговците, и за лебот и за тестенините и за млечните производи, рече премиерот Димитар Ковачевски кој заедно со министерот за економија Крешник Бектеши и директорот на Државниот пазарен инспекторат (ДПИ) Горан Трајковски претпладнево го посети супер маркетот „Рамстор“ во Капиштец.

– Намалувањето на цените на овие производи битно ќе влијае врз џебот на граѓаните. Се покажа дека владините одлуки се исправни. Лично сакам да се уверам дека се почитуваат и применуваат одлуките, колку за тоа имаат слух производителите, добавувачите и трговците. Нема да дозволиме личен профит врз грбот на граѓаните. Очекувам компаниите да имаат разбирање за општото добро. Владата продолжува да го штити стандардот и интересот на граѓаните. Носиме одлуки кои, длабоко сум убеден, ќе го подобрат животот на граѓаните, истакна Ковачевски.

Како што информира Трајковски, повеќе од 160 инспектори се на терен низ државата, се постапува без никаква селекција, исклучиво според закон и од утрово досега, нема нерегуларности.

– Инспекциските служби се на терен и постапуваат со полн капацитет. Од утрово досега нема нерегуларности. Кон крајот на денот или утре ќе бидат соопштени детални информации за евентуални непочитувања, а казните се од 800 до 10 000 евра, потсети директорот на ДПИ.

И министерот Бектеши потврди дека цените се намалени, за 15 отсто на тестенините и за 10 проценти на млечните производи.

фото: принт скрин 

-Имаме прилика да се увериме дека владините одлуки се добри и дека кога се сака, има простор кризата да не биде на грбот на граѓаните. Инспекциите се секојдневно на терен, прават контроли за да не се дозволат штети врз потрошувачите. Ако се утврди дека има дополнителен простор за намалување на цените, ќе ги повикаме на состанок бизнисите и ќе се донесат соодветните одлуки. Најважно е дека уште еднаш се потврдува дека ниту една компанија не прави загуби од владините мерки, а најголема придобивка имаат граѓаните, рече Бектеши.

Тој ги повика стопанските комори, производителите и увозниците да почнат со намалување на цените, имајќи го предвид трендот на намалување на цените на суровините и енергенсите.

-Во тој случај ќе има простор да им излеземе во пресрет со поддршка, за да ја задржат конкурентоста. Општествено одговорни компании треба да бидат поддржани за да се зголеми нивната конкурентност, зошто да не почнат со инвестиции за креирање нови работни места и поголем извоз, истакна министерот.

Одговорајќи на новинарски прашања, тој информира дека до крајот на наредната недела Министерството за економија ќе подготви информација за секој производ и согласно тоа ќе се креираат нови мерки кои ќе следуваат најверојатно во април. Мерките ќе бидат, нагласи, насочени кон стопанството и граѓаните.

Според Бектеши, на дневна база се следат сите случувања на цените, посебно на прехранбените производи.

Премиерот за време на посетата на маркетот купи леб, млеко, сирење, макарони и други видови тестенини.

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Костадинов до Латас: Кога ќе ја чепнеш честа на мојот мртов татко, правдата не се моли. Се зема.

    108 shares
    Share 43 Tweet 27
  • Едногодишен помен

    98 shares
    Share 39 Tweet 25
  • Дијаспората веќе не е „нерезидент“ – Одлука на Уставен што менува правила

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Сервилност или велемајсторски дипломатски потег – дали Руте последен се смее

    90 shares
    Share 36 Tweet 23
  • ПРАШАЊЕ НА ДЕНОТ: Што мислите за настапот на претседателката на Самитот на НАТО?

    89 shares
    Share 36 Tweet 22

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ