• Latest

Ковачевски: Новата енергија во односите со Бугарија донесе голем број на проекти и можности за соработка

January 28, 2022

Лукоил ја прифати понудата на Ганвор Груп за купување на меѓународните средства, ќе добие ли македонската подружница нов газда?

October 30, 2025
Фото: Град Скопје

Арсовска го назначи Александар Јовановски за нов в.д. директор на Комунална хигиена – Скопје

October 30, 2025

ДЕМОКРАТСКИ НАВИГАТОР ВО ТЕТОВО: Од локални гласови до заедничка иднина

October 30, 2025
Тепање на руски војник со повикувачки знак „Фикса“ од 80-тиот тенковски полк на 90-та тенковска дивизија на Централната група. Фотографија: Скриншот од видео разговор со роднини/Верстка

Руските армиски началници мачат и егзекутираат војници кои одбиваат да се борат во Украина, открива истрагата на независниот медиум Верстка

October 30, 2025

Словенечкиот проблем: Кога стравот станува политика

October 30, 2025

Нема втор круг! Изборите во Гостивар, Врапчиште, Маврово и Центар Жупа пропаднаа – ќе се распишат нови!

October 30, 2025
Скриншот од видео на CNN-News18

„Ова беше колеж, а не операција“- фавелата се тресе од најсмртоносниот полициски напад во Рио

October 30, 2025
Фотографија: Скриншот

Аналитичари за укинувањето на санкциите за Додик -„возвратена услуга“ за повлекувањето од функцијата претседател на РС, аналитичарите за укинувањето на санкциите за Додик

October 30, 2025

Нов фронт меѓу Албанците: Таравари и Села се борат за печат, а електоратот бега и апстинира!

October 30, 2025
Скриншот од видео на Firstpost

„Убиваа цивили во нивните кревети“- хаос и бруталност владеат во Судан по падот на Ел Фашер

October 30, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Ковачевски: Новата енергија во односите со Бугарија донесе голем број на проекти и можности за соработка

January 28, 2022 20:59
in ВЕСТИ, ЕКОНОМИЈА, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter
„Новата енергија и динамика на односите со Бугарија, утврдени на нашата прва средба со делегацијата на бугарската влада во Скопје и на возвратната посета на Софија за да ја одржиме заедничката седница, низ работата на првите средби на работните групи стави на масата многу проекти и можности за соработка“, рече премиерот Ковачевски во интервју за Националната радиотелевизија.

„Наместо комуникација која што беше сведена на обвинувања, на говор на омраза, на настапи на пропагандисти, кои не доликуваат на односите меѓу две земји, договоривме многу конкретни иницијативи во кои ќе бидат вклучени стопанските комори, бизнис заедницата за да се зголеми во економијата и во другите области. Поставени се дури и рокови, како на пример да имаме видлив напредок во изградбата на железницата на Коридорот 8 до 2027 година. Тоа е амбициозен, но остварлив план“, истакна претседателот на Владата Ковачевски во интервјуто за јавниот рaдиодифузен сервис.
Тој додаде дека во комбинација со патниот дел од Коридорот 8, и знаејќи дека во Северна Македонија тој се сече со Коридорот 10, се отвораат сериозни перспективи за економијата на двете земји, како и за сите други земји од регионот и заради излезот на двете мориња, Црното и Јадранското море во Албанија.
Премиерот Ковачевски  истакна дека Владата навреме започна да ја следи енергетската криза и веднаш презеде мерки за ублажување на последиците врз граѓаните.
„Уште во првата половина на минатата година го намаливме ДДВ-то на цената на струјата на 5%, и го регулиравме пазарот на мало за снабдување со електрична енергија и затоа немавме ценовен шок како што има во повеќето европски земји“, истакна премиерот Ковачевски.
Паралелно со овие мерки, додаде Ковачевски, во врвот на стратешките инвестиции ги ставивме енергетските проекти и за кратко време во земјата влегоа двете најголеми компании за обновливи извори на енергија, германската ПВД со ветерен парк со најголем капацитет во регионот, и „Акио Енерџи“ од Франција во соларен парк исто така најголем во регионот.
„Тоа ќе ја подобри енергетската слика во државата. На чекор сме до втората фаза на изборот на компанија за изведба на хидроцентралата Чебрен. Во втората фаза имаме 9 конзорциуми, сериозни компании кои претендираат да го реализираат овој Мегапроект. Јас ќе влезам во листата на премиери кои што ја започнале реализацијата на втората фаза на Мегапроектот хидроцентралата Чебрен“, рече во интервјуто на Националната радиотелевизија премиерот Ковачевски.
„Успеавме да го бајпасираме ударот во снабдувањето со електрична и топлинска енергија“, нагласи премиерот Ковачевски, со ставање во функција на сите можни капацитети во земјата кои беа надвор од употреба, како и со преземање на двете топлани и ТЕ-ТО која ги удвои капацитетите за дополнително производство електрична енергија.

„За јазикот и идентитетот ниту се разговара, ниту преговара, ниту ќе се преговара во иднина“, истакна премиерот Ковачевски во интервју за Националната радиотелевизија, и додаде дека во овој момент постојат само работни документи кои се разменуваат со Република Бугарија, а кои ќе бидат објавени кога ќе бидат конечни и кога ќе биде утврдена конечната рамка која ќе претставува пат до финално решавање на спорот кој го имаме со соседната земја.

Тој потврди дека во однос на самите разговори, ние имаме јасно изградени позиции во Собранието на нашата држава коешто е поддржано од сите политички партии и тие позиции се јасни и за Владата и за Собранието, политичките партии и сите граѓани.

„Нашиот јазик е јасно впишан во Обединетите нации, и исто така јасно впишан во документите на ЕУ“, кажа премиерот Ковачевски.

На прашањето за справувањето со здравствената криза, односно пикот на пандемијата, Премиерот Ковачевски истакна дека постојано е во контакт со министерот за здравство Беким Сали и дека постојано заседава Комисијата за заразни болести.

„Овој нов бран коронавирус кој што е сега мешавина на делта сојот и на омикрон, потврди уште еднаш дека е потребно повисоко ниво на вакцинација и повисоко ниво на придржување кон мерките за заштита, за дистанцирање. Јас никогаш не сум сакал да бидам советник и да делам совети на нашите граѓани, меѓутоа сите светски анализи покажуваат дека таму каде што нивото на вакцинација е повисоко, стапката на заразување е помала, но дури и кога стапката на заразување е поголема, смртноста е помала“, истакна премиерот.

Подвлекувајќи дека никако не е приврзаник на мерки на присила, туку на мерки на советување, учење, прифаќање врз основа на факти, тој додаде дека граѓаните треба да ја прифатат одговорноста за вакцинирање не само поради нив самите, туку и поради луѓето околу нив и целото општество.

„Ова е решение и одговорност на граѓаните и кон индустријата, и трговијата. Бидејќи со поголем број на заболени, невакцинирани, ние имаме и помалку работници во индустријата, трговијата, и тогаш трпи и економијата. Здравствениот систем ни е подготвен да се справи, имаме доволен број на болнички кревети и капацитети“, подвлече премиерот.

„Владата останува на својата заложба за зголемување на минималната плата и затоа идната недела започнува економско-социјалниот дијалог за нејзино ново зголемување. Ако некој бил за зголемување на минималната плата, тогаш тоа биле Владата на СДСМ и да не заборавиме дека минималната плата беше 9.000 денари, сега е над 15 илјади денари“, рече Ковачевски.

„Јас бев еден од поддржувачите кои што сметаат дека треба да се качи платата од 9 до 15 илјади денари бидејќи учествував во правењето на таа економска програма со другите членови на тимот кои што ја правеа во тоа време. Јас исто така бев тој кој што кажа дека минималната плата треба да се зголеми, меѓутоа и тогаш и сега минималната плата треба да се зголеми низ економско-социјален дијалог. Зошто? Бидејќи минималната плата не може да биде еднострана одлука, административна бидејќи тука се засегнати компаниите“, истакна премиерот Ковачевски.

Тој додаде дека Владата постојано креира политики за поддршка на компаниите за да ја одржуваат продуктивноста за да има реален раст на минималната плата.

„Затоа државата им стои на располагање и на работниците и на работодавачите. Веќе во понеделник има закажано состанок помеѓу синдикатот, Заменик-претседателот на Владата задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Министерката за труд и социјална политика и Министерот за информатичко општество и администрација, на којшто ќе се разгледаат сите барања на синдикатот. Потоа веднаш ќе отпочне економско-социјалниот дијалог со стопанските комори и другите претставници на работодавачите. Така беше и минатиот пат, така беше и при воведувањето на недела неработен ден. Што значи дека Владата останува на својата заложба за зголемување на минималната плата“, рече претседателот на Владата Ковачевски во интервјуто за јавниот радиодифузен сервис.

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Деца и училишни ресурси како алатка за кампања во Пробиштип!

    137 shares
    Share 55 Tweet 34
  • Лукоил ја прифати понудата на Ганвор Груп за купување на меѓународните средства, ќе добие ли македонската подружница нов газда?

    116 shares
    Share 46 Tweet 29
  • Лукоил ги продава своите филијали во странство по санкциите на САД, македонската подружница сé уште молчи за прашањата на ЦИВИЛ

    112 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Изборите и коалицијата: ВЛЕН му го залула чунот на Мицкоски

    110 shares
    Share 44 Tweet 28
  • Косовски пратеник удри граѓанин со бокс оти го нарече „лажго“ – инцидент во центарот на Приштина!

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ