• Latest

Ковачевски од Брисел: Нашата единствена алтернатива е ЕУ, од европскиот пат нема да се откажеме и нема да отстапиме

December 14, 2023

Рамадани: Нема да се откажам од Брвеница за ниедна цена, ќе го заштитам секој граѓанин без разлика!

October 26, 2025
Фото: СДСМ

Филипче најави кадровска „чистка“ во СДСМ по вториот круг од локалните избори!

October 26, 2025
Фото: ВМРО-ДПМНЕ

Мицкоски до опозицијата: „Не сакам предвремени избори – внимавајте што посакувате, може и да ви се случи… да не биде после лелекање!

October 26, 2025

Курти „падна“ во Собранието – Косово оди кон нов премиер или нови избори?

October 26, 2025

Косовски пратеник удри граѓанин со бокс оти го нарече „лажго“ – инцидент во центарот на Приштина!

October 26, 2025

Примирје меѓу Тајланд и Камбоџа – договор потпишан со посредство на Трамп во Куала Лумпур

October 26, 2025
Фото: Скриншот од видео на BBC News

САД разгледуваат можност за распоредување мировни сили во Појасот Газа – прашањето денеска на маса во Катар

October 26, 2025

Точно една недела до вториот круг на локалните избори – кампањата влегува во завршница во 32 општини и Град Скопје

October 26, 2025
Фотографија: Скриншот од Фејсбук видео

„Марш на ангелите“ во Кочани: Правдата и вистината да излезат на виделина

October 25, 2025
Фотографија: Wikimedia Commons

Независната кандидатка и левичарка Кетрин Коноли победи на претседателските избори во Ирска

October 25, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ФОРУМ ИЗЈАВИ

Ковачевски од Брисел: Нашата единствена алтернатива е ЕУ, од европскиот пат нема да се откажеме и нема да отстапиме

December 14, 2023 13:10
in ВЕСТИ, ИЗЈАВИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

„Самитот на ЕУ-Западен Балкан беше одлична можност на највисоко ниво да говориме за заедничката европска иднина на земјите од Западен Балкан односно нашата цврста решеност и визија дека Европската Унија како и досега останува најголем и најсигурен партнер на Северна Македонија и на регионот, посочи премиерот Димитар Ковачевски на прес конференција за време на учеството на Самитот ЕУ-Западен Балкан кој се одржува во Брисел.

„И овде во Брисел потенцирав дека местото на Северна Македонија е во ЕУ и од тој процес не отстапуваме. Како Влада работиме напорно да ја оствариме нашата стратешка цел членство во ЕУ до 2030 година. Да обезбедиме подобар, достоинствен живот дома со повисоки плати и пензии, повеќе пари за граѓаните, повеќе работни места, подобар животен стандард, подобро образование, здравство, подобро функционирање на сите демократски и правни процеси. Да обезбедиме европски стандард и европски вредности дома во Северна Македонија.

Ние политичарите имаме понекогаш тешка задача, но граѓаните ни ја даваат довербата затоа што ни веруваат дека ќе ги извадиме на вистинскиот пат, на патот на просперитетна иднина, подобар живот и квалитетен живот, безбедна земја и економски стабилна.

Овој Самит е одлична можност земјите од регионот да продолжиме со успешна соработка за надминување на заедничките предизвиците и само со цврсти меѓусебни врски помеѓу земјите од Западен Балкан и Европската Унија можеме да учествуваме како едно, исклучиво во интерес на граѓаните и перспективите на државите од регионот.

Вчера ги информирав колегите од земјите-членки на ЕУ и лидерите на институциите за статусот на евро-интеграциите на Северна Македонија и за успешно завршениот процес на скрининг, им благодарам за конкретните примери на соработка и партнерство меѓу ЕУ и нашата земја во исклучително тешка година полна предизвици предизвикани од енергетската и економската криза, како последица на воената агресија на Русија врз Украина.

Исто така од страна на Европската Унија, на претставниците на Европската комисија, на претседателката беше искажано задоволство од високото ниво на професионализам и подготвеност на сите наши членови на делегациите кои што учествуваа со своите 850 презентации на над 100 состаноци на скрининг процесот во текот на изминатата година и половина, тука во Брисел.

Како никогаш досега постои подготвеност за проширување на ЕУ, тоа од секогаш имало геополитички аспект, ако ги погледнете сите проширувања во минатото тие биле проследени со геополитички моменти и аспекти кога се склучувале. Но, во овие моменти суштински е да се зајакне и европската безбедност и стабилност дополнително. Тој процес на пристапување може да биде забрзан но тоа ќе биде засновано на заслугите на секоја земја поединечно и подготвеноста да ги носи одлуките кои треба да се донесат.

Со 100% усогласување на надворешната и безбедносната политика со ЕУ, засилената заложба за спроведување на реформите како и меѓународната поддршка која секојдневно ја добиваме не смееме да се откажеме од европската перспектива на Северна Македонија.

Вчера имав повеќе средби меѓу кои и со домаќинот, Шарл Мишел, со претседателката на Европската комисија, Фон дер Лајен, Роберта Мецола, како и со лидерите на земјите членки на ЕУ и лидерите на земјите од Западен Балкан, каде што разговаравме за соработката но и за заедничката подготвеност да одговориме на сите предизвици.

И за крај, морам да напоменам дека оваа работна посета на Брисел можеше да изгледа сосема поинаку. Можевме да дојдеме и победнички, гласно и јасно да кажеме дека ние продолжуваме со отворање на поглавјата од сите кластери од преговорите со ЕУ и дека го продолжуваме нашиот евроинтеграциски пат.  Но, се потврди дека единствен кочничар на државата е анти-ЕУ, анти-НАТО и про-руската коалиција на ВМРО ДПМНЕ и ЛЕВИЦА.

Нашите граѓани денес и конкретно можат да се уверат дека со овие политичари ќе бидат лишени од можноста забрзано да се приклучат на прогресивното европско семејство и можеа уште еднаш нашите граѓани да се уверат како изгледаше 2008 година. Тогаш беше во Букурешт, вчера и денес беше во Брисел.

Свежи ни се сеќавањата на 11-те години владеење со лажен патриотизам, квазинационализам и популизам, што доведе до целосно заробена држава.

Нека им служи на чест на овие партии и политичари, а на граѓаните да им служи на ум и сами да проценат кој за каква иднина за граѓаните и државата се бори.

Но и покрај сето ова во Брисел за нашата држава имаше позитивни дискусии и натамошна поддршка од европските лидери за трасираниот пат на Северна Македонија кон Унијата. Тоа е многу јасно наведено и во заклучоците на ЕУ каде многу јасно е наведено дека Северна Македонија штом го исполни својот услов за спроведување на амандманите во уставот, веднаш ќе биде одржана втората меѓувладина конференција.
Затоа што нашата единствена алтернатива е ЕУ, ние од европскиот пат нема да се откажеме и отстапиме“, изјави Ковачевски.

 

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Поранешен унгарски разузнавач по неодржувањето на средбата помеѓу Трамп и Путин: Она што сега изгледа како дипломатски успех, на долг рок ќе се претвори во сериозна трагедија

    130 shares
    Share 52 Tweet 33
  • „На Ѓупците треба да им се забрани да гласаат“ – советник од десничарската МААК со скандалозен расистички испад во Неготино

    126 shares
    Share 50 Tweet 32
  • „Путин повторно го изигра“: Откажувањето на самитот во Будимпешта ја завршува фантазијата на Трамп дека ќе донесе мир во Украина

    101 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Косовски пратеник удри граѓанин со бокс оти го нарече „лажго“ – инцидент во центарот на Приштина!

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Разобличување на „буразерската“ финансиска коалиција: Алта банка и „посвоената“ Стопанска банка – Битола во обид да го избегнат европскиот финансиски радар

    99 shares
    Share 40 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ