• Latest
Ковачевски, Молдавија

Ковачевски од Молдавија: Европскиот пат е трасиран, заеднички се справуваме со безбедносните, економски и енергетски предизвици во Европа

June 1, 2023

Трамп соопшти дека Индија и Пакистан постигнале договор за целосен прекин на огнот

May 10, 2025
Министерот Тимчо Муцунски во Лвив, Украина, на Денот на Европа, 9 мај 2025 (фото извор: Профилот Х на Муцунски)

Министерот Муцунски беше дел од министерскиот состанок на Основната група за Специјалниот трибунал за злосторство агресија против Украина; Амбасадорката Дир се заблагодари за поддршката

May 10, 2025
A sculpture installation at the Lawn on D | Flickr (CC BY-NC-ND 2.0)

Револуцијата на градот во кој може да се живее

May 10, 2025
Фото: Zaporizhzhia RMA

Северна Македонија се приклучи на повикот на ЕУ за безусловен 30-дневен прекин на огнот во Украина

May 10, 2025

Љубомора и завист во антизападниот македонски политички блок

May 10, 2025
Потписот на Доналд Трамп (Wikimedia Commons)

Трамп преку проглас ќе промовира порака за „самодепортација“ на мигрантите

May 10, 2025
Фото: Скриншот од видео на ВВС

Пакистан и Индија се движат кон тотална војна по новиот бран напади

May 10, 2025

Борел: Три пати повеќе експлозивна моќ е фрлена врз Газа отколку што беше употребена во бомбата во Хирошима, а ние снабдуваме половина од тие бомби!

May 10, 2025

„Фицо го помина Денот на победата со воен злосторник“- извикуваа илјадници граѓани на протести низ Словачка

May 10, 2025

Партии на Босна и Херцеговина и опозицијата од Република Српска потпишаа Политичка платформа за мир

May 10, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ФОРУМ ИЗЈАВИ

Ковачевски од Молдавија: Европскиот пат е трасиран, заеднички се справуваме со безбедносните, економски и енергетски предизвици во Европа

June 1, 2023 12:15
in ВЕСТИ, ИЗЈАВИ
Ковачевски, Молдавија

Ковачевски, Молдавија

Share on FacebookShare on Twitter
Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски, денеска, придружуван од заменик-претседателот на Владата задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи, пристигна во Кишињев, Молдавија, каде ќе учествува на вториот Самит на Европската политичка заедница. Премиерот Ковачевски во Кишињев беше пречекан од претседателката на Молдавија, Маја Санду.

Премиерот Ковачевски посочи дека на вториот Самит на Европската политичка заедница клучните теми ќе бидат поврзани со изнаоѓање начини како Европа да се поврзе подобро, со цел да се обезбеди подобра комуникација меѓу луѓето, подобри телекомуникациски системи, подобра инфраструктура вклучително и енергетска инфраструктура, како клучни предуслови за политичката интеграција на регионот, особено на земјите од Западен Балкан, како и за забрзување на интеграцијата на земјите како што е Северна Македонија.

Во изјавата за медиуми, премиерот Ковачевски посочи дека во текот на денот ќе оствари средби со повеќе државници присутни на вториот Самит на Европската политичка заедница како средба со премиерката на Данска, премиерот на Молдавија и други.

Дополнително, во одговор на новинарско прашање пред почетокот на вториот Самит на Европската политичка заедница, премиерот Ковачевски посочи дека стратешка цел на државата е полноправното членство на Северна Македонија во ЕУ до 2030 година и дека скрининг процесот треба да заврши многу скоро. Истакна дека земјата ја очекуваат политички одлуки со кои ќе се овозможи отворање на кластерите и поглавјата. Северна Македонија покажа дека низ дипломатија и тешки одлуки успеа да стане земја членка на НАТО, со отпочнати преговори со ЕУ и земја претседавач со ОБСЕ, фактор на стабилност во регионот.

Премиерот Ковачевски посочи дека Европската политичка заедница не е замена за процесот на интеграција, туку напротив заедница која ќе обезбеди подобра соработка на целиот регион во насока на надминување на предизвиците со кои се среќава Европа, а кои се предизвикани од руската воена агресија врз Украина. Премиерот Ковачевски посочи дека настани како овој денес, се одлична основа за креирање политички одлуки кои ќе обезбедат поголема поддршка за сите граѓани.

„Среќен сум што денес учествувам на вториот самит на Европската политичка заедница, тука во Кишињев, Молдавија. Ова апсолутно не е никаква замена за членство во ЕУ туку напротив ова е начин на којшто земјите членки на ЕУ заедно со сите други земји од Европа кои делат исти вредности заедно со претседателката на Европскиот парламент, претседателката на Европската Комисија, претседателот на Европскиот Совет, работиме на теми кои се најголеми предизвици во моментов во Европа. Пораките коишто вчера ги споделија и претседателката на Европската Комисија и претседателот Макрон, се исклучително позитивни. Тоа што јас го зборував во нашата држава, дека сега е отворена вратата за интеграција во ЕУ со оглед на геополитичкиот момент во кој се наоѓа Европа а и дел заради тој геополитички момент се и вакви состаноци на кој присуствуваат 47 државници и претставници  на меѓународни големи организации, практично е момент кој треба да се искористи.

Денес темата на која јас ќе бидат присутен заедно со Битиќи е поврзувањето и енергетската стабилност, ние сме држава која во текот на изминатата година навистина направи многу и затоа сме и вклучени во тој дел. Ние сме лидери во имплементација на обновливи извори на енергија по глава на жител.
Започнавме големи инфраструктурни проекти во делот на патната инфраструктура. Трансевропските коридори ќе бидат дел од овој состанок, потоа 5Г поврзувањето меѓу граѓаните исто така и тука имаме што да кажеме, со оглед на тоа што процесот на 5Г поврзување кај нас започна. Секако и поврзувањето луѓето мислејќи тука пред сè на институциите но и на академската заедница на науката и истражувањата ќе бидат дел од темите на кои ќе разговараме. Овој состанок е навистина е важен, Европа останува заедно, Европа никогаш не била пообединета, после првиот состанок на кој бев присутен во Прага на европската политичка заедница, нашите министри од економските ресори пред сè министерот за економија, започна да учествува на состаноците на министрите за енергетика на ЕУ како и министерот за транспорт и врски заедно со министрите за транспорт и врски на ЕУ и како резултат на тоа ние бевме држава која на најдобар начин успеа да се справи со енергетската криза, успеавме Коридорот 8 да го ставиме на мапата на трансевропските коридори, што не беше случај до сега.“, посочи Ковачевски.

„Само низ едни вакви состаноци, на иста маса седиме заедно со претставниците на сите држави на ЕУ и на земјите кои делат исти вредности е начинот на кој може да се оди напред. Секако ќе разговараме и за политичката интеграција, таа вчера беше истакната и многу јасен став имаше претседателката на ЕК, којашто по состанок со мене тоа го сподели на многу експлицитен начин дека сега е времето кога треба да се донесат одлуките за да Северна Македонија го продолжи патот кон евроинтеграцијата и до 2030 година да станеме членка на ЕУ. Исто така имав состанок со претседателот на Франција на кој разговаравме во детали за процесот кој следи, го информирав за тоа дека се започнати уставните измени, практично предлогот на иницијативата е направен од работната група, доставен до Министерството за правда, ќе биде доставен до Владата, кој подоцна ќе оди во Парламент. Пред тоа јас ќе имам состанок со претседателот на најголемата опозициска пратија ВМРО – ДПМНЕ и нивниот тим на кој ќе го споделиме планот, со тоа сметам дека кај нас има капацитет како што и досега имало да се донесат вакви одлуки кои ќе овозможат подобра иднина за нашите граѓани.

По јасната и многу силна порака на американскиот сенатор Марфи и амбасадорите во државата, вклучувајќи ја тука и американската амбасадорка, холандскиот амбасадор во делот на интеграцијата на државата, сега сметам дека на сите во нашата држава им е јасно дека прво, имаме предлог преговарачка рамка доставена од 27 земји членки на ЕУ, дека таа преговарачка рамка нема да биде преговарана, бидејќи навистина ги содржи нашите барања кои што ги имавме, а тоа е чист македонски јазик, потврден и со договорот Фронтекс, заштитен македонски идентитет, она што претстои пред нас е една од многуте одлуки до влегување во ЕУ, а тоа е вклучување на други делови од народи во нашиот Устав, вклучително и бугарскиот народ.

Со тоа сметам дека се постигнува уште една многу значајна цел, бидејќи конечно веќе ќе се стави крај на онаа теза којашто беше дека се работи за еден народ во две држави, за прв пат ќе имаме во Уставот и Македонци коишто се веќе, меѓутоа тука сега ќе бидат јасно диференцирани и Бугарите со што таа теза веќе еднаш засекогаш ќе заврши и нема да биде тема на разговор. Темата на македонскиот јазик со потпишувањето на договорот Фронтекс, каде што македонскиот јазик е заедно со сите други јазици на земјите членки на ЕУ, одобрени од сите земји членки, вклучително со македонскиот јазик, ја затвори и другата тема, македонскиот идентитет ќе биде дел од мозаикот на културните вредности на ЕУ и со тоа сметам дека веќе е јасно дека пред нас има одлука за Европа или за изолација“, рече Ковачевски.

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Пандов љубител на костимирани настапи: ангелче, комита, моторџија, историчар, директор, а сега влезе и во мафијашки филм

    142 shares
    Share 57 Tweet 36
  • Зошто надворешната политика на владата на ДПМНЕ е антинационална и стана „тажната приказна“ на Балканот

    128 shares
    Share 51 Tweet 32
  • Тричковски: Медиумите се за граѓаните тоа што е златицата за компирите!

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • Мрежа за заштита на жените Ромки: Фемицидот врз Рамајана не е изолиран инцидент; 142 случаи на семејно насилство врз ромски жени регистрирани во 2024

    95 shares
    Share 38 Tweet 24
  • ПОРТОКАЛОВА ГЛАВА НА ТЕГЕТ ОДЕЛО: Трамп, дрско и без почит, во потрага по внимание на погребот на Папата

    92 shares
    Share 37 Tweet 23

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ