„Ние како политичари кои ја гледаат државата во ЕУ, како граѓани, заради себе, заради нашите деца, заради идните генерации не смееме да дозволиме политиката да биде креирана од политички пиромани кои што немаат никаква визија за државата“ изјави премиерот Ковачевски на заедничката прес-конференција со европратеничката Перез.
Тој додаде дека најголемата опасност за нашиот пат кон ЕУ лежи во една политичка партија која има атни-европска, анти-НАТО и анти-интеграциона политика со западна Европа. Тоа е Левица и нивниот претстадетел Димитар Апасиев.
„Тие веќе го имаат земено во заложништво претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, затоа што тој е слаб, без став и визија“ рече Ковачевски.
За уставните измени премиерот додаде дека таа одлука е одлука за сите пратеници во Собранието што треба да ја донесат, а не одлука на Владата или за Владата.
Според Ковачевски доколку некоја партија се излолира нема право да ја изолира цела држава.
„Секој пред себе мора да го има прво интересот на граѓаните, интересот на идните генерации, а потоа личниот политички интерес. Ако некој решил да се изолира и ако притоа решил да ја изолира и својата политичка партија тој не може и нема право да ја изолира цела држава“, изјави премиерот Ковачевски.
Тој додаде дека најголема опасност за нашиот пат кон ЕУ се Левица и Апасиев, кои во заложништво го држат и претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.
„Она што ние го имаме пред нас се одлуки за продолжување на патот кон полноправно членство во ЕУ. После таа одлука ќе има уште тешки одлуки затоа што тие реформи не се едноставни, тоа се реформи кои сите држави, членки на ЕУ ги поминале. Но, низ тие реформи, низ тешки одлуки изградиле подобро опшстество“ рече Ковачевски.
Премиерот изјави дека пратениците пред себе ја имаат одлуката дали сакаат идните генерации да живеат во држава членка на ЕУ дома или во туѓина.