• Latest
Проф. Мирјана Најчевска

Критериуми и корективи

September 13, 2022
Супорт Кочани, фото Х

„Супорт Кочани“ со герила акција на плоштадот во Скопје: „Толку ли брзо нè заборавивте“

May 9, 2025

(ВИДЕО) Со „Шерман“ повторно против фашизмот – на Илон Маск

May 9, 2025

24 ЧАСА: Европа посилна од Путиновата воена пропагандна парада; „Супорт Кочани“ со герила акција на плоштадот во Скопје: „Толку ли брзо нè заборавивте“; Уште едно убиство, застрелан турски студент во кафуле во Штип

May 9, 2025

Денот на Европа – сидро на стабилноста наспроти Путиновата пропаганда

May 9, 2025

Одбрана на демократијата: Обнова на довербата во демократските институции и процеси

May 9, 2025
Никица Корубин

(Де)исламизирана албанофобија

May 9, 2025
Фото: На 7 мај, Јодл потпиша безусловен „Акт за воено предавање“, Wikipedia

Историски факти: Кога е Денот на победата над фашизмот

May 9, 2025

Ден на Европа: Зачетоци, формирање, значење и одбележување

May 9, 2025

Велика Британија објави нов пакет санкции против Русија кои вклучуваат директори на нафтена компанија

May 9, 2025
Фросина Кулакова

Васил Јованов призна вина за прегазувањето на Фросина Кулакова

May 9, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА

Критериуми и корективи

September 13, 2022 11:37
in СЛОБОДНА ЗОНА, ТОП 5
Проф. Мирјана Најчевска

Проф. Мирјана Најчевска

Share on FacebookShare on Twitter

МИРЈАНА НАЈЧЕВСКА

Кога бројот на вработени од одредена етничка заедница во институциите од јавниот сектор очигледно, континуирано и во голема мера не соодветствува на бројот на граѓани од таа етничка заедница, тоа е индикатор за постоење на дискриминација врз етничка основа.

Овој вид дискриминација не се атакува со еднократно вработување на огромен број припадници од таа етничка заедница, со намалување или извртување на критериумите предвидени за одредени работни места, туку со воведување корективни механизми кои ќе овозможат намалување и /или потполно отстранување на дискриминацијата.

Корективните критериуми (согласно меѓународните стандарди) се формулираат како давање предност на кандидатот од помалку застапената етничка заедница во услови на кандидати кои приближно исто ги исполнуваат условите и со засилување на образованието на кадри од конкретна етничка заедница кои недостасуваат во јавниот сектор.

Во ниту еден меѓународен документ не се спомнува етничката припадност како основен критериум при вработувањето во јавниот сектор и во државната администрација. Секаде како  основни критериуми се спомнуваат: знаењето, искуството и соодветниот интелектуален и професионален капацитет, а етничката припадност фигурира како коректив на евентуална идентификувана дискриминација.

Наспроти ова во Македонија упорно се турка на преден план партиската припадност спакувана во етничка обвивка и залепена со меѓупартиски пазар.

Во овој контекст ја разбирам и последната изјава на министерот за информатичко општество според кој: “според новиот балансер направен од страна на Министерството за информатичко општество секоја јавна институција кога ќе прави годишен план за вработување, ќе треба да планира една третина, односно 31,43 одсто да бидат Албанци“.

Самата изјава зборува за многу погрешен пристап во адресирањето на евентуалната дискриминација и сосема погрешен пристап во градењето ефикасна и ефективна администрација и јавен сектор.

Погрешноста на пристапот води кон апсурдна ситуација која бара постојано балансирање на бројките на вработени од одредена етничка заедница и дисконтинуитет во работењето на институциите и државниот апарат.

Само како пример, не сум сигурна по која формула е направен овој балансер, ако се има предвид бројот на етнички Албанци кои фактички живеат во Македонија (а кој не надминува 24%), меѓутоа дури и според вака изработениот балансер има многу државни институции од кои ќе треба да бидат отпуштени дел од вработените етнички Албанци затоа што го надминуваат процентот според усвоениот балансер.

  1. Народен правобранител – 37.97%
  2. Самостојните стручни органи – 33.33%
  3. Агенција за заштита на личните податоци – 33.33%
  4. Државна изборна комисија 32.67%
  5. Министерство за економија – 48.67%
  6. Министерство за животна средина и просторно планирање – 33.81%
  7. Министерство за локална самоуправа 40.38%
  8. Министерство за образование и наука – 33.33%
  9. Министерство за политички систем и односи меѓу заедниците – 83.79%
  10. Министерство за правда – 35.68%
  11. Биро за регионален развој – 55.56%
  12. Државен девизен инспекторат – 62.50%
  13. Државен инспекторат за локална самоуправа 45.45%
  14. Државен инспекторат за техника инспекција – 42.31%
  15. Државен инспекторат за транспорт – 36.84%
  16. Државен инспекторат за труд – 35.75%
  17. Државен комунален инспекторат – 36.36%
  18. Државен пазарен инспекторат – 45.05%
  19. Државен санитарен и здравствен инспекторат – 45.07%
  20. Инспекторат за употреба на јазиците – 52.94%
  21. Управа за водење на матични книги – 34.86%
  22. Агенција за поддршка на претприемништвото – 33.33%
  23. Агенција за управување со одземен имот – 41.30%
  24. Државен завод за индустриска сопственост – 36.67%
  25. Државно правобранителство – 55.38%

Доколку се примени балансер кој ќе се базира на фактичкиот процент на попишани етнички Албанци кои се наоѓаат во Македонија (24%) бројот на институции во кои се презастапени и од каде што треба да се отпуштат значително се зголемува.

А под итно ќе треба да се вработат во институциите во кои етничките Албанци се застапени со 0% :

  1. Национална агенција за европски образовни програми и мобилност – 0%
  2. Дирекција за радиациона сигурност – 0%
  3. Агенција за филм – 0%
  4. Агенција за енергетика – 0%
  5. Управа за електронско здравство – 0%
  6. Биро за застапување на република северна македонија пред европскиот суд за човекови права – 0%
  7. Државна комисија за одлучување во втор степен во областа на инспекциски надзор и прекршочна постапка – 0%
  8. Регулаторна комисија за домување – 0%
  9. Агенција за регулирање на железничкиот сектор 0%

Ова не е борба со дискриминацијата туку злоупотреба на дискриминацијата за лична и партиска корист. И дефинитивно, етно-партиските критериуми во вработувањето во јавниот сектор претставуваат отворена врата за широка корупција на граѓаните, градење на гломазна и непрофесионална администрација/јавен сектор и создавање на клиентелистички граѓани кои се фатени во менгеме меѓу неефикасниот јавен сектор и етно-националистичкиот наратив.


Текстот е личен став на Авторката. Дозволено е преземање на текстот според лиценцата Creative Commons 4.0.
Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Пандов љубител на костимирани настапи: ангелче, комита, моторџија, историчар, директор, а сега влезе и во мафијашки филм

    142 shares
    Share 57 Tweet 36
  • Зошто надворешната политика на владата на ДПМНЕ е антинационална и стана „тажната приказна“ на Балканот

    126 shares
    Share 50 Tweet 32
  • Тричковски: Медиумите се за граѓаните тоа што е златицата за компирите!

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • Мрежа за заштита на жените Ромки: Фемицидот врз Рамајана не е изолиран инцидент; 142 случаи на семејно насилство врз ромски жени регистрирани во 2024

    95 shares
    Share 38 Tweet 24
  • ПОРТОКАЛОВА ГЛАВА НА ТЕГЕТ ОДЕЛО: Трамп, дрско и без почит, во потрага по внимание на погребот на Папата

    92 shares
    Share 37 Tweet 23

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ