• Latest

КриТинк Анализа: Информациска вакцинација

June 1, 2021
Фотографија: Скриншот од Фејсбук видео

„Марш на ангелите“ во Кочани: Правдата и вистината да излезат на виделина

October 25, 2025
Фотографија: Wikimedia Commons

Независната кандидатка и левичарка Кетрин Коноли победи на претседателските избори во Ирска

October 25, 2025

Мицкоски очекува 59 градоначалници по завршување на вториот круг од локалните избори

October 25, 2025

Хоџиќ: Македонската политичка елита ја подготвува јавноста за интеграција во „српскиот свет“

October 25, 2025

Најголемиот американски воен брод, авиони, беспилотни летала и маринци се распоредуваат околу Венецуела

October 25, 2025

Камала Харис: Можно е повторно да се кандидирам за претседателка на САД

October 25, 2025

Религијата како оружје

October 25, 2025

Урсула фон дер Лајен: ЕУ развива план за намалување на зависноста од критични суровини од Кина

October 25, 2025

Турција најверојатно ќе биде исклучена од планот за стабилизација на Газа по противењето на Израел

October 25, 2025
Фото: Х

Литванија ги затвори аеродромите и граничните премини со Белорусија поради временските балони

October 25, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДЕЗИНФО ДЕЗИНФОРМАЦИИ

КриТинк Анализа: Информациска вакцинација

June 1, 2021 12:17
in ВЕСТИ, ДЕЗИНФОРМАЦИИ
Share on FacebookShare on Twitter
Информацијата е како вирус. Кога пренесува невистини обложени со сензационализам, таа брзо се шири и го разјадува „здравото ткиво“ на системот. Кога пренесува факти лишени од конспиративност, таа тлее во симбиоза со своите „домаќини“ и ја „јакне функционалноста“ на општеството, пишува „КриТинк“. Анализата подолу ја пренесуваме во целост.

 

Човечката отпорност на штетни содржини зависи од изложеноста и од количеството на тие содржини.

Овој исказ функционира и на медицинско и на комуникациско ниво. Тој е еднакво применлив и за информацискиот материјал спакуван во гените на новиот корона-вирус, но и за дезинформациите поврзани со него и распакувани во медиумскиот простор. Така, поголема „доза“ од инфективниот и информацискиот „вирус“ значи и поголема осетливост кон него (во буквална и преносна смисла на зборот). Од друга страна, намалената отпорност кон штетни содржини, претставува зголемен ризик за физичкото и менталното здравје на луѓето.

Горната паралела покажува дека напоредно со продорот на вирусот, се провлекуваат и медицински поими и се случува забрзана медикализација на јавниот простор. Класичен и пластичен пример за ова е поимот „инфодемија“ (анг. infodemic). Тој почна да се употребува како ознака за „пандемија“ од „(дез)информации“, за да укаже на нивно молскавично разнесување со брзо „заразување“ нови „домаќини“, кои ќе послужат како идни извори на (дез)информаци. Изразот „информациска болест“ или „информациско нарушување“ (анг. information disorder), пак, е логична последица на инфодемијата и означува хаотично и неорганизирано, односно нерегулирано и небалансирано известување, кое вклучува изнесување целосни невистини, комбинации од фикција и факти, но и посложени наративи, како што се теориите на заговори. Нарушувањето може да „прогресира“ со голема брзина и лесно да „ја загрози“ функционалноста на системот. Од друга страна, „лекот“ за ова „нарушување“ има бавно „производство“, но продолжено „дејство“. Тој е врзан со долгорочни и макотрпни процеси, како што се утврдувања вистини (научно истражување) или проверки на факти (истражувачко новинарство). Со други зборови, една „здрава медиумска диета“ бара долга подготовка, многу труд и посветеност. Оттаму, потенцијалното решение можеби не е во настојувањето да се најде лек, туку тој да се избегне, т.е. да не дојде до фаза на „лечење“. Значи, „подобро е да се спречи отколку да се лечи“ проблемот со дезинформираноста.

Предложената линија на размислување ги следи некои од препораките на социјалните психолози за психолошка инокулација. Оваа постапка, на природен начин би ги зајакнала психолошките механизми за намалена подложност кон лажни вести и теории на заговори, истовремено ставајќи го во состојба на приправност одбранбениот систем на човекот. Идејата за психолошка инокулација е повторно позајмена од медицината, а претставува аналогија на процесот на вакцинација. Така, кај медицинската инокулација еден вирус е „ослабен“ до степен да не предизвикува болест, а сепак да го разбуди имунолошкиот одговор на домаќинот. На сличен начин, со психолошка инокулација, штетниот потенцијал на една погрешна порака е намален до степен да нема моќ да предизвика промена во критичкиот став или рационалните расудувања на примателот, а сепак да ја разбуди неговата аналитичност и да ја намали неговата приемливост за слични содржини. Оваа стратегија опфаќа два пристапа кои се практикуваат пред пласирањето информации: предупредување (анг. forwarning) и превентивно разобличување (анг. preemptive debunking или prebunking). Предупредувањето служи да упати на можна манипулација со информацијата, додека при превентивното разобличување се нудат факти и аргументи кои би послужиле за отфрлање на евентуалната дезинформација. Постапките на „предупредување“ и „разобличување“ го будат чувството на „закана“ и го ставаат во состојба на „приправност“ примателот на пораката. На тој начин, тој станува подготвен да ги активира когнитивните и афективни механизми во случај на потреба од соодветен одговор. Пример, тој би бил способен навреме да ги проѕре логичките недоследности и когнитивните предрасуди, како и да ги разобличи манипулативните намери при евентуалната изложеност на конспиративни содржини за ковид-19 (како што е прикажано во илустрацијата).

Овие стратегии во извесна мера беа поддржани и од некои од големите социјални мрежи (како Facebook и Instagram), кои најавија дека ќе почнат соодветно да ги означуваат информациите што  не се веродостојни, но и да ги упатуваат корисниците кон извори поврзани со ковид-19, кои се официјални, проверени и доверливи.

Дополнително, овие стратегии беа имплементирани и во пробни онлајн-игри, кои ја поттикнуваат критичноста и ја поддигнуваат претпазливоста на играчите, на пример, терајќи ги да замислат како е да се биде ширач на лажни вести. Преку можните тактики за привлекување приврзаници, играчите учат да препознаат манипулативни шеми и содржини. Досегашните истражувања покажуваат дека влијанието на овие игри и квизови е далекусежно, а имаат ветувачки ефекти врз борбата со дезинформациите во јавниот простор, независно од политичкиот и културниот контекст. Затоа, популаризацијата на вакви содржини може да послужи како реална интервенција за психолошка имунизација на населението. И воопшто, сите стратегии кои „би ги пресретнале дезинформациите“ пред да земат замав и „би ги разобличиле“ на забавен начин се полезени. Тие се чинат пластични (бидејќи учат низ показни примери и вежби), економични (бидејќи не бараат големи инвестиции, а превенираат дополнителни трошоци), ангажирачки (за сите профили и возрасни), но, пред сè, надежни и ветувачки.

 

Пишува: Д-р Билјана Ѓонеска, научна соработничка, МАНУ

Авторката е национална претставничка во европскиот проект за „Компаративна анализа на теории на заговори“ (conspiracytheories.eu).

извор: МЕТА

 

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Поранешен унгарски разузнавач по неодржувањето на средбата помеѓу Трамп и Путин: Она што сега изгледа како дипломатски успех, на долг рок ќе се претвори во сериозна трагедија

    130 shares
    Share 52 Tweet 33
  • „На Ѓупците треба да им се забрани да гласаат“ – советник од десничарската МААК со скандалозен расистички испад во Неготино

    126 shares
    Share 50 Tweet 32
  • EУ испрати порака, Мицкоски молчи – Андонов со жестока критика

    185 shares
    Share 74 Tweet 46
  • „Путин повторно го изигра“: Откажувањето на самитот во Будимпешта ја завршува фантазијата на Трамп дека ќе донесе мир во Украина

    101 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Разобличување на „буразерската“ финансиска коалиција: Алта банка и „посвоената“ Стопанска банка – Битола во обид да го избегнат европскиот финансиски радар

    99 shares
    Share 40 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ