• Latest
EPA-EFE/ALESSANDRO DI MARCO

Кривата со новозаразени од Ковид-19 се исправа, расте бројот на вакцинирани

August 21, 2021
Креирано со помош на ВИ

Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

November 8, 2025

Локални избори 2025, прелиминарна оценка на ЦИВИЛ: Технички пропусти и култура на некомпетентност (3 дел)

November 8, 2025

Локални избори 2025, прелиминарна оценка на ЦИВИЛ: Избирачкиот список – хроничен извор на недоверба (2 дел)

November 8, 2025
Христијан Мицкоски, протестен собир против Европската рамка за преговори, јуни 2022 година (фото: Кирил Михаилов / ЦИВИЛ)

„Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

November 8, 2025
Скриншот од видео објавено од украинската амбасадорка Лариса Дир на Х

Амбасадорката Дир објави видео од спасувачките операции по ноќните напади на Русија врз Украина, меѓу повредените има деца

November 8, 2025
Скриншот од видео на
Diario AS

САД ѝ одобрија на Унгарија едногодишно изземање од санкциите за увоз на руска нафта и гас

November 8, 2025
Креирано со помош на OpenAI/ChatGPT

Локални избори 2025, прелиминарна оценка на ЦИВИЛ: Формален процес без суштински интегритет (1 дел)

November 8, 2025

САД одбија да учествуваат во ревизијата на ОН за човековите права

November 7, 2025
Мирослав Јовановиќ - Слободен печат, панел „Уставни измени - Исток или запад“, 29 јуни, 2023
фото: Д. Муратов

Каде го загубивме чувството за срам?

November 7, 2025

Данска планира да воведе минимална возраст за користење социјални мрежи

November 7, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ЗДРАВСТВО КОВИД-19

Кривата со новозаразени од Ковид-19 се исправа, расте бројот на вакцинирани

August 21, 2021 12:20
in ВЕСТИ, КОВИД-19, ТОП 5
EPA-EFE/ALESSANDRO DI MARCO

EPA-EFE/ALESSANDRO DI MARCO

Share on FacebookShare on Twitter

После две недели континуиран раст на заразени од ковид, кривата се исправа, а значително е зголемен интересот за вакцинација кај граѓаните. Најголем број , 85 отсто од  новозаразените со Ковид и 91 процент од хоспитализираните се невакцинирани.

Вчера се регистрирани 1.074 нови случаи со Ковид-19 од 7.571 тестирање, 24 пациенти починале. Регистрирани се и 291 оздравени. Ковид центарот во Тетово евидентира најлоши 24 часа во текот на пандемијата со најмногу – девет починати и 18 хоспитализирани, а поради сериозни компликации од повеќе хронични болести пациенти со корона вирус биле однесени и во Скопје.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 166.741,  на оздравени пациенти е 151.692, на починати е 5.632, а бројот на активни случаи изнесува 9.417.

Според податоците на Министерството за здравство вакцинирани се вкупно 638 428 граѓани, а ревакцинирани 495 803, односно аплицирани се вкупно  1 134 231 дози вакцини. Прва доза завчера примиле 13 275, а  вкупно се вакцинирале 17 623 граѓани. Со последните бројки, барем една доза вакцина примиле 70 отсто од населението над 70 години, 67 проценти од луѓето над 65 години, 63 отсто од тие што се повозрасни од 60 години и 53 отсто од населението над 50 години.

Министерството за здравство апелира на масовно вакцинирање за да се спречи тешка форма на болеста и да се намали ризикот од заболување, како и смртен исход.

Потсетува дека за вакцинирање не е потребно закажување кое важи само за малолетници од 12 до 17 години кои треба да бидат пријавени за термин на веб-страницата vakcinacija.mk.

Министерот за здравство Венко Филипче вчера во интервју рече дека имунитетот од вакцината штити многу повеќе од прележана болест.

-Препораките кои ги комуницираме во јавноста преку алатките на Министерството за здравство се должат на препораките на сознанијата на стручни лица, а тоа се имунолози кои што работат со вакцина, фармаколози, професори на фармацевскиот факултет и од тука се препораките. Има една студија која што вели дека оние кои се вакцинирани можат да заболат со ризик од 0,07 проценти, а 1,2 отсто од прележаните можат да заболат. Што значи дека кај нив е поголем ризикот и од тука таа препорака за што кратко време од прележувањето, а тоа е после месец дена и дополнителни две недели да се организира севкупниот процес е нешто што на граѓаните допонително им го штити здравјето, појасни Филипче.

Сите сериозни студии на големи испитаници, појасни министерот, одат во насока на тоа и дека што порано вакцина, дополнително го штити здравјето.

Според двонеделната анализа на Министерството за здравство на територијата на државата, од позитивните на КОВИД, 1507 биле целосно вакцинирани (со две дози) или само 15 проценти.

-Голем е бројот на невакцинирани граѓани кои се заразиле со КОВИД. Според двонеделната статистика, 8374 граѓани од позитивните не биле вакцинирани. Процентот на хоспитализирани лица кои се невакцинирани изнесува 91, додека само девет отсто од сите 724 моментно хоспитализирани пациенти се целосно вакцинирани. Смртноста кај невакцинираните е драстично поголема, покажува анализата. Во период од две седмици на територија на државата починало 101 лице, 92 пациента од починатите не биле вакцинирани, а само девет лица, односно осум проценти, примиле вакцина. Според анализите, починатите имале повеќе хронични заболувања, наведува Министерството.

Заразените и починатите се вакцинирани со вакцини што ги има на располагање кај нас, како и вакцини Модерна и Џонсон и Џонсон, кои некои од пациентите ги примиле во странство.

-Секоја вакцина што ја имаме на располагање е безбедна, ја намалува шансата од заболување, спречува тешка форма на болеста и штити од смртен исход. Апелираме граѓаните да се вакцинираат, само така ќе дојдеме до колективен имунитет и ќе спречиме ширење на мутации на СарсКов2, истакнува МЗ.

Во анализата за вакцинирани се сметаат лицата вакцинирани со две дози, кои поминале најмалку 14 дена од примање на втора доза.

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    190 shares
    Share 76 Tweet 48
  • (ФОТО) Како ќе изгледа документот за идентификацискиот број за граѓаните на „Отворен Балкан“

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Од Русија со „братска љубов“: Срцепарателните изјави на Песков  во македонските медиуми

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
  • ОБСЕ/ОДИХР: Кампањата во вториот круг беше повоздржана од првиот круг, со одделни случаи на лични напади

    94 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Последни часови од гласањето: Гласачите во клучните трки се незадоволни од Трамп и загрижени за економијата, покажуваат излезните анкети на CNN

    89 shares
    Share 36 Tweet 22
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ