• Latest

Кривичен суд: Барањата на одбраната за одложување на „Рекет“ се начин за одолговлекување на постапката

March 23, 2020
Фото: Скриншот од видео на VISEGRAD/ X

Трамп и Зеленски по средбата во Белата куќа: Украински дронови за амаерикански „томахавк“

October 17, 2025
Фото: Скриншот CNBC

Трамп и Зеленски во Белата куќа: Будимпешта во фокусот, мирот во Украина на маса

October 17, 2025
Трамп. Фото: Генерирано со ChatGPT

„Америка на прво место“ станува „Трамп на прво место“ – кога претседателот сака глобална моќ

October 17, 2025

Народниот правобранител отвора бесплатна телефонска линија за пријавување повреди на избирачкото право

October 17, 2025
Фото: Собрание

Гаши на средба до набљудувачите од ЕП: Уверен сум дека изборите ќе покажат демократска зрелост на земјата

October 17, 2025

Одобрен обвинителниот акт против сопственикот на „Рубикон“, агенцијата што ја обезбедувала дискотеката „Пулс“

October 17, 2025

ЦИВИЛ со интензивна комуникација со јавноста за време на изборниот ден

October 17, 2025
Фотографија: Скриншот од седница на ДИК

ДИК: Одобрени уште осум барања за акредитации за набљудување на изборите, прифатени три приговори од гласачи

October 17, 2025

EУ испрати порака, Мицкоски молчи – Андонов со жестока критика

October 17, 2025

Хоџиќ: Демократската криза во Северна Македонија – од популизам до самоизолација

October 17, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПРАВДА

Кривичен суд: Барањата на одбраната за одложување на „Рекет“ се начин за одолговлекување на постапката

March 23, 2020 14:12
in ВЕСТИ, ПРАВДА
Share on FacebookShare on Twitter

Барањата на одбраната за одложување на случајот „Рекет“ судот ги разбира единствено како начин за одолговлекување на постапката, имајќи во предвид дека се работи за притворски предмет и дека се исполнети сите услови – односно, судницата редовно се дезинфицира, има доволно простор и одалеченост меѓу странките и задолжително се носат медицински маски и стерилни ракавици, информираат од Основниот кривичен суд Скопје.

Во однос на денешната главна расправа за предметот „Рекет“ одбраната на обвинетата Катица Јанева, се вели во соопштението од Основниот кривичен суд Скопје, доставила барање за одлагање на идните закажаните расправи во кое наведува дека бранителот Ирена Фрчковска ја користи мерката на Владата со која еден родител на дете помало од 10 години се ослободува од работни обврски заради чување на деца, бранителот Дељо Кадиев има здравствени проблеми, додека обвинетата Јанева има хронични болести.

– Судот откако го разгледа ваквото барање ја извести одбраната дека во судот се преземаат сите мерки согласно препораките на Светската здравствена организација и Владата на РСМ за заштита од ширење на Ковид – 19 вирусот, и како што и претходно ја известивме јавноста – судницата редовно се дезинфицира, има доволно простор и одалеченост меѓу странките и задолжително се носат медицински маски и стерилни ракавици. Имајќи во предвид дека се работи за притворски предмет, а согласно одлуката  на Судскиот совет и Министерството за правда за судење на сите итни и недоложни расправи,  ваквите барања на одбраната судот ги разбира единствено како начин за одолговлекување на постапката, се наведува во соопштението од Основниот кривичен суд Скопје.

Судот ја задолжил одбраната да се однесува одговорно спрема судот и доследно да ги почитува правата на обвинетите во постапката и денешната расправа ја одложи за веќе закажаниот термин 26-ти март до кога бранителот Ирена Фрчковска е должна да ги организира семејните обврски како би можела да присуствува на судењето.

– Доколку адвокатите и понатаму се спречени да присуствуваат на идните расправи да обебзедат свои заменски бранители бидејќи во спротивно судот на обвинетата ќе и назначи бранител по службена должност, стои во соопштението од Основен кривичен суд Скопје.

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Креирано со помош на ВИ

    Случајот со Тричковски повторно ја исфрли на површина селективноста на властите

    163 shares
    Share 65 Tweet 41
  • Колегите од Неврологија во одбрана на Кузмановски по скандалот со кокаин: „Наместо осуда – сочувство и достоинство“

    117 shares
    Share 47 Tweet 29
  • Ел Чека фрли „предизборна бомба“: Објавени снимки со компромитирачка содржина за кичевскиот градоначалник Фатмир Дехари

    116 shares
    Share 46 Tweet 29
  • EУ испрати порака, Мицкоски молчи – Андонов со жестока критика

    109 shares
    Share 44 Tweet 27
  • Вучиќ, со „нож во грбот“од Ердоган, го врти другиот образ: Од обнова на Отоманската империја до „пријатели и партнери“

    108 shares
    Share 43 Tweet 27
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ