Директорот на МТВ се гони за проневера на 2 милиони евра.
Финансиската полиција поднесе кривична пријава против актуелниот директор на МТВ Марјан Цветковски.
Тој склучил договор за земање на кредит со комерцијална банка во висина од 140 милиони денари, а како залог ставил движен и недвижен имот на ЈП МТВ во висина од 294 милиони денари.
За договорот, Цветковски не побарал одобрение од Собранието со што предизвикал штета во висина од 154 милиони денари, велат од Финансиската полиција.
Кривична пријава е поднесена и против нотарка која го заверила договорот и овозможила МТВ да земе кредит од банка иако парите наменети за инвестиции ги трошеле за раздолжување.
А.М.