• Latest

Кривичен суд доби нова зграда

March 31, 2018

Роџер Касале: Најголемиот тест за Енди Бурнам ќе биде војната во Украина и заканата од Русија

June 23, 2026

Второто, восхитувачко лице на Џорџа Мелони

June 23, 2026

Меѓу европските амбиции и „српскиот свет“: СДА бара итна акција додека извештајот на ЕП поминува без јавна и политичка дебата

June 23, 2026
2K12 Kub (NATO denomination: SA-6 Gainful)

Кабинетот на премиерот Мицкоски три недели молчи за транзитот на советските ракетни системи за Уганда

June 22, 2026

Европска фасада, балканска кал: Илузиите за мултиетничко општество и национализмот, најпрофитабилни бизниси во заробената држава

June 21, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Самит

June 21, 2026

Светски ден на бегалците, застрашувачка статистика: 118 милиони присилно раселени во 2025, бројката расте – ЦИВИЛ повикува на одбрана на оние што бегаат од војна

June 20, 2026
ЈАС И ИТАЛИЈА НИКОГАШ НЕ МОЛИМЕ | Премиерката на Италија, Џорџ Мелони (фото извор: ФБ страница на премиерката Мелони)

Мелони му возврати на Трамп: Јас и Италија никогаш не молиме (ВИДЕО)

June 20, 2026
Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Македонија и ЕУ: процес прекинат и заменет со маратон кон Недојдија

June 19, 2026
Прослава, 36 години ВМРО-ДПМНЕ, Струмица, 17 јуни 2026 (фото извор: партиска веб страница)

Граѓански форум: Прославата на ВМРО-ДПМНЕ во коментарите се доживува како ароганција и раскош во време на сиромаштија

June 19, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Кривичен суд доби нова зграда

March 31, 2018 17:41
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Основниот суд Скопје 1 од денеска ќе фунцкионира во новиот објект во кој има 25 судници од кои две големи, 100 канцеларии, гаража за40-тина возила, модерна техничка поддршка со целосен надворешен и внатрешен видео надзор, компјутер за секој вработен, системски поврзана мрежа, просторија за препознавање, голема архива, просторија за корпора, простории за адвокати и за обвинители.

Претседателот на  Кривичниот суд Иван Џолев обраќајки се на денешното официјално отворање на објект на судот рече дека новата зграда ќе ги задоволи сите просторни потреби на судот за водење секаков вид и разни по големина судски постапки и додаде дека она што треба вработените во судот да го направат е да ја сменат сегашната перцепција на граѓаните и јавноста за судот.

– Сите заедно да направиме граѓаните и јавноста судот да го посочуваат единствено како гарант на правдата и правичноста. Гарант дека постои правна држава. Гарант за еднаковост на сите пред законите. Гарант дека на невините ќе им биде гарантирана слободата, а криминалот ќе биде санкциониран, истакна Џолев.

Тој посочи дека е убеден оти Кривичниот суд, кој брои околу 350 вработени, поседува човечки ресурси кои се кадарни да се справат со сите предизвици и проблеми кои стојат на патот на Судот кон респектибилноста.

„Убеден сум дека Кривичниот суд поседува луѓе со интегритет и кредибилитет за кои верувам дека во иднина јавноста ќе ги етикетира со зборот „недопирливи““, потенцира Џолев.

Објектот се отвора на Денот на правосудството. Заменик министерот за правда Оливер Ристовски честитајќи го Денот на правосудството потсети дека темелот на судството во Република Македонија е удрен на овој ден во 1945 година.

“Со денешниот чин отвораме ново поглавје во интегрираното функционирање на судскиот систем. Од денеска судењата за кривичните, но и за прекршочните предмети нема да бидат во различни згради, на различни локации во Скопје. Со оваа нова зграда Македонија прави крупен исчекор во осоворменувањето и зголемувањето на ефикасноста на правосудниот систем“, потенцира Ристовски.

Тој порача дека Владата останува посветена на реформите во правосудниот систем.

Изградбата на новата зграда на Кривичниот суд во Скопје почна во мај 2010 година со поддршка на Светска банка.

Основниот суд Скопје 1 Скопје е основан со Повелба на Президиумот на АСНОМ за устројство на редовните судови во Македонија од 31.03.1945 година. Повелбата претставува прв Законодавен акт на првиот Законодавен орган создаден во текот на НОБ, со кој се утврди постоењето на 25 општински судови, три обласни суда и Врховниот суд на Македонија.

Во својот почеток овој суд бил сместен во бараки кои се наоѓале од спротива на Градежниот факултет во Скопје и пазарчето „Буњаковец”, каде останува се до 1972 година кога се преселува во сегашните простории на булевар „Гоце Делчев” б.б.


Извор: МИА

Tags: Кривичен Судпростории
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ