• Latest

Криза со гасот – Германија пред тешки предизвици

June 22, 2022
Фото: ЦУК

Според ЦУК, до седум часот утрово активни седум пожари, еден локализиран и еден под контрола

July 8, 2025
Фото: Скриншот од видео на CNN-News18

„Тие мора да бидат способни да се одбранат“ – Трамп кажа дека САД ќе испратат дополнителни пратки оружје во Украина, критикувајќи го Путин

July 8, 2025

24 ЧАСА: Четрстотини невработени ќе гасат пожари за 400 евра; Велев алармира – недозволиво е 5 лица да одлучуваат за терапијата на 40.000 дијабетичари; Трамп со закана за 10% царини кон поддржувачите на БРИКС

July 7, 2025
Фото: Скриншот од видео на Real News

Рускиот министер за транспорт се самоубил откако Путин го разрешил 

July 7, 2025
Фото: Фејсбук на Азир Алиу

Алиу, еден месец министер за здравство: Граѓаните пријавиле мито, непружање здравствена услуга, игнорирање пациент

July 7, 2025
Украински дронови погодиле руска хемиска фабрика во близина на Москва. Фото: Астра/ Телеграм

Украински дронови погодиле руска хемиска фабрика во близина на Москва, нападната и големата рафинерија во рускиот Краснодарски крај

July 7, 2025
Фото: ЦУК

Прва човечка жртва во пожарот кај „Лепенец“ во Ѓорче Петров

July 7, 2025
Фото: Скриншот од видео на CBS Morning News

ДеСантис брза да отвори центар за притвор на имигранти во мочуриште сред сезона на урагани

July 7, 2025
Босански бегалци од Сребреничката енклава во камиони на УН

30 години од геноцидот во Сребреница и ризикот од понатамошни злосторства сега

July 7, 2025
ПРАШАЊЕ НА ДЕНОТ

Локалните избори ќе се распишат во првата половина на август, нема најава за измените во Изборниот законик

July 7, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Криза со гасот – Германија пред тешки предизвици

June 22, 2022 16:44
in ВЕСТИ, ЕКОНОМИЈА, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

Откажување од атомската енергија по Фукушима 2011. година, откажување од јагленот до 2030. година условено со заштита на климата. Масивно користење на обновливи енергии – Германија со сегашната влада (а имаше и со претходната) има амбициозни планови за реорганизација на енергетското снабдување. Речиси срамежливо притоа постојано беше истакнувана улогата на гасот како „премостувачка технологија“. Со други зборови: во Германија уште е потребен гас, за затоплување, во индустријата, за производство на струја. Но, не уште долго, така беше барем планот. Ова меѓутоа припаѓа на друго, минато време. Време во кое слепо се веруваше во Русија како најважен испорачувач на гас, пишува Јенс Турау за Дојче Веле. 

Бавно преориентирање на енергија од ветар и сонце

Дури сега е вистински јасно дека важен дел од индустрјата, како производството на стакло, е зависен од големи количини на гас. Претпријатијата  и самите често велат дека се залагаат за „зелен” водород како енергетски столб во иднина, но многу од овие изјави се само фантазирања. Водородот е „зелен“ имено само ако се произведува од енергија од ветар или сончева енергија. Значи, сѐ зависи од брза и интензивна изградба на обновливи енергии. Во енергетската транзиција многу нешта отидоа наопаку, но вакви константации не помагаат во сегашната ситуација.

Струјата од јаглен ќе го замени гасот – чекор во правилна насока

Иако редуцирањето на испораката на гас со проѕирни изговори е дел од агресивната логика на рускиот претседател Путин, и новата германска влада долго не сакаше да се соочи со она што е сега факт: се заканува  вонредна состојба со гасот.  Министерот за економија и заштита на климата, Роберт Хабек одамна отфри бројни принципи, на пример во Катар преговараше за испорака на течен гас.

Планот на владата сега е  да ги реактивира термоелектраните на  јаглен заради испорачување дополнителна струја, со цел заштедите од гас да се чуваат за в зима. Тоа веќе звучи како вонредна состојба и е токму тоа. А заштитата на климата е турната во заднина, но во моментов овој чекор сепак е правилен.

Назадна дебата

Истовремено во владата, посебно меѓу Зелените и Либералите, се разгорува жестока дебата околу трите преостанати атомски централи во Германија, од кои се добиваат само уште околу пет проценти од струјата и всушност до крајот на годинава би требало да бидат дефинитивно икслучени од погон. Технички, нивната натамошна работа е можна, но поврзана со значителни трошоци. За трите нуклеарки би биле потребни и дополнителни ураниумски прачки, кои не се некаде толку брзо на располагање. Дури и самите електропретријатија, во чија сопственост се нуклеарните централи, одмавнуваат со рака и сметаат дека се води контрапродуктивна дебата. Но, правилно е сите опции за преодно време да се чуваат на маса.

 

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Фото: ВИ

    24 ЧАСА: „Шлаканица“ од Брисел за Мицкоски, сестринските партии го избришаа македонскиот јазик и идентитет од ЕУ извештајот; Обвинителството го амнестира Максим Димитриевски; Кавказ на работ на нов конфликт

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Канта за смет

    94 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Таче се (по)јави, вистина се (по)јави

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Апсења со смртни последици, рации, претепани и крвави осомничени, соборен патнички авион – како се влошија односите меѓу Русија и Азербејџан

    92 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Скопје како зона без контрола: Убиен пешак, нападната пратеничка, автобус во пламен – државата го губи компасот

    92 shares
    Share 37 Tweet 23

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ