На влезот на ОУ „Бедри Тахири“ во село Свиларе, во Општина Сарај, набљудувачите на Цивил забележаа заокружени бројчиња на јавно објавените листи на кандидати за градоначалници кои биле поставени на влезот на училиштето и на влезовите на избирачките места 2453 и 2454.
На објавените листи бил заокружен бројот 3 на кандидатот за градоначалник на Демократската унија за интерграција, Блерим Беџети.
По реакцијата на набљудувачите на ЦИВИЛ од Избирачкиот одбор одговориле дека немаат дополнителни листи за да може да ги отстранат спорните.
Вулнет Махмути