Министерот за надворешни работи на Украина, Дмитро Кулеба објави дека е оштетена единствената линија за напојување на нуклеарната централа Чернобил и сите нејзини нуклеарни постројки контролирани од руската армија. Чернобил е без енергија.
Тој ја повика целата меѓународна заедница веднаш да побара од Русија да го прекине огнот и да им дозволи на екипите за поправка што е можно поскоро да го обноват снабдувањето со електрична енергија.
Резервните дизел генератори ќе ја напојуваат нуклеарната централа Чернобил и нејзините капацитети во текот на 48 часа. Потоа ќе се исклучи системот за ладење на складиштето на искористеното нуклеарно гориво, што ќе се закани со истекување на радијација, алармираше Кулеба.
Варварската војна на Русија ѝ се заканува на цела Европа. Путин мора веднаш да ја прекине, додаде украинскиот министер.