Бобан Илиќ обвинет тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот во случајот со четиригодишниот Алмир од Куманово, повторно е осуден на шест години затвор.
Ова е втора пресуда бидејќи Апелација претходно го врати случајот на повторно судење. Но, казната затвор која ја одреди кумановскиот суд и сега е иста.
Илиќ првично се товареше за убиство со умисла, но во првиот судски процес на рочиштето за завршните зборови обвинителството направи преквалификација на делото.
Во случајот за насилство осудени е и таткото, чичкото и братучедот на Алмир.
Четиригодишниот Алмир Алиу беше прегазен пред Здравствениот дом во Куманово на 25 јуни 2016 година, по банална расправија во болницата.