• Latest
Добро утро со Орданоски

Куса историја на македонскиот политички (не)морал

September 13, 2021

Депортацијата на кримските Татари: злосторство чии последици се чувствуваат и денес

May 18, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Моќ, сила, манипулација и Овертоновиот прозорец

May 18, 2026

Архитектура на критичката мисла: Зошто на јавниот простор му е неопходна аналитичка длабочина

May 18, 2026

Изборната катаклизма на Орбан и лекциите за отпорноста на авторитаризмот и олигархијата

May 17, 2026
Џабир Дерала (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Време за будност – авторитарните структури брзо се адаптираат

May 17, 2026
Константин Егерт (лево) и Игор Јаковенко (фото извор: Јутуб снимка - скриншот)

Игор Јаковенко, руски социолог, новинар и поранешен пратеник: Путинизмот е руска верзија на фашизмот, победата на Украина ќе го забрза распадот на империјата

May 17, 2026

Изоставени од „точката од која нема враќање“: ЦИВИЛ бара одговори од Северна Македонија, Албанија и Бугарија за „апстиненцијата“ од потпишувањето на одлуката за Трибуналот за руското злосторство агресија

May 16, 2026

Секоја чест, градоначалниче

May 16, 2026

Contradictio in adjecto – албанска (де)албанизацијата

May 16, 2026

Советот на Европа го забрза процесот за Специјален трибунал за злосторството агресија против Украина

May 16, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ

    Советот на Европа го забрза процесот за Специјален трибунал за злосторството агресија против Украина

    36 земји го отвораат патот за формирање Специјален трибунал за руското злосторство – агресија: „Правдата е неразделен елемент на трајниот мир“

    Случајот „Мазут“: Како истрагата за 167 милиони евра се претвори во институционален судир

    Илустрација ВИ

    Нов закон за игри на среќа отвори фронт меѓу Владата и индустријата: Се најавуваат отпуштања, протести и правни битки

    Фотографија: Скриншот од видео на Си - Ен - Ен

    Трамп и Си со заедничка порака до Иран: Нема нуклеарно оружје, Ормускиот теснец мора да остане отворен

    РЕАКЦИИ: Нема реформи без промена на системот – граѓаните со поделени ставови за капацитетот на Владата на Мицкоски

    Инцидент со украински поморски дрон кај Лефкада ја вознемири Атина: истрага и дипломатски тензии

    ПРАШАЊЕ НА ДЕНОТ: ЕУ бара реформи, но дали владата на Мицкоски има капацитет да ги спроведе?

    Илустрација ВИ

    Цените на нафтата стабилизирани по дипломатските сигнали од Вашингтон и Техеран

    Кијив, 14 мај 2026 (извор: ДСНС)

    Државата-терорист продолжи со терор врз цивилите во Украина: Стотици руски дронови и ракети, Кијив под најсилен удар

  • ПОЛИТИКА
    • All
    • ПОЛИТИЧКИ ОКЕЈ КОРАЛ
    Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

    Моќ, сила, манипулација и Овертоновиот прозорец

    Изборната катаклизма на Орбан и лекциите за отпорноста на авторитаризмот и олигархијата

    Џабир Дерала (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Време за будност – авторитарните структури брзо се адаптираат

    Изоставени од „точката од која нема враќање“: ЦИВИЛ бара одговори од Северна Македонија, Албанија и Бугарија за „апстиненцијата“ од потпишувањето на одлуката за Трибуналот за руското злосторство агресија

    Секоја чест, градоначалниче

    Contradictio in adjecto – албанска (де)албанизацијата

    Советот на Европа го забрза процесот за Специјален трибунал за злосторството агресија против Украина

    Случајот „Мазут“: Како истрагата за 167 милиони евра се претвори во институционален судир

    РЕАКЦИИ: Нема реформи без промена на системот – граѓаните со поделени ставови за капацитетот на Владата на Мицкоски

    И на пазарот има мода

  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
    • All
    • ИСТОРИЈА

    Архитектура на критичката мисла: Зошто на јавниот простор му е неопходна аналитичка длабочина

    Илустрација ВИ

    Нов закон за игри на среќа отвори фронт меѓу Владата и индустријата: Се најавуваат отпуштања, протести и правни битки

    РЕАКЦИИ: Камерите не воспитуваат – сообраќајната култура и натаму на нула

    Гордана Дувњак (1965–2026)

    Гордана Дувњак (1965–2026): Тивко заминување на еден силен новинарски глас

    Меѓународен ден на Ромите: Култура, идентитет и континуирана борба против дискриминацијата, сиромаштијата и системската неправда

    Јирген Хабермас (Фото: Европска комисија/Szabolcs Dudás)

    Замина Јирген Хабермас, гигантот на модерната филозофија

    Илустрација ВИ

    Иницијатива што поврзува жени од Македонија, Шведска и Германија нуди поддршка за семејни кризи, насилство, родителски предизвици и економска несигурност

    Фото: Ариан Мехмети

    Кризата е тешка, законот може да се менува – ама платите не: Здружение на јавни обвинители со порака до пратениците

    Фотомонтажа: Скриншот од видео

    Отворено писмо до претседателката: Ако ви дошло до смеење, дојдете со мене на онкологија

    Моето име, моите корени, мојата земја

  • СЛОБОДНА ЗОНА
    • All
    • ES-PRESS-O
    • БЛИЦ
    • БРЗА ПОШТА
    • ДИПЛОМАТСКА ПРИЗМА
    • ДОБРО УТРО СО ОРДАНОСКИ
    • ЕДИТОРИЈАЛ
    • КОМПАС
    • ПО ДОПРЕН ГЛАС
    • САТИРА

    Случајот „ТЕЦ Неготино“: политички интервенции и валкана медиумска совест

    Политиката на Мицкоски кон ЕУ не е грешка

    За меѓународните напори за враќање на незаконски депортираните Украински деца од страна на Русија

    Пред отворени европски порти, Мицкоски копа ров

    Од „наркомани и неонацисти“ до „господин Зеленски“: Што се крие зад промената во реториката на Путин?

  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result

Home СЛОБОДНА ЗОНА ДОБРО УТРО СО ОРДАНОСКИ

Куса историја на македонскиот политички (не)морал

Историјата на македонските политички оставки е упатен морално-политички репер околу тоа кој со каков политички кредибилитет – и за што – денеска повикува и прозива на оставки

September 13, 2021 06:45
in ДОБРО УТРО СО ОРДАНОСКИ, ПОЛИТИКА, СЛОБОДНА ЗОНА, ТОП 5
Добро утро со Орданоски

Добро утро со Орданоски

Share on FacebookShare on Twitter

САШО ОРДАНОСКИ

Во својата 30-годишна демократска историја, Република Северна Македонија има релативно кусо, но значајна историја на дадени и понудени политички оставки. Кога ќе се види таа листа на функционери – сѐ до последниве од минатиот петок – прилично јасно се конституира „дијаграмот“ на (не)моралните подеми и падови кај главните политички формации во државава, од што секој може да си донесе свој заклучок.

Имено, историјата на оставките од морални причини во државава започна со онаа на Антони Пешев во ноември 1993 година, кога тој си поднесе оставка по двете авионски катастрофи, во март во близина на Охридскиот аеродром и во ноември на Скопскиот аеродром. Во октомври 1995 година, по неуспешниот атентат врз Киро Глигоров, оставка понуди, но не му беше прифатена, министерот за внатрешни работи Љубомир Фрчковски, а потоа следуваше Ѓунер Исмаил во 1996 година, тогашен министер-портпарол на владата, кој, по повод смената на мојата маленкост од директор на МТВ, се повлече од владата на Црвенковски изразувајќи остро и принципиелно „несогласување со директното вмешување на Владата во уредувачката политика на МРТВ“.

Во ноември 2004 година Хари Костов демонстративно, по само 5 месеци на должност, се повлече од премиерската функција, наведувајќи дека „во Владата не постои волја за тимска работа и за економски развој како приоритет“, констатирајќи дека во ДУИ расте корупцијата и непотизмот како нивен главен политички приоритет.

И секретарот на Владата, Драги Рашковски, си даде оставка во април годинава, под притисок на јавноста, поради наводните службени злоупотреби што ги направил, чија истрага е во тек.

Конечно, пред понудената оставка на Венко Филипче некни, како министер за здравство и потпретседател на партијата, списокот на СДСМ се „затвора“ со поднесената политичка оставка на Зоран Заев во јануари 2020, вешто отворајќи пат за формирање на техничка влада и нови предвремени парламентарни избори во државата.

Во партиската владејачка историја на нивните политички опоненти, ВМРО-ДПМНЕ, пак, има само еден (групен) настан со оставки, чија врска со моралот е далеку попроблематична од ургентноста на политичкиот опортунитет: оставките на Гордана Јанкуловска, Сашо Мијалков и Миле Јанакиевски во мај 2015 година по безбедносниот дебакл во кумановско „Диво насеље“ (да не заборавиме, таму животот го загубија 8 македонски специјалци, а дури 37 беа ранети и повредени) и по многу-месечните кумулативни ефекти на скандалите со „бомбите“, „Случајот Мартин Нешковски“ и масовните граѓански протести – па и тогаш, оставките на Јанкуловска и Мијалков симптоматично и експресно следуваа после интервенцијата на Американската амбасада во Скопје, а за инспирацијата, организацијата и последиците од кумановската трагедија ни до ден денеска не е поведена суштинска истрага.

Од тие настани ни остануваат само зборовите на Мијалков од неговата оставка: „Во интерес на Македонија, гледајќи дека доколку го направам ова ќе помогнам во надминување на политичката криза, која ја наметна опозицијата со своето недржавничко однесување, а свесен дека вистината и аргументите се на наша страна и дека сето тоа со тек на време ќе станува уште појасно“… Така и бидна, работите од таа „политичка криза“ станаа многу појасни, дури и кристално јасни со серијата првостепени и конечни судски пресуди, во кои се потврдија „вистината и аргументите“ за владеењето на екипата на Груевски (минус дебаклот од „Диво насеље“).

Навистина, Миле Јанакиески, како надлежен министер понуди оставка до Груевски во 2011 година, која не беше прифатена, по трагедијата со загинувањето на 15 бугарски туристи на Охридското Езеро. Но, оставки, и покрај големите реакции во политичката и општата јавност, не понудија ни министерот за здравство Никола Тодоров во 2015 поради бирократскиот кошмар во неговиот ресор и смртта на малата Тамара Димовска; ни градоначалникот на Скопје Коце Трајановски поради поплавите во Стајковци во 2016 (со 22 трагично загинати); ни Лазе Еленовски по падот на армискиот хеликоптер во 2008 (со 12 загинати припадници на АРМ)… Па, ни тогашниот заменик министер за труд и социјална политика Диме Спасов не се сети самиот да се повлече од функцијата во октомври 2016, по оној бизарен след на предизвикани сообраќајки, бегања од полицијата, лажни сведочења и други неморални аспекти на таа политичка комедија.

(Во септември 2015 оставка си поднесе и тогашниот министер за информатичко општество Иво Ивановски, но човекот си замина во приватен бизнис, без морално-политички консидерации во врска со оставката.)

Се разбира, никој од ВМРО-ДПМНЕ не поднесе ни морални, ни политички оставки во и за воениот конфликт и поради неговите причини и последици во 2001 година.

Во историјатот на македонските оставки – покрај рецентните на Илир Хасани, заменикот министер за здравство, и двајцата директори на Тетовската болница – уште се бележи и онаа на Агрон Буџаку, тогашниот потпретседател на ДУИ, кој самиот во декември 2004 година одби повторно да биде министер и во новата влада на Бучковски, по премиерската оставка на Костов, кога своето повлекување го образложи со зборовите дека се работи за „бескрупулозна кампања на бившиот премиер Хари Костов поддржана од медиумите на македонски јазик“ што „создаде една ситуација во која јас станав објект на напади и деградирање“ (во врска со аферата „Парцела на плоштадот Македонија“), како и за да овозможи „на органите на правдата да ја осветлат до крај вистината, за да не се кријам преку формалниот имунитет како член на влада, за да ги ослободам од монтираната хипотека посебно членовите на извршната власт на ДУИ и воопшто ДУИ како партија“. Патем, барања за оставка на Буџаку, како министер за транспорт и врски, се спомнуваа и по трагедијата кај Мостарскиот аеродром со авионот на претседателот Трајковски, во која загинаа тој и уште осум сопатници, но ни министерот, ниту некој друг висок службеник на државата, тогаш се повлекоа од функција.

Последна што треба да се спомне од списокот на оставки е онаа на пратеникот Павле Богоевски во мај 2019 година кога тој покажа доблест да си замине од Собранието и владејачката коалиција на СДСМ, поради компромитирачка снимка од телефонски разговор во такси.

Тоа е, отприлика, тоа. Колку да имаме историски, морално-политички репер околу тоа кој со каков политички кредибилитет – и за што – денеска повикува и прозива на оставки.

Но, оваа хронологија треба да е упатна и за премиерот Заев во носењето на деликатната одлука дали ќе ја прифати понудената оставка на Филипче. Не се работи само за „уште една ставка“ во историјата на македонските функционерски демисии, бидејќи локалните избори веќе во октомври ќе ја дадат севкупната оценка (и) за оваа постапка на Заев. Бидејќи, во демократиите, јавноста има еден навистина „убиствен“ куршум: денот кога го дава својот глас на избори.

Сите права се задржани. Текстот е личен став на Авторот.
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ