• Latest

Лансирана најсилната ракета во светот „Фалкон хеви“

February 7, 2018

Врсничкото насилство во Северна Македонија: Симптом на подлабока општествена криза

July 3, 2026
Илустрација ВИ

Демократијата бара консензус во интерес на граѓаните, не изборен инженеринг

July 3, 2026
© Press Service Of The President Of Ukraine / YPV.2026 (преземена од Фејзбук профилот на украинскиот претседател Володимир Зеленски)

Најмалку 27 загинати во масовниот напад врз Кијив, ЕУ со нови санкции против Русија

July 3, 2026
Илустрација ВИ

Политичка битка за Изборниот законик: Електронското гласање за дијаспората ја продлабочува кризата околу изборните реформи

July 3, 2026

Сите засравме сѐ

July 2, 2026

Неподнослива леснотија на владеењето

July 2, 2026
Кијив, 2 јули 2026 (фото: ДСНС)

Кијив преживеа уште една ноќ на руски терор: најмалку 13 загинати во масовен напад со ракети и дронови

July 2, 2026

Изборен инженеринг во најава: Како власта си го приватизира Изборниот законик

July 1, 2026
Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Гласање по интернет како компензација

July 1, 2026

Граѓански форум: „Едно големо ништо“ – доминантен одговор за реконструираната влада на Мицкоски

July 1, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Лансирана најсилната ракета во светот „Фалкон хеви“

February 7, 2018 09:42
in ВЕСТИ, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

Компанијата „Спејс икс“ на Илон Маск, основач на производителот на електрични автомобили „Тесла“,  ја лансира супер тешката ракета-носач „Фалкон хеви“ од вселенскиот центар Кенеди, јави допиникот на МИА од Вашингтон.

„Фалкон хеви“ е досега најголемата конструирана ракета со најмалку двапати повеќе носивост од другите слични ракети. Така на пример, таа може да подигне товар со тежина од 64 тони, додека руската Протон-М, која е во редовна употреба, има носивост од 23 тони.

Лансирањата на претходните ракети „Фалкон“, не беа секогаш успешни и вистински товар овојпат нема да има. Наместо тоа Маск во вселената ја испрати својота стара темно-црвена корвета „Тесла“.

Автомобилот ќе биде поставен на орбита која во елписа се протега од Сонцето до Марс. Американскиот печат соопшти дека музичкиот систем на автомобилот постојано ќе го репродуцира хитот на Дејвид Боуви „Спејс одити“.

– Автомобилот ќе се оддалечи од Земјата на околу 400 милиони километри и ќе лета со брзина од 11 километри во секунда, изјави Маск на брифинг за новинари.

Тој додаде дека според оценките, колата ќе се наоѓа на таа орбита неколку милиони години или можеби и повеќе од една милијарда години.  На автомобилот на Маск се инсталирани три камери кои ќе праќаат, како што кажа тој, „епски“ снимки.

Во суштина, „Фалкон хеви“ е група од три споени ракети „Фалкон 9“ кои компанијата ги користи од поодамна. Ваква конфигурација од три ракети изискуваше повеќе модификации и зацврстување на централната ракета-носител.

Новина за оваа ракета е тоа дека двете помали ракети од првото ниво имаат способност да се вратат назад на Земјата и повторо да се искористат. Со тоа вкупната цена на чинење на „Фалкон хеви“ е многу помала од досегашните традиционални ракети.

Ракетата е составена од 27 двигатели кои се способни да создаваат влеча од 23,000 килоњутни. Како таква, оваа модификација од три ракети со 27 двигатели е навистина комплексна.

Советските инжинери, на пример, се обидуваа четири пати да лансираат ракета со пет нивоа и 30 двигатели, но ниту една не успеа да пристигне на орбитата.

Во врска со ова Елон Маск изјави дека ако се случат непредвидени работи „да се надеваме дека ракетата барем ќе одлета од стартната платформа, а не да експлодира на место. Тука имаме експлозиван материјал кој е еквивелантен на помалку од два милиони килограми ТНТ. Ако тоа чудо експлодира, тука нема ништо да остане“.

Покрај Елон Маск, и основачот на компанијата „Амазон“, Џеф Безос, е заинтересиран да инвестира во ракети со голема носивост кои чинат релативно помалку од оние што во минатото ги конструираше државно финансирата агенција НАСА.

Безос разработува две ракети со голема носивост кои на орбитата можат да испратат товар со тежина од повеќе од 45 тони.

извор: МИА

Содржините кои ЦИВИЛ ги презема од други извори не подлежат на лиценцата Creative Commons 1.0, инаку вообичаена за содржините кои ги објавува оваа медиумска платформа. Ве молиме, консултирајте се со изворот за преземање на таквите содржини.

Tags: Илон МаскЛАНСИРАЊЕРАКЕТА
Share7TweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ