• Latest

Лариса Дир, Амбасадорка на Украина: Секој час на бојното поле е важен

March 27, 2023

Ден на Уставот на Република Северна Македонија: Хронологија на три децении уставни трансформации на државата

November 17, 2025
Полскиот премиер Доналд Туск разговара со полициски и воени претставници во рамките на истрагата за сомнителна саботажна операција против полска железница на 17 ноември 2025 година. Фото: Полски премиер Доналд Туск/X

Варшава ја оцени како „невиден чин на саботажа“ експлозијата на полската железничка пруга што се користи за пратки помош за Украина

November 17, 2025
Снимки на кои се гледаат украински војници застрелани од руски војници во близина на населбата Затишшија во Запоришката област, објавени на 15 ноември 2025 година. Скриншот од (Дип Стејт/Телеграм

Руските окупатори егзекутирале 2 украински воени заробеници во Запоришката област

November 17, 2025
Владимир Пивоваров, експерт за безбедност

Пивоваров: Лажните изборни ветувања се најтешко кривично дело – граѓаните живеат во маѓепсан круг на корупција

November 17, 2025

Цените на храната растат, мерки нема – Ристески се повикува на казните од 2,5 милиони евра

November 17, 2025

Пропустите на факултетите ги оставија студентите без оброк – Јаневска ветува дека пари ќе има следниот месец

November 17, 2025
фото: ВИ

Изборите завршија, новиот старт по грабање на јавните површини од моќници почнува веднаш

November 17, 2025
Фото: Лариса Дир/Х

Амбасадорката Дир: Ракетен удар на рф врз станбен квартал во Харкивскиот регион – 3 загинати, 10 повредени, меѓу нив и деца

November 17, 2025
Мурал од Бенкси

Меѓународен ден за толеранција: ЦИВИЛ бара почитување на принципите на толеранцијата, човековите права и меѓународното право – да се стави крај на насилствата и војните

November 17, 2025

Гаши ги распиша локалните избори за градоначалници во Гостивар, Врапчиште, Маврово и Ростуша и Центар Жупа за 11 јануари 2026

November 17, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ФОРУМ КОНТЕКСТ

Лариса Дир, Амбасадорка на Украина: Секој час на бојното поле е важен

March 27, 2023 20:00
in ВОЈНА ВО УКРАИНА, ИЗЈАВИ, КОНТЕКСТ, ПОЛИТИКА, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Амбасадорката на Украина, Лариса Дир, учествуваше на одбележувањето на третата годишнина од пристапувањето на Северна Македонија во НАТО, организирани на највисоко државно ниво. Во својот говор, Амбасадорката Дир упати честитки до Премиерот Димитар Ковачевски, Министерот за надворешни работи Бујар Османи, Министерката за одбрана Славјанка Петровска и до „македонскиот народ за овој судбоносен настан“.

„Со напорите на Владата и македонскиот народ, беа надминати многу пречки на патот кон демократските реформи и интегративните процеси со цел да го исполнат високите стандарди на НАТО. Камен-темелникот на Алијансата е член 5 од Северноатлантскиот договор. Колективната одбрана е сигурна гаранција за безбедност во услови на современите предизвици“, рече Дир во својот говор.

Украинската амбасадорка ги истакна напорите што ги прави Северна Македонија за да го развие капацитетот на државата во насока на колективната безбедност.

„Со пристапувањето на Република Северна Македонија во Северноатлантската алијанса, самата Северна Македонија стана посилна, а Алијансата ја зајакна својата моќ. Тоа секако дава доверба на која било земја, а исто така ги прави најефективни мерките за надминување на последиците од војната на руската федерација против Украина. Овие последици вклучуваат сајбер и хибридни закани, ранливост на критичната инфраструктура, дрски дезинформации“, рече Амбасадорката.

Таа ја истакна големата помош што Северна Македонија ѝ ја дава на Украина, особено имајќи предвид дека се работи за најмладата земја членка на НАТО. Според неа, седумте одлуки на Владата на Северна Македонија за обезбедување на воена помош за Украина се од витално значење на бојното поле за украинските бранители, кои по цена на сопствениот живот ја бранат и Украина и демократските вредности. Според нејзини зборови, обезбедувањето на Украина со дополнителни средства за противракетна и противвоздушна одбрана, оружје со долг дострел и борбени авиони ќе ги спаси животите на Украинците и ќе ја забрза победата над земјата агресор русија, што само по себе ќе го зајакне источното крило на НАТО.

„Ве молиме, не го одолговлекувајте снабдувањето со оружје за нашите војници што може да ги заштити Украинците. Секој час на бојното поле е важен“, апелира украинската амбасадорка.

Според амбасадорката Дир, со претседавањето со ОБСЕ, Северна Македонија ефективно ја извршува најтешката функција да обезбеди функционирање на овој безбедносен форум во вакви опасни услови на војната на русија против Украина.

„И преживувајќи и борејќи се во вакви услови, Украина бара безбедносни гаранции. НАТО отсекогаш ја поддржувало Украина. По 24 февруари 2022 година, ваквата поддршка и помош стана сеопфатна и оптимална. И ова ја содржи важната улога на Северна Македонија. Украина, исто така, се надева дека самитот во Вилнус ќе ги оптимизира безбедносните гаранции за Украина“, рече Амбасадорката Дир.

На крајот, украинската амбасадорка им посака на Северна Македонија и македонскиот народ сила, успех, енергија и просперитет, како член на колективното безбедно семејство – НАТО, чии врати се отворени и за Украина.

„Ви благодариме за вниманието и поддршката! Застанете со Украина“, заврши Амбасадорката на Украина, Лариса Дир.

Извор: Амбасада на Украина во Република Северна Македонија

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Скриншот од видео на ДИК

    Локалните избори 2025 се официјално и конечно завршени, објави ДИК

    307 shares
    Share 123 Tweet 77
  • Богати странци плаќале по 80.000 фунти за „сафари викенд“ за да убиваат цивили за време на опсадата на Сараево

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    122 shares
    Share 49 Tweet 31
  • Вицепремиерот Стоиљковиќ со нервозна реакција на новинарско прашање од ЦИВИЛ – тенденциозна и потпалувачка порака на социјалните мрежи

    98 shares
    Share 39 Tweet 25
  • Како е поврзан министерот Трипуновски со корупцискиот скандал во кој е осомничена негова блиска соработничка

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ