• Latest

Лажниот патриот!

August 27, 2023

(РАЗОТКРИВАЊЕ) Дезинформациите за „био-лабораториите“ во Украина: Како се шири лагата во САД

June 15, 2026

Постојаното враќање на лагата за „био-лабораториите“: Како Русија ја рециклира дезинформацијата за да ја изобличи реалноста

June 14, 2026
Марјан Забрчанец (фото: ЦИВИЛ)

Забрчанец: Транспарентноста не носи гласови на избори, но испорачува европски стандарди и подобри услуги за граѓаните

June 14, 2026

Слово за идентитетот

June 14, 2026

Русија ја оживува пропагандата за „биолошко оружје“ во Украина додека продолжуваат нападите врз цивилни цели

June 13, 2026

ЕУ даде зелено светло: Украина и Молдавија го отвораат првиот преговарачки кластер во понеделник

June 13, 2026

Скопје домаќин на безбедносен форум за улогата на Западен Балкан во европската стабилност

June 13, 2026

Целата сторија за случајот „Мазут“ – што навистина се случувало во ТЕЦ Неготино?

June 13, 2026
Фото: ВИ

Спортот обединува, омразата разединува: Време е за навивање без говор на омраза, расизам и националистички провокации

June 12, 2026

Прашања без одговори: Зошто политичарите молчат пред клучните прашања?

June 12, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА

Лажниот патриот!

August 27, 2023 10:51
in ПОЛИТИКА, СЛОБОДНА ЗОНА
Share on FacebookShare on Twitter

ДЕСТАН ЈОНУЗИ

Христијан Мицкоски, преку својот лажен патриотизам се обидува да убеди илјадници наши сограѓани, соседи Македонци, но и Албанци, нација на која ѝ припаѓам, дека внесувањето на Бугарите во преамбулата на Уставот е штетно за државата, како и за националните интереси на македонскиот народ.

Извини, бе, бате Мицкоски!

Веќе е јасно дека си играш со „оган“, манипулирајќи со идентитетот, културните и националните чувства.

Од почетокот на расправата за уставните измени неколку пати ги менуваше ставовите. Извесен период не беше против вклучување на Бугарите во Уставот, но сакаше измените да се направат по моделот на хрватскиот Устав, потоа се договори пред повеќе од два милиони граѓани на Северна Македонија, по средба со премиерот Димитар Ковачевски, кога рече дека ќе гласаш за уставните измени со одложено дејство, но имаше едно нихилистичко, неграѓанско барање Владата да биде моноетничка без Албанците или, како што камуфлираше, без ДУИ.

Интересно! Влада без ДУИ!

Па нели бе Христијан Мицкоски заедно со ДУИ и Али Ахмети 10 години владеевте? Што се промени? Без чија ДУИ сакате влада, без таа што беше со вас во коалиција, или сегашната? Каде ја гледате промената? Истата партија е! Не е принципиелно барање, туку популистичко, тоа да. И крајно националистичко.

Од друга страна, и СДСМ, партијата која од осамостојувањето на државата се жртвуваше повеќе од кој било друга за државните интереси, а на нејзина штета (по рејтинзите), му нудеше и пет министерски ресори што ги раководи, а потоа и самиот премиер Димитар Ковачевски рече дека е подготвен да се повлече, доколку ВМРО-ДПМНЕ ги поддржи уставните измени.

Но, кога Мицкоски виде дека власта е сериозна за оваа работа! Повторно назад на старата песна!

Нема да има уставни измени под „бугарската диктат“! Но, не кажува по кој диктат и за кои уставни измени е подготвен, бидејќи тоа е политички став на ЕУ и нема да се промени. Може само да се влоши. Со ова тој покажува дека нема визија, а уште помалку друга алтернатива за напредок на интегративниот процес на државата.

И покрај сето ова, Мицкоски оди уште подалеку со својата фантазија. Тој вели дека со лажни информации се злоупотребени меѓународната заедница, но и Соединетите Американски Држави, кои цело време го повикуваат да рефлектираат и поддржи уставни измени за земјата непречено да се движи кон ЕУ.

Парадоксален! Популист! Наивен!

Мицкоски ја одбра старата форма на политика, лажен патриотизам, како во времето на неговиот претходник Никола Груевски. Тој користи различни механизми за да не излезе од кожата на „лажен патриот“.

„Пијан“ човек за власт, влезе во маглата на политиката и веќе не може да го избегне лошиот пат на кој се наоѓа.

Неговата поддршка на социјалните мрежи не ја одразува поддршката на терен! Покрај јавното извинување за грешките спрема сопартијците, мора да покаже како неговата партија ја уништи оваа држава, како ја донесе од земја со одлични меѓуетнички односи во земја во која луѓето се гледаат како „душмани“ еден со друг, во земја каде што државната каса и апарат се користеа за збогатување на братучедите, на место каде се граделе барокни згради и се поставувале бронзени статуи со илјадници и милиони евра…

Христијан Мицкоски, „миленикот“ на Никола Груевски и Виктор Орбан, не може да не се однесува вака кон државата и кон граѓаните кои очекуваат европска иднина. ВМРО-ДПМНЕ својата политика веќе ја претвори во фолклоризам и лажен патриотизам, но Европа на иднината е друга форма на политика. Христијан Мицкоски очигледно заборава дека младите кои имаат право на глас се генерација на иднината, која не се грижи многу за минатото.

Ако не носите иновации во политиката, туку се обидувате со методи од фолклорното минато, како – „бугарски диктат“, „албански диктат“, „тиранска платформа“ (која постоеше само во главата на Никола Груевски), не ги добивате симпатиите ни на соседите во населбата. Граѓаните сакаат повисоки плати, сакаат перспектива, поинаков живот, а не за сојузи кои ја оштетуваат интеграцијата на земјата во ЕУ и ја насочуваат кон интересите на Кремљ и Путин.


Текстот е личен став на Авторот. Дозволено е преземање на текстот според лиценцата Creative Commons 4.0. Извор: FRONTLINE
Tags: анти-ЕУВМРО-ДПМНЕнационализампопулизам
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ