• Latest

Лажните вести и корона вирусот одат рака под рака, а онлајн медиумите се фаќаат во стапицата

March 29, 2020

Лукоил ја прифати понудата на Ганвор Груп за купување на меѓународните средства, ќе добие ли македонската подружница нов газда?

October 30, 2025
Фото: Град Скопје

Арсовска го назначи Александар Јовановски за нов в.д. директор на Комунална хигиена – Скопје

October 30, 2025

ДЕМОКРАТСКИ НАВИГАТОР ВО ТЕТОВО: Од локални гласови до заедничка иднина

October 30, 2025
Тепање на руски војник со повикувачки знак „Фикса“ од 80-тиот тенковски полк на 90-та тенковска дивизија на Централната група. Фотографија: Скриншот од видео разговор со роднини/Верстка

Руските армиски началници мачат и егзекутираат војници кои одбиваат да се борат во Украина, открива истрагата на независниот медиум Верстка

October 30, 2025

Словенечкиот проблем: Кога стравот станува политика

October 30, 2025

Нема втор круг! Изборите во Гостивар, Врапчиште, Маврово и Центар Жупа пропаднаа – ќе се распишат нови!

October 30, 2025
Скриншот од видео на CNN-News18

„Ова беше колеж, а не операција“- фавелата се тресе од најсмртоносниот полициски напад во Рио

October 30, 2025
Фотографија: Скриншот

Аналитичари за укинувањето на санкциите за Додик -„возвратена услуга“ за повлекувањето од функцијата претседател на РС, аналитичарите за укинувањето на санкциите за Додик

October 30, 2025

Нов фронт меѓу Албанците: Таравари и Села се борат за печат, а електоратот бега и апстинира!

October 30, 2025
Скриншот од видео на Firstpost

„Убиваа цивили во нивните кревети“- хаос и бруталност владеат во Судан по падот на Ел Фашер

October 30, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Лажните вести и корона вирусот одат рака под рака, а онлајн медиумите се фаќаат во стапицата

March 29, 2020 11:35
in ВЕСТИ, ДЕЗИНФОРМАЦИИ, КОВИД-19
Share on FacebookShare on Twitter

„Аман, овие весници секогаш лажат“, налутено вели жената на чичко ми откако ѝ кажав дека сè уште не е одобрена вакцина или лек за мсовна употреба против Ковид – 19, пандемската болест која сè уште го мачи светот.

Таа, на својот нов смартфон, читала вести од некои несигурни онлајн медиуми од Косово. Откако на екранот ѝ се појавил напис за вакцина, се возбудила, надевајќи се дека светот конечно ќе се врати во нормала.

Написот – објавен на страница за која се знае дека повремено се потпира на лажни вести и спорни информации – содржеше бомбастичен наслов за вакцина што била успешно тестирана и функционира против новиот коронавирус, но доколку продолжите да читате ќе забележите дека нема понудено доказ дека такво нешто ќе се случи. Различни медицински тимови ширум светот сè уште истражуваат и се обидуваат да подготват вакцина, но за тоа ќе почекаме уште некое време.

Вујкото на мојата сопруга, кој живее во селото каде што моментално сме изолирани, ги извади очилата и воздивна, нервирајќи се со телефонот. Алгоритамот на неговиот телефонот што ги избира написите „подиве“ и веќе стана навистина тешко за него да ги разликува доверливите написи од оние лажните.

Овој попладневен настан ме натера да размислувам за важноста на протокот на вести и за потребната веродостојност на споделените написи. Читањето вести и информирањето не треба да се прави колку да се пополни време (иако сме заглавени во нашите домови). Тоа е прилично комплексен процес што може да има големи влијанија врз животот на луѓето.

Пандемијата на коронавирус предизвика бранови дезинформации низ целиот свет, а многу луѓе запопчнаа да веруваат во несигурни и непроверени информации. 

Кога луѓето се соочуваат со стресна ситуација и чекаат нејзино брзо решавање, создавачите на лажни вести стануваат ревносни во нивната потрага по повеќе кликови и споделување. Како што објаснува Џеф Хенкок, професор на Стенфорд, луѓето бараат информации за време на вакви страшни периоди со цел да ја намалат неизвесноста и да си ја вратат надежта.

„Ова може да ги натера луѓето да веруваат во информации што можеби се погрешни или лажни, затоа што им помага да се чувствуваат подобро или им овозможува да обвинат некого за тоа што се случува“, вели Хенкок. „Ова е причината зошто теориите на заговор стануваат толку актуелни во вакви периоди“.

Во земјите од југоисточна Европа, истражувањата покажуваат дека луѓето имаат тенденција да не веруваат на информациите што доаѓаат од Интернет, без разлика дали се тоа веб-страниците за вести или социјалните медиуми.

Според извештајот на Медиумската службата за разузнавање – ЕБУ, со наслов „Доверба во медиумите 2019“, разликата во довербата помеѓу традиционалните и новите медиуми во последните години се зголемува. Истражувачи на Балканот утврдија дека овој пад на довербата во новите медиуми – обично поврзани со онлајн медиумите – најмногу се припишува на слабата доверба во медиумите кои користат Интернет за да комуницираат со своите читатели.

Извештајот за 2019 година за прв пат покажа дека повеќе луѓе покажуваат доверба, отколку недоверба, во пишаниот печат, но онлајн медиумите не се вклучени во оваа категорија. Генерално, луѓето во Европската Унија имаат тенденција да не веруваат на медиумите, а исто така довербата во социјалните медиуми и интернетот е ниска.

Во Косово, порталите за вести се обично недоволно квалификувани и главно се снабдуваат со написи со вести објавувани претходно на други страници, работна практика наречена „copy-and-paste“ што формираше меурче во кој порталите разменуваат информации без соодветно да ги проверат.

Новинарите обично го поминуваат времето набљудувајќи ги другите вести од нивните бироа и копирајќи ги написите веднаш штом се појават на некој друг портал. Еден новинар своето време обично го поминува известувајќи од канцеларија и објавува околу 20 статии дневно, додека лажните и непроверените информации лесно се протнуваат низ пукнатините.

Откако започна кризата со коронавирусот, онлајн медиумите во Косово и Северна Македонија постојано се фаќаат во стапицата на лажни написи што претходно биле споделени од странски медиуми, а потоа ревносно преведени се објавуваат од медиумите во двете земји.

Во извештајот во кој се анализира состојбата на онлајн медиумите во Северна Македонија, објавен од „Медиум“ во 2017 година, во соработка со „BIRC“ и „Цивика мобилитас“, се заклучува дека околината на онлајн медиумите во Северна Македонија е речиси хаотична. Во повеќето портали не е дадено името на авторот на написот, додека пак повеќе од половина од објавените содржини се преземаат од други медиуми дури и без промена на насловот.

На овој начин, онлајн медиумите ризикуваат да станат слуги на мрежите за лажни вести, кои пак од друга страна се обидуваат да ја зголемат својата активност за време на вакви вонредни ситуации.

Додека КОВИД – 19 пустоши низ целиот свет, луѓето го користат времето во своите домови за да размислуваат и да прават работи за кои претходно немале доволно време. Дали медиумите треба повеќе да размислат за нивната улога во ширењето на дезинформациите и намалувањето на довербата во општите медиуми?

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Деца и училишни ресурси како алатка за кампања во Пробиштип!

    137 shares
    Share 55 Tweet 34
  • Лукоил ги продава своите филијали во странство по санкциите на САД, македонската подружница сé уште молчи за прашањата на ЦИВИЛ

    112 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Изборите и коалицијата: ВЛЕН му го залула чунот на Мицкоски

    110 shares
    Share 44 Tweet 28
  • Косовски пратеник удри граѓанин со бокс оти го нарече „лажго“ – инцидент во центарот на Приштина!

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
  • Арсовска шири лажни вести: Директорот на „Комунална хигиена“ сè уште е во притвор и не потпишувал „во срце и душа сум ВЛЕН“

    101 shares
    Share 40 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ