Оскаровецот Леонардо ди Каприо донираше 7,6 милиони фунти за Украина, која се бори против руската инвазија во последните две недели. Предходно и неколку други актери, како Мила Кунис и Ештон Качер исто така донираа средства за Украина, пренесува Индипендент.
47-годишниот актер има блиски лична врска со нацијата зафатена од војна, бидејќи неговата баба по мајка, Хелена Инденбиркен е родена во Одеса, Украина. Таа мигрирала во Германија со нејзините родители во 1917 година.
Ди Каприо бил доста близок со својата баба, која според повеќе информации секогаш ја поддржувала неговата актерска кариера.
Бабата на Ди Каприо починала на 93-годишна возраст во 2008 година. Таа го придружувала својот внук на премиерите на многу негови филмови.
Според Polish News, донацијата на актерот во Украина ја објави Меѓународниот Вишеградски фонд.