• Latest
Војо Маневски

Зимницата и тетратките бараат нови политики

August 26, 2025

Коридорот на „старо железо“

June 3, 2026

Ќе го чепне ли Маѓар експремиерот Груевски на финансиски план?

June 3, 2026
Проф. д-р Стево Пендаровски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Пендаровски отвора нови прашања за „шпионската афера“ во Кабинетот на претседателката: Ако нема афера, зошто е суспендиран ИТ-техничар?

June 2, 2026
Кијив, 2 јуни 2026 (Укринформ)

Продолжува рускиот терор врз цивилни цели во Украина: Масовен напад врз Кијив, Днипро, Харкив и Запорижја, има загинати и повредени

June 2, 2026
Илустрација ВИ

РЕАКЦИИ: Политичарите се проблемот, не меѓуетничките односи – граѓаните бараат помалку национализам и повеќе заедништво

June 2, 2026

Белешка за еднаквоста во граѓанска држава, а не во држава на „природни“ сопственици

June 1, 2026
Бенјамин Нетанјаху (фото извор: Wikimedia)

Израел повторно го таргетира Бејрут: Нетанјаху нареди напади врз јужните предградија, расте стравот од поширока регионална ескалација

June 1, 2026
Фотографија: Скриншот од видео објавено на Х профилот на францускиот претседател Емануел Макрон

Француската морнарица пресретна санкциониран руски танкер во Атлантикот

June 1, 2026
Фото: Скриншот

Суд во Хамбург му забрани на „Шпигел“ да го поврзува Вучиќ со „Сараевското сафари“

June 1, 2026

УТРИНСКА ПОШТА: Кошта на турнеја низ Западен Балкан, ЕУ со дополнителни 3,2 милијарди евра за поддршка на Украина; на полноќ нови цени на горивата

June 1, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА

Зимницата и тетратките бараат нови политики

Алчноста на банките и големите трговски синџири е темата за која се дебатира и во Белград и во Сараево и во Загреб. Кај нас владата како да се исплаши од решенијата што и стојат на располагање па се врти во круг околу потрошувачката кошница и цените на училишните прибори.

August 26, 2025 11:15
in ЕКОНОМИЈА, ОБРАЗОВАНИЕ, ПОЛИТИКА, СЛОБОДНА ЗОНА, ТОП 5
Војо Маневски

Војо Маневски

Share on FacebookShare on Twitter

 ВОЈО МАНЕВСКИ   

Темата која е застапена во медиумите во регионов веќе цело лето е високите цени на храната и ударот врз семејниот буџет  со почетокот на новата учебна година. Тоа е и логично поради сличноста на навиките и културолошките одлики на народите кои живеат во регионот.

Но, предложените владини мерки за надминување на проблемот се толку слични што ми изгледа како да се координираат министрите или барем разменуваат мислења околу нив. Закон за нефер трговски практики, листа на производи каде ќе се замрзнат маржите. Алчноста на банките и големите трговски синџири е темата за која се дебатира и во Белград и во Сараево и во Загреб. Кај нас владата како да се исплаши од решенијата што и стојат на располагање па се врти во круг околу потрошувачката кошница и цените на училишните прибори.

Од мислењата кои успеав да ги следам а ги изнесуваат угледни економисти засега преовладува заклучокот дека недоградениот пазар и недоволното функционирање на правната држава оставаат простор за разни шпекулации. Повикувањето на пазарните законитости е исто како да го замолите ограбувачот да земе само толку што му треба и да остави нешто и за вас.

Во Белград нашироко го спремаат законот за нефер трговски практики, а во Загреб се коментираат ефектите од сличен закон кој го донеле уште во 2019 г. Патем да прашам што стана со нашиот таков закон кој требаше да почне да важи во пролетта 2024. Беше најавуван како решение за растот на цените на храната ама засега неговото важење се одложува. Анализите за високите цени на храната се стандардни и се како од учебник. Мали земјоделски површини, застарена механизација преголема зависност од климатските промени резултираат со недоволно производство на храна. Штом нешто е недоволно на пазарот е дефицитарно ,неговата цена се зголемува. Посебно кога се работи за храна . Да се јаде мора, велат граѓаните во анкетите. Увозот е решение кое  кај нас остава преголем простор за разни картелски здружувања што им носи големи профити.

Она што го произведуваат нашите земјоделци е неконкурентно и поради нередот во трговската дејноста каде трговците освен маржите бараат и рабат од производителите па дури и скриен рабат поврзан со разни маркетиншки трикови и распореди на производите во нивните маркети. И тоа не е доволно па плаќањето на производите е во распон и до деведесет дена. За тоа време земјоделците мора да ги трошат своите средства за да произведат храна која после мора да ја нудат на трговските синџири. Доцнењето на субвенциите ,временските неприлики и веќе алармантниот недостаток на работна сила ги гради цените како кули.

Оваа проблематика со нов циклус на технолошко опремување на земјоделците со помош на евтини кредити можеби ќе вроди со плод ама прво треба да се измени политиката со која банките својот ризик за пласманите го ставија на минимум. За нужната реформа во положбата на банките итно е потребна одговорна дебата и излезни решенија.

Ова се само некои од аргументите кои ја објаснуваат високата цена на храната  во регионов.

Училишните прибори не смеат да поскапат повеќе од нивото кое го имале во јуни. Така вели министерката за образование и наука . Смеам да се кладам дека трговците ќе смислат низа на марифетлуци со кои ќе ги подигнат  цените барем до крајот на септември. Во тој месец се купуваат ваквите производи после се дополнува потрошеното. Овде законот за нефер трговски практики ќе помогнеше ли? Ако владата има притисок од моќните трговски ланци и увозници за регулирање на цените на храната и нејзина стабилизација ако веќе нема намалување на цените , кој врши притисок за цените на тетратките и училишниот прибор?

Тешко се навикнуваме на правилата на капиталистичкото општество каде се има цена и се ѐ на пазар. Министерството за образование и наука ја одреди цената на секој ученик што ја дава на општините во блок дотациите. Ќе се зголеми делот од дотациите кој треба да се употреби за подобар образовен процес. Сега над 90% од блок дотациите се употребува за плати на наставниците.

Како некаков исчекор од заматената вода во реформите во образованието вреди да се разгледува. Но ако остане само на овој сегмент од целиот процес, а не се влезе во посуштинско реформирање на образованието, ништо нема да се смени. Следната година ќе има некои средства повеќе за образовниот процес а веќе во учебната година после неа платите на наставниците ќе го пополнат тој простор.

Едноставен е одговорот. Деца има се помалку, партиските вработувања во наставниот кадар не се битно намалуваат, а барањата за поголеми плати не стивнуваат. Колку деца треба да има во едно одделение за да имаме современ образовен процес? Петнаесет, седумнаесет или по неколку ученика на секој наставник ? Ако еден наставник има 15 ученика во една учебна година ќе има ли иста плата ако следната учебна година има 12 ученика?

Според методологијата предложена од министерството за распределба на средствата од блок дотациите тој би требало да има поголема плата бидејќи секој ученик носи одредени средства од буџетот. Решенијата не се лесни и тешко се прифаќаат во заедницата . Сите замижуваме дека деца има се помалку и ќе се соочиме со вишок и на училишта и на наставен кадар.

Значи да резимирам. Нема реформи во образованието без реформи пред се во политичкиот систем и во организацијата на државата како најголем потрошувач на ресурсите на граѓаните. Не произведуваме толку колку што на нашите политичари и политики им треба. Структурни економски реформи се можни само со реформи на државниот апарат.

За крај морам да ви раскажам една случка која донекаде го отсликува времето во кое живееме. На пазар во Штип минатата недела веќе се продаваат  црвените пиперки за зимница. Убаво наредени ги истоварува продавач за кој смеам да се кладам дека не ги произведува . Го прашувам колку се пиперките а тој —шшшшшш осумдесет денари кило господине. Како бе осум започнува со ш му велам .  Слободен пазар е господине цените се формираат според законите на пазарот. Ако имаше повеќе пиперки ќе беше шеесет денари ама гледам сам сум овде и веднаш цената скока на осумдесет денари.  Чудо е слободниот пазар си мислам а се потсетувам на сто дваесет милиони евра субвенции  во производството на храна како што се фалат министрите . Тие средства се калкулираат ли во цената што започнува на шшшш, а изнесува осумдесет?


Текстот е личен став на Авторот
Tags: буџетземјоделиенефер трговски практикиреформи во бразованието
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ