• Latest

Воздушните тревоги ги бојат интерактивните мапи на Украина во црвено – рускиот терор продолжува

July 20, 2026

Синдикатот на „Нова“ и „Радар“ бара повлекување на одлуките за затворање на весникот и отпуштање на соработници

October 28, 2026
Немања Каровиќ, Студентска листа

Каровиќ, Студентска листа: Власта во заминување се обидела да извлече милијарда динари од банка во Србија

October 28, 2026

Израел по изборите: Нетанјаху без мнозинство, опозицијата поделена околу формирањето нова влада

October 28, 2026
Неуморни и сеприсутни: Државната служба  за вонредни состојби на Украина (ДСНС): Кијив, 27 октомври 2026

Студот и темнината како оружје на рускиот агресор – Комисија на ОН: воени злосторства и злосторства против човештвото во Украина

October 28, 2026
Протести Франција 17 октомври 2026 (Фото: Скриншот од видео на Дојче Веле)

Протести во Франција: Владата најави мерки од 5 милијарди евра, нови протести на 31 октомври и 5 ноември

October 28, 2026
Војо Маневски (фото: ЦИВИЛ)

Кој ќе биде оревокршач во Македонија

October 28, 2026
Амбасада на Израел, Белград,  28 октомври 2026 (Фото: Министерство за внатрешни работи на  Србија)

Втор напад за две години пред израелската амбасада во Белград, прогласено црвено ниво на закана

October 28, 2026

ШТО Е СНОБ: Легендата за sine nobilitate и опседнатоста со докажување на сопствената вредност

October 28, 2026
Џелал Хоџиќ

Време е да се растераат темните облаци на Путин над Западен Балкан

October 28, 2026

РЕАКЦИИ: Србија по студентската победа – надеж за промени или страв од повторување на старите грешки?

October 27, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home КОНФЛИКТИ ВОЈНА ВО УКРАИНА

Воздушните тревоги ги бојат интерактивните мапи на Украина во црвено – рускиот терор продолжува

July 20, 2026 20:36
in ВЕСТИ, ВОЈНА ВО УКРАИНА, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Луцк, Украина, 20 јули 2026 – Во текот на минатата ноќ, мапите на мобилните апликации за воздушна опасност во Украина беа речиси целосно обоени во црвено, што укажуваше на широка закана врз повеќе региони. Украинските власти соопштија дека рускиот агресор изврши напад со две ракети воздух-земја Kh-59/69 и 94 дронови од различни типови во ноќта меѓу 19 и 20 јули. Силите за воздушна одбрана соборија 81 руски беспилотни летала.

Паралелно со нападите врз градовите, Украина објави дека агресорот извршил и смртоносен удар врз товарниот брод Golden Leo во близина на Одеса. Бродот, кој превезувал жито, бил погоден со крстосувачки ракети.

„рф останува главна закана за безбедноста на пловидбата во Црното Море. Бројот на загинати по нападот на рф на 19 јули врз трговскиот брод кај Одеса се зголеми на 10“, објави украинската амбасадорка Лариса Дир на социјалните мрежи денеска.

Според украинските информации, загинале членови на екипажот, има повредени и исчезнати, а меѓу загинатите бил и украински поморски пилот. Овој напад покажува дека цел на агресорот не се само украинските градови, туку и цивилната поморска и извозна инфраструктура, вклучително и транспортот на храна.

Ракетните напади на рф врз бродови со жито се системска политика за нарушување на глобалната прехранбена безбедност

Колегите од „Волинска газета“ во Луцк, од каде што се подготвува овој извештај, нѐ информираат дека нападите на рускиот агресор со дронови и наведувани авиобомби на 19 и 20 јули 2026 година предизвикаа сериозни штети и човечки жртви во неколку украински региони. За првпат со модернизирани авиобомби беше погоден Павлоград во Днипропетровската област, каде што беа повредени 13 лица, меѓу кои и едно 13-годишно девојче.

Во слични напади во Запорижја и Краматорск имаше две цивилни жртви и осум повредени лица, додека во Краматорск беа забележани шест директни погодоци во станбени квартови. Истовремено, нападите со дронови предизвикаа големи материјални штети на цивилна и индустриска инфраструктура, бензински пумпи и повеќекатница во Миколаив, како и приватна фабрика во П’лтава.

Воздушните тревоги низ Украина во ноќта кон 20 јули уште еднаш ја покажаа реалноста на животот под постојана закана. Непроспиени ноќи, пожари, оштетени или разурнати домови и постојана борба за преживување.

Луцк не беше во „црвената зона“ минатата ноќ. Колегата, д-р Волфганг Ресман, утрово само кратко искоментира:

„Ние сме во окото на ураганот“.

Изминува 1.608-от ден од почетокот на целосната руска инвазија. Сега е 21:30 по локално време. Нова ноќ на неизвесност се спушта над Украина. Агресорот ја користи ноќта како штит и како оеужје против цивилите. Секој ден и секоја ноќ – ново воено злосторство.

Џабир Дерала
Од Луцк, Украина 

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ