• Latest
Спасувачи и новинари меѓу загинатите во двојниот напад врз болницата Насер; 25 август 2025 (Фото: Скриншот од видео на ВВС)

Светските лидери и новинарските зруженија со осуда на израелскиот напад во Газа во кој загинаа пет новинари

August 26, 2025
Фото: Скриншот ЦИВИЛ Медиа

Интервју со Димче Велев: Лицата со дијабетес бараат сигурност во терапијата и еднаков пристап до здравствена заштита

November 13, 2026
Фотографија: Unsplash

Глобален прекин на Мајкрософт ги блокираше Outlook, Teams и Copilot – погодени корисници во 74 земји

November 13, 2026
Фото: Антон Препелицjа

Српската машинерија на моќта се свртува против самата себе

November 13, 2026

ИСТОРИЈА НА ЕДНА БОЛЕСТ: Од ЈУБМЕС до Алта банка – хроника на длабоките тајни во политиката и финансиите

November 13, 2026

Даблинскиот самит во знакот на демократската безбедност: Европа се соочува со бран лажни бомбашки закани

November 12, 2026
Фотгорафија: Кабинет на претседател на Северна Македонија

КОП31: Македонија ветува 80% намалување на нето – емисиите до 2035 година, Турција обезбедува 1,6 милијарди долари за климатски реформи

November 12, 2026
Џабир Дерала, Изборни препораки: Улогата на граѓанското општество, (Варшава, 9-10 ноември 2026)

Дерала од настан на ОДИХР во Варшава: Изборните реформи во Северна Македонија се привид што го креираат политичките елити

November 12, 2026
Празна каса | Сатира: ЦИВИЛ МЕДИА (сите права се задржани)

Хоџиќ: Како пукна економскиот популистички балон на Мицкоски

November 12, 2026
Спасувачи и новинари меѓу загинатите во двојниот напад врз болницата Насер; 25 август 2025 (Фото: Скриншот од видео на ВВС)

Израелски напад врз болницата „Насер“ во Газа: шест загинати, меѓу нив и хирург

November 12, 2026

Се нашла крава која не дава млеко на сточен пазар

November 11, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home КОНФЛИКТИ ВОЈНА ВО ГАЗА

Светските лидери и новинарските зруженија со осуда на израелскиот напад во Газа во кој загинаа пет новинари

August 26, 2025 12:24
in ВЕСТИ, ВОЈНА ВО ГАЗА, СВЕТ, ТОП 5
Спасувачи и новинари меѓу загинатите во двојниот напад врз болницата Насер; 25 август 2025 (Фото: Скриншот од видео на ВВС)

Спасувачи и новинари меѓу загинатите во двојниот напад врз болницата Насер; 25 август 2025 (Фото: Скриншот од видео на ВВС)

Share on FacebookShare on Twitter

Светските лидери и новинарските групи реагираа на израелскиот напад во понеделникот врз болницата Насер во Појасот Газа, во кој загинаа најмалку 20 лица, вклучувајќи пет новинари кои работеа за Ројтерс, Асошиејтед Прес, Ал Џезира и други.

„Комитетот за заштита на новинарите ги осудува израелските напади во кои загинаа пет новинари во болницата Насер во јужна Газа и ја повикува меѓународната заедница да го смета Израел за одговорен за неговите континуирани незаконски напади врз печатот,“се вели во реакцијата на Комитетот за заштита на новинарите.

Во својата реакција,Синдикатот на палестинските новинари вели:

„Синдикатот потврди дека ова гнасно злосторство претставува опасна ескалација во директното и намерно таргетирање на палестинските новинари и потврдува без сенка на сомнение дека окупацијата води отворена војна против слободните медиуми, со цел да ги тероризира новинарите и да ги спречи да ја извршат својата професионална мисија за разоткривање на своите злосторства пред светот.“

Претседателот на САД, Доналд Трамп вели дека не знаел за настанот:

„Кога се случи ова?“ „Не го знаев тоа. Па, не сум среќен поради тоа. Не сакам да го видам. Во исто време, мора да го завршиме целиот тој кошмар.“

„Ова е неподносливо: цивилите и новинарите мора да бидат заштитени во сите околности. Медиумите мора да можат слободно и независно да ја извршуваат својата мисија за да ја покриваат реалноста на конфликтот,“ смета францускиот претседател Еануел Макрон.

Во соопштението од понеделникот, Министерството за надворешни работи на Катар нагласи дека таргетирањето на новинарите, хуманитарните и медицинските работници од страна на окупаторските сили бара итна и решителна меѓународна акција за да се обезбеди потребната заштита за цивилите и да се обезбеди дека сторителите на овие злосторства нема да избегнат казна.

Портпаролот на ОН, Стефан Дужариќ  соопшти дека Генералниот секретар остро го осудува убиството на Палестинците денес во израелските напади што ја погодија болницата Насер во Кан Јунис. Меѓу убиените, покрај цивилите, беа и медицински персонал и новинари.

„Овие најнови ужасни убиства ги истакнуваат екстремните ризици со кои се соочуваат медицинскиот персонал и новинарите додека ја извршуваат својата витална работа во овој брутален конфликт.

Тие „мора да бидат почитувани и заштитени во секое време. Тој повикува на брза и непристрасна истрага за овие убиства“.

Американската сенаторка Џин Шахин од Комисијата за надворешни односи на Сенатот вели дека лично е згрозена од бомбардирањето во Газа и од убивањето новинари и дека тоа треба да заврши сега.

„Во изминатите 22 месеци гледавме како здравствените установи се срамнети со земја, новинарите се замолчуваат, а здравствените работници се закопани под урнатините од страна на израелските сили. Додека Израел продолжува да го избегнува меѓународното право, единствените сведоци на нивната геноцидна кампања се намерно цел. Мора да престане сега,“ вели координаторот за Газа на Лекари без граници, Џером Гримо.

Во својата реакција, Равина Шамдасани, портпаролката на Високиот комесар на ООН за човекови права Фолкер Турк, вели:

„Убиството на новинари во Газа треба да го шокира светот – не во запрепастен молк – туку во акција, барајќи одговорност и правда.“

Со реакција излезе и генералниот директор на СЗО, Тедрос Аданом Гебрејесус:

„Додека луѓето во #Газа се гладни, нивниот веќе ограничен пристап до здравствена заштита е дополнително осакатен од повторени напади.“
„Не можеме доволно гласно да го кажеме: СТОП на нападите врз здравствената заштита. Прекин на огнот веднаш! вели тој.

„Замолчувањето на последните преостанати гласови што известуваат за деца што умираат тивко и #глад со рамнодушноста и неактивноста на светот е шокантно… Да го поништиме овој вештачки предизвикан глад со: – отворање на портите без ограничувања – заштита на новинарите и хуманитарните + здравствените работници. Време е за политичка волја. Не утре, сега,“ категоричен е шефот на  UNRWA, Филип Лазарини.

Од Здружението за странски пешат со седиште во Ерусалем, бараат итно објаснување од Израелските одбранбени сили и Канцеларијата на израелскиот премиер.

Апелираме до Израел еднаш засекогаш да ја запре својата гнасна практика на таргетирање новинари… Апелираме до меѓународните лидери: направете сè што можете за да ги заштитите нашите колеги. Ние не можеме сами да го сториме тоа,“ апелираат од Здружанието.

Во двоен израелски напад врз болница во Газа во понеделникот загинаа 20 лица, вклучувајќи новинари и здравствени работници, објави Би-би-си според информациите од медиумите за кои работеа, Светската здравствена организација и Министерството за здравство управувано од Хамас.

Најмалку едно лице беше убиено во првиот напад, а другите во вториот напад неколку минути подоцна, додека спасувачите и новинарите беа на местото на настанот во болницата Насер во Кан Јунис.

Петте новинари работеа за меѓународни медиуми, вклучувајќи ги Асошиејтед Прес, Ројтерс, Ал Џезира и Middle East Eye.

Подоцна во понеделник, израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху го нарече инцидентот „трагичен несреќен случај“ за кој Израел „длабоко жали“ и рече дека воените власти „спроведуваат темелна истрага“.

Д. Мишев

Tags: израелски напад на болница во Газаубиени новинари
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ