• Latest

Левица и СДСМ со поддршка на Мицкоски да го разреши Африм Гаши

August 6, 2024
Фотографија: Скриншот од Фејсбук видео

„Марш на ангелите“ во Кочани: Правдата и вистината да излезат на виделина

October 25, 2025
Фотографија: Wikimedia Commons

Независната кандидатка и левичарка Кетрин Коноли победи на претседателските избори во Ирска

October 25, 2025

Мицкоски очекува 59 градоначалници по завршување на вториот круг од локалните избори

October 25, 2025

Хоџиќ: Македонската политичка елита ја подготвува јавноста за интеграција во „српскиот свет“

October 25, 2025

Најголемиот американски воен брод, авиони, беспилотни летала и маринци се распоредуваат околу Венецуела

October 25, 2025

Камала Харис: Можно е повторно да се кандидирам за претседателка на САД

October 25, 2025

Религијата како оружје

October 25, 2025

Урсула фон дер Лајен: ЕУ развива план за намалување на зависноста од критични суровини од Кина

October 25, 2025

Турција најверојатно ќе биде исклучена од планот за стабилизација на Газа по противењето на Израел

October 25, 2025
Фото: Х

Литванија ги затвори аеродромите и граничните премини со Белорусија поради временските балони

October 25, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Левица и СДСМ со поддршка на Мицкоски да го разреши Африм Гаши

August 6, 2024 14:04
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Пратеничката група на Левица денеска во Парламентот поднесе интерпелација за работата на претседателот на Собранието, Африм Гаши поради тоа што „воведува непринципиелни политики во Собранието“.

Заснована е на седум точки,  образложени на десет страници. Претседателот на Левица Димитар Апасиев на прес-конференција рече дека очекува претседателот на Собранието, Гаши, да ја стави на дневен ред на седница по летниот одмор, односно на почетокот на септември, на првата наредна седница по истекот на 10 работни дена.

Првите две точки од интерпелацијата се однесуваат на повреда на секуларноста на државата со групната молитва во Собранието што ја направил Гаши и повреда на дипломатските правила за обезбедување ВИП-личности со инцидентот на Скопскиот аеродром пред пет дена во кој учествуваше шефот на обезбедувањето на Гаши.

Во однос на групната молитва Апасиев рече дека е „нешто без преседан во историјата на македонското Собрание“, повреден е членот 19 и амандманот 7 на Уставот на Република Македонија, повредена е судската пракса на Уставниот суд и посебниот закон за правната положба на црква, верска заедница и религиозна група.

-Втората основа по којашто ја поднесуваме интерпелацијата е повреда на дипломатските правила за обезбедување ВИП личности, а тоа е актуелниот случај кога шефот на обезбедувањето на спикерот на македонското Собрание учествуваше во практично дипломатски скандал на Меѓународниот аеродром во Скопје и спикерот Гаши јавно призна дека лично ја дал наредбата за негова интервенција во недозволена ареа, рече Апасиев.

Основи на барањето Гаши да се отповика од функцијата, според Левица, се и повреда на употребата на македонскиот јазик затоа што Гаши, како што рече Апасиев, „свесно го истиснува македонскиот јазик и неговото кирилско писмо и воведува илегална двојазичност дури и за пратениците кои се Македонци“, потоа повреда на правилата за употреба на државните инсигнии со тоа што во пленарната сала, спротивно на законот „нелегално стојат уште две други знамиња т.е. знамето на НАТО и знамето на ЕУ каде што ние се уште не сме членки“.

Повредено е, рече, и начелото на инкомпатибилност на функциите, односно го повикуваат на политичка одговорност Гаши затоа што не констатирал престанок на мандатот на новоизбраниот пратеник Талат Џафери „кој илегално ги извршуваше функциите премиер и пратеник“.

-Шестиот основ е повреда на законските и етичките одредби за антинепотизам. Сметаме дека со тоа што сопругата на Гаши патуваше со него во Вашингтон повреден е Законот за спречување на корупција и е направена тешка дисциплинска повреда на етичкиот кодекс за пратениците… и последниот основ е повреда на низа деловнички одредби за нормална работа на пратениците поради тоа што не се почитуваат императивните рокови за закажување седници, поради тоа што продолжува лошата пракса на шверцување закони по скратена постапка и поради тоа што не се обезбедени низа деловнички гаранции за нормално функционирање на пратениците, соопшти Апасиев.

Лидерот на Левица рече дека очекува пратениците да ја изгласаат нивната интерпелација за работата на Гаши со тоа што би го повикале на политичка одговорност.

-Уште еднаш го кажуваме нашиот јавен повик до ДПМНЕ дека стоиме на располагање за избор на нов човек од нивната пратеничка група, бланко поддршка, само за да се смени спикерот Гаши којшто воведува непринципиелни политики во Собранието, рече Апасиев.

СДСМ ќе му даде поддршка на премиерот Мицкоски за итна смена на претседателот на Собранието Африм Гаши по инцидентот на скопскиот аеродром со косовската претседателка Вјоса Османи, во кој учествуваше неговиот шеф на обезбедување кој доби кривична пријава и отстранување од работното место.

Портпаролката на СДСМ, Кузеска, вели дека како партија го повикуваат обвинителството да покрене постапка и го повика премиерот Христијан Мицкоски да излезе во јавност и да побара политичка одговорност од Гаши.

„Овој случај не може да се смета за затворен додека сите инволвирани во него не понесат одговорност. Институциите се должни итно да започна постапки. На Мицкоски му порачуваме наместо да се нуди да биде ескорт на ВИП-личности на скопскиот аеродром, да обезбеди почитување на правото кое него вади од уста. Нека го доведе Гаши до одговорност за случајот“, изјави Кузеска.

Таа вели и дека не е доволно што ВМРО-ДПМНЕ побарала одговорност само од извршителот, а не и од нарачателот и кажа дека министерот Тошковски на овој начин „удира по самарот“ и го штити спикерот на сметка на неказнивост, самоволие и непочитување на македонските закони.

„Според извештајот на МВР, стои ‘Пријавениот С.С. бил испратен на Меѓународниот аеродром ‘Скопје’ од страна на претседателот на Собранието’ и „Санкциите кон обезбедувачот и другите вработени во МВР, дел од обезбедувањето на Гаши, се поради извршување незаконска наредба’“, рече Кузеска.

Дехран Муратов

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • EУ испрати порака, Мицкоски молчи – Андонов со жестока критика

    185 shares
    Share 74 Tweet 46
  • Поранешен унгарски разузнавач по неодржувањето на средбата помеѓу Трамп и Путин: Она што сега изгледа како дипломатски успех, на долг рок ќе се претвори во сериозна трагедија

    130 shares
    Share 52 Tweet 33
  • „На Ѓупците треба да им се забрани да гласаат“ – советник од десничарската МААК со скандалозен расистички испад во Неготино

    126 shares
    Share 50 Tweet 32
  • „Путин повторно го изигра“: Откажувањето на самитот во Будимпешта ја завршува фантазијата на Трамп дека ќе донесе мир во Украина

    101 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Разобличување на „буразерската“ финансиска коалиција: Алта банка и „посвоената“ Стопанска банка – Битола во обид да го избегнат европскиот финансиски радар

    99 shares
    Share 40 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ