Во контекст на Извршната наредба на американскиот претседател Бајден, екстремно десната партија Левица се огласи со соопштение во кое се вели:
„Извршната наредба на Бајден за санкции на сите субјекти кои се против Охридски и Преспански договор е дел од империјалистичката надворешна политика на САД која оперира со притисок, санкции, закани и воени интервенции – насилничка политика.“
Според Левица, договорите споменати во Извршната наредба се тие што предизвикуваат регионална нестабилност.
„Ваквите договори како Рамковниот, Преспанскиот и Бугарскиот предизвикуваат регионална нестабилност, а не обратно. Искуството низ годините покажа дека Охридскиот договор е само алатка на задоволување на теснопартиските интереси на ДУИ, кој 20 години е на власт на Македонија“, се вели во соопштението.
Преспанскиот договор со Грција и Охридскиот рамковен договор се најдоа на листата на САД на клучни договори од регионот, кои доколку не се почитуваат и спроведуваат може да доведат до дестабилизација. Ова стана јасно откако американскиот претседател Џо Бајден потпиша Извршна наредба со која им се забранува влез во САД на сите лица што од Западен Балкан што нема да ги почитуваат овие договори, а воедно и ќе им го конфискува имотот на територија на државата.