• Latest
Фотомонтажа: ЦИВИЛ Медиа

Левица се навреди бидејќи Северна Македонија не ја поддржа манипулативната резолуција на Москва во ОН

November 10, 2023

Деца и училишни ресурси како алатка за кампања во Пробиштип!

October 28, 2025
Мобилни единици за дронови пукаат врз руски дронови што се движат кон Кијив на 3 јули 2025 година. Фото: Олекандр Рихлички/Генерал штаб на Украина/Телеграм

Извештај на ОН ја обвинува Русија дека користи дронови за лов на цивили во близина на фронтот и ги принудува да ги напуштат своите домови

October 28, 2025
Фотографија: Скриншот од седница на ДИК

ДИК ги објави конечните резултати за вкупно 44 општини, во 33 општини ќе има втор круг на гласање, во три избирачки места за советници во Шуто Оризари ќе се повтори гласањето

October 28, 2025
Hamas releases Israeli hostages
source> CBS video

Спорот околу трансферот на заробеници од Хамас се претвора во „политички театар“

October 28, 2025
Скриншот од видео на Meanwhile in Ukraine. Facebook

(ВИДЕО) Италијански сенатор го нарече Џефри Сакс лажго и пропагандист на Путин

October 28, 2025
Фото: Wikimedia commons

ЕУ ги осуди израелските напади врз мировници на ОН во Либан

October 28, 2025

Арсовска шири лажни вести: Директорот на „Комунална хигиена“ сè уште е во притвор и не потпишувал „во срце и душа сум ВЛЕН“

October 28, 2025
ВЛЕН
Фото: Фб страница на Зеќирија Ибрахими

ВЛЕН со едногласна поддршка на Касами за втор мандат во Тетово

October 28, 2025
Фотонтажа: Користени фортографии од Лукоил Македонија/Фејсбук

Лукоил ги продава своите филијали во странство по санкциите на САД, македонската подружница сé уште молчи за прашањата на ЦИВИЛ

October 28, 2025

Косово се соочува со ризик од буџетска парализа, предупредуваат финансиски експерти

October 28, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДЕЗИНФО ПРОПАГАНДА

Левица се навреди бидејќи Северна Македонија не ја поддржа манипулативната резолуција на Москва во ОН

Ова е уште еден неуспешен обид на проруските и антизападни партии како што е Левица, нашата држава да ја претстават погрешно како наводен подржувач на фашизмот, нацизмот, ксенофобијата, што е сосема спротивно на вредностите за што се залага.

November 10, 2023 15:19
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА, ПРОПАГАНДА, ТОП 5
Фотомонтажа: ЦИВИЛ Медиа

Фотомонтажа: ЦИВИЛ Медиа

Share on FacebookShare on Twitter

Левица се навреди откако руската амбасада во земјава реагирала дека Северна Македонија гласаше исто како земјите-членки на Европската унија, односно против резолуција што секоја година ја предлага Русија како наводно голем „борец против фашизмот и нацизмот“.

Дел од македонските медиуми некритички го споделија манипулативното соопштение на Левица, во кое „изоставија“ да објаснат за каква резолуција всушност се работи.

Имено, на 3 ноември 2023 година, Генералното собрание во ООН, со 112 гласови „ЗА“, ја усвои нацрт-Резолуција за ,,Борба против глорификација на нацизмот, неонацизмот и другите практики кои придонесуваат за поттикнување на современите форми на расизам, расна дискриминација, ксенофобија и нетолеранција“, предложена од Русија, Белорусија и Сирија.

Земјите-членки на Европската унија гласаа против резолуцијата L.7, меѓу кои и нашата држава. Од регионот „ЗА“ гласаше само Србија.

Политичката партија „Левица“ (докажани лојални подржувачи на Русија), лиферуваа манипулативно соопштение до медиумите во кое посочија дека претставникот на Северна Македонија во ООН – Љубомир Фрчковски гласаше „против“ оваа резолуција, без да ги наведат причините, ниту предлагачите на резолуцијата. Меѓутоа, реакцијата на Левица уследи откако руската амбасада објави дека нашата земја е меѓу државите кои гласаа против.

Од Европската унија за гласањето на 78-та сесија на Третиот комитет на Генералното собрание на Обединетите нации, ги објаснуваат причините зошто земјите-членки на ЕУ гласаа против резолуцијата L.7, бидејќи Руската Федерација продолжува да ги злоупотребува форумите на ОН за ширење на лажни наративи за нејзината незаконска и неоправдана агресивна војна против Украина.

„Нашата заедничка борба против современите облици на екстремистички и тоталитарни идеологии, вклучително и неонацизмот, е и останува клучен приоритет. ЕУ цврсто стои против сите форми на антисемитизам, кој е некомпатибилен со основните вредности и принципи на кои е основана ЕУ.

Силно ја осудуваме политички мотивираната злоупотреба на наративот на антинацизмот и недвосмислено ја отфрламе неточната и несоодветна употреба на терминот „денацификација“ за да се оправда руската нехумана, сурова и незаконска агресивна војна против Украина, чии континуирани влијанија се страшни. не само за народот на Украина, туку и за луѓето ширум светот.

Под лажниот изговор дека се бори против нацизмот, Русија ги врати ужасите на војната во Европа“, велат од ЕУ.

Од ЕУ додаваат дека не треба да има сомнеж дека унијата е целосно посветена на глобалната борба против расизмот, расната дискриминација, ксенофобијата, антисемитизмот и антимуслиманската омраза.

„Прашањата за растечкиот глобален неонацизам, насилниот екстремизам и расизмот, вклучително и антисемитизмот и антимуслиманската омраза заслужуваат значајна и конструктивна дискусија. Поентата на оваа резолуција е токму да не се бара компромис. Тоа е да сее поделба и да се користи платформата на Третиот комитет наменет за дезинформации“, велат од ЕУ.

Исто така, Левица во обид да добие и некои ситни политички поени, манипулира и не кажува зошто всушност Фрчковски, односно Северна Македонија претходно гласаше „воздржан“ за Резолуцијата предложена од Јордан во која се повикуваше на заштита на цивилите и почитување на правните и хуманитарни обврски во однос на израелско-палестинскиот конфликт, каде безброј невини жртви, цивили, жени и деца се жртви на агресијата од вооружените сили на Израел.

Премиерот Димитар Ковачевски истакна дека одлуката за гласање воопшто не била лесна, но дека поради недостатоците во јорданската резолуција се одлучиле да го поддржат канадскиот амандман на тој документ, кој не бил прифатен пред финалното гласање за резолуцијата.

„Одлучивме да гласаме воздржано затоа што резолуцијата од една страна ги адресира хуманитарните прашања кои ги поддржуваме и се согласуваме, но отсуството да се спомне Хамас и тоа што го направи не остава простор за поинаков пристап во однос на гласањето“, изјави Ковачевски.

Инаку, за Резолуцијата: ,,Борба против глорификација на нацизмот, неонацизмот и другите практики кои придонесуваат за поттикнување на современите форми на расизам, расна дискриминација, ксенофобија и нетолеранција“, предложена од Русија, Белорусија и Сирија, гласаа 112 земји, 50 беа против, а 14 воздржани.

Северна Македонија како членка на НАТО и земја кандидат за членство во ЕУ ги следи политиките на Брисел, и одбра да биде во друштво со САД, Канада, Украина, Велика Британија, Германија, Франција, Италија, Шпанија, Полска, Естонија, Латвија, Литванија, Австрија, Албанија, Белгија, Бугарија, Данска, Грција, Кипар, Холандија, Португалија, Романија, Словачка, Словенија, Финска , Хрватска, Чешка, Шведска, Австралија, Јапонија, Андора, Босна и Херцеговина, Унгарија, Грузија, Нов Зеланд, Исланд, Ирска, Кирибати, Либерија, Лихтенштајн, Луксембург, Малта, Норвешка, Сан Марино, Северна Македонија, Монако, Молдавија , Маршалските Острови, Микронезија и  Црна Гора.

Меѓу земјите кои ја подржаа резолуцијата на Русија, Белорусија и Сирија се и Израел, Турција, Сомалија, Иран, Мексико, Арапските Емирати, Саудиска Арабија, Сенегал, Србија, дел од поранешните советски републики…

Ова е уште еден неуспешен обид на проруските и антизападни партии како што е Левица, нашата држава да ја престават погрешно како наводен подржувач на фашизмот, нацизмот, ксенофобијата, што е сосема спротивно на вредностите за што се залага.

ЦМТ

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Поранешен унгарски разузнавач по неодржувањето на средбата помеѓу Трамп и Путин: Она што сега изгледа како дипломатски успех, на долг рок ќе се претвори во сериозна трагедија

    132 shares
    Share 53 Tweet 33
  • Деца и училишни ресурси како алатка за кампања во Пробиштип!

    126 shares
    Share 50 Tweet 32
  • Лукоил ги продава своите филијали во странство по санкциите на САД, македонската подружница сé уште молчи за прашањата на ЦИВИЛ

    110 shares
    Share 44 Tweet 28
  • Изборите и коалицијата: ВЛЕН му го залула чунот на Мицкоски

    109 shares
    Share 44 Tweet 27
  • „На Ѓупците треба да им се забрани да гласаат“ – советник од десничарската МААК со скандалозен расистички испад во Неготино

    127 shares
    Share 51 Tweet 32
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ