„Левица“ ќе го тужи претседателот на Собранието, Талат Џафери за злоупотреба на службената положба, односно за неупотребување на уставното име на државата во одговорот на Џафери до пратениците, по поднесената интерпелација од ВМРО-ДПМНЕ.
Џафери ја врати на корекција интерпелацијата што ја поднесоа Левица и ВМРО-ДПМНЕ против него, бидејќи не била согласно деловникот на Собранието.
Според членот 136 на кој се повикува Џафери, доколку предлог законот не е подготвен според одредбите на овој Деловник, предлагачот ќе има рок од 15 дена да го усогласи, а доколку не се испочитува рокот се смета дека предлог законот не е поднесен.
Интерпелација против Џафери се бара бидејќи се обратил на албански јазик во Европскиот парламент, а службен јазик за меѓународна употреба е македонскиот.
Интерпелацијата не беше прифатена од парламентарното мнозинство, ниту од опозициската коалиција АА-А.
Д.Т.












