• Latest

Лего коцките навршуваат 60 години

January 10, 2018
Албанија, судири со полицијата, октомври 2026 (скриншот од видео на globalnews.ca)

Протести низ Европа: Како Кремљ ги користи општествените тензии за хибридно влијание во Европа?

October 20, 2026
Олександар Левченко

Дизел договорот на Трамп со Путин: Економски отстапки за Москва и стратешки ризици за Украина

October 20, 2026
Марко Маневски (фото извор: Марколепсија, блог на авторот)

Сини зони, рамна Земја и целиот свет против нас: кога митот станува државна политика

October 20, 2026

Додека ЕУ ги отвора вратите за нови членки, Северна Македонија останува заглавена

October 20, 2026
Фото: Фејсбук на министерот за правда Јетон Шасивари

Правосудниот испит на албански јазик – меѓу институционалното решение и улицата

October 20, 2026

Јавање на бранот: Анатомија на „дозволениот пребег“ и удбашката култура на владеење

October 19, 2026

Трето продолжување на кризната состојба со нафтата: Северна Македонија останува зависна од увозот

October 19, 2026
Италија, 16 октомври 2026

Од Париз и Тирана до Лисабон и Милано – протести, незадоволство и насилство на улиците

October 19, 2026
Кијив, 18-19 октомври 2026 (ДСНС)

Теророт на рускиот агресор продолжува: Ракети врз Кијив, дронови кон Лвив, а Путин би кроел „мир“ со Трамп и Си – за Украина без Украина

October 19, 2026

Изборна анализа на ЦИВИЛ: Брвеница го чека вториот круг – во трката останаа кандидатите на ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ

October 19, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Лего коцките навршуваат 60 години

January 10, 2018 07:00
in ВЕСТИ, КУЛТУРА
Share on FacebookShare on Twitter

ДПА – Хамбург

Популарните пластични коцки на Лего навршуваат 60 години во 2018 година. Данската компанија веќе нема заштита на патентот, а имитаторите одамна се обидуваат да го достигнат и надминат нејзиниот успех. Истовремено, вистинската конкуренција, всушност, се разгорува на друго место.

Повеќе од половина век, обоените пластични коцки на Лего се користат за изработка на згради, автомобили, авиони и цели имагинарни светови во детските соби ширум светот.

Се појавуваат пирати, принцези и вселенски бродови заедно со цела низа конструктори, посветени на блокбастери како „Војна на ѕвездите”, „Пиратите од Карибите” и „Хари Потер”.

Истовремено, конкурентни фирми пуштија „клон” производи, кои многу личат на оригиналните, а данската семејна компанија треба да се натпреварува и со онлајн игрите. Сметководствените документи на Лего повеќе не ја покажуваат претходната добра форма.

Сѐ започна пред 60 години на 28 јануари 1958 година. Некогашниот извршен директор на Лего, Годфред Кирк Кристијансен регистрира патент за мала пластична коцка со два реда со по четири испакнати делови и три отвори (цевчиња) внатре и така се раѓа познатата фигура Лего. Скриените цевчиња се тајната што ги држи деловите заедно и постабилни од другите коцки.

 

Техничкиот патент истече 

Денес, секоја компанија може да ги копира коцките Лего и многу го прават тоа.

Слубан, компанија чие европско седиште се наоѓа во Холандија, но производството ѐ е во Кина, прави производи кои можат да се поврзат со Лего коцките, но тие се многу поевтини.

Слични стратегии имаат и други компании како Лепин и Леле. Тие дури нудат и веќе разработени теми од Лего. Разликата е во тоа што тие не се откажуваат од војниците и тенковите, кои се табу за Данците од етички причини.

Лего не може да направи ништо против копијата, изјави данскиот адвокат, застапник на патенти, Торбјорн Сванстром. – Коцката изгледа така како што изгледа, бидејќи има функција, додаде тој.

Со години, Лего ги тужел своите имитатори, често залудно, и Сванстром вели дека Лего коцките повеќе не можат да бидат заштитени.

– Сите знаеме: никој од нас не сака конкуренција, прекрасно е да се има монопол, додава Сванстром.

Имитациите влегуваат во основните пазари на Лего. Првите конкурентни производи беа продадени само во Азија, потоа во Грција и во Турција.

– Сега доаѓаат во северна Европа, рече Сванстром. Дури и во домот на Лего, Данска, еден голем трговски синџир за играчки неодамна ги понуди копиите на Лего, непосредно пред Божиќ.

Во Германија, Лего и натаму е неприкосновен лидер на пазарот. Според германската асоцијација за трговија со играчки (БВС), данската компанија е производител со најголем промет на германскиот пазар за играчки – многу пред Равенсбургер, Плејмобил и Симба.

– Според германската статистика, копиите на Лего сѐ уште не се појавија, вели шефот на здружението, Вил Фишел. Според здружението, сепак, прометот во Лего во Германија опадна за два проценти меѓу јануари и октомври минатата година.

Ова е дел од пошироката тенденција на Лего. Во првата половина од 2017 година, продажбата и профитот на Лего се намали за три до пет отсто во текот на истиот период претходната година. Дури и 2016 година, таа беше полна со предизвици, особено на важните пазари во Европа и САД, каде што продажбата опаѓа.

Лего неодамна објави дека ќе скрати 1.400 работни места ширум светот, односно околу осум отсто од персоналот на компанијата.

 

И покрај заканата од растечката конкуренција, данската компанија се чини дека се обидува да остане смирена.

– Фер конкуренцијата е во наш интерес, изјави портпаролот на компанијата Роар Рунде Трангбек.

Лего ја увиде промената на пазарот на играчки и сега инвестира во онлајн платформа каде што децата можат да преземаат градежни проекти и да споделуваат фотографии од нивните Лего модели. Поентата е да му се даде на производот „дигитален карактер”.

– Сакаме да бидеме дел од сето она со кое децата го поминуваат времето, изјави Траннгбек сѐ е фокусирано на Лего коцките, додаде тој. 

извор: МИА

 

 


Содржините кои ЦИВИЛ ги презема од други извори не подлежат на лиценцата Creative Commons 1.0, инаку вообичаена за содржините кои ги објавува оваа медиумска платформа. Ве молиме, консултирајте се со изворот за преземање на таквите содржини.

Одговорноста за редакциското опремување на текстовите (наслов, наднаслов, фотографија, тагови) е на ЦИВИЛ Медиа.

Tags: ДанскаконкуренцијаЛегоонлајнпатент
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ