• Latest

Личниот интегритет на судиите еден од најважните фактори за независен и транспарантен правосуден систем

November 13, 2019
Последиците од нападот со руски дрон врз Днипро, доцна на 16 април 2025 година. Фото: Борис Филатов/Телеграм

Милиони Украинци се соочуваат со темнина и студ по еден од најголемите руски напади врз енергетската инфраструктура

November 11, 2025

Европарламентот ја поддржа целта за намалување на штетните емисии за 90 отсто до 2040 година

November 11, 2025
Фото: Скриншот од видео на European Commission/ Фејсбук

Се подготвува нова разузнавачка единица во ЕУ под водство на Урсула фон дер Лајен

November 11, 2025
Фото: Цветан Трипуновски/Фејсбук

Времено стопирана исплатата на средствата од ИПАРД програмата

November 10, 2025
Скриншот од видео на ВВС

ВВС во криза по откритието на Телеграф дека радиодифузерот ги заведувал гледачите при известувањата од САД и со „системската антиизраелска пристрасност“

November 10, 2025
Креирано со помош на ВИ

Вештачката интелигенција – новиот фронт на суперсилите во светската пропагандна војна

November 10, 2025

Градоначалникот на Гостивар смета дека назначувањето на „владин повереник“ е неуставно, ќе поднесе иницијатива до Уставен суд

November 10, 2025
Nicolas Sarkozy
Source> screenshot France 24

Поранешниот француски претседател Никола Саркози ќе биде ослободен од затвор

November 10, 2025

Шефот на СЗО апелира до Трамп: Повлекувањето на САД ќе има цена – човечки животи

November 10, 2025
Милорад Додик

Изборите во Република Српска – референдум за Додик

November 10, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Личниот интегритет на судиите еден од најважните фактори за независен и транспарантен правосуден систем

November 13, 2019 12:10
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Судиите можат да бидат жртви на опструкција и попречувани во нивниот секојдневен професионален ангажман, но постојат и случаи тие да бидат и сторители на такво кривично дело. Станува збор за личен избор, дали во вашето работење ќе ја попречувате правдата или не. Од вас како лидери, ментори, колеги во судскиот систем бараме да го штитите системот од такво однесување, бидете пример за интегритет. Ова на учесниците на меѓународната судиска конференција на тема „Попречување на правдата како закана за судската независност и транспарентност“ што се одржува во Охрид им го порача Дајана Палеквин, политички офицер во Амбасадата на САД.

– Се спротивставуваме на какви било надворешни влијанија врз судството, било од Владата или политички партии, потребен е систем на проверки. Непристрасноста на судиите како јавни службеници е главната гаранција за еднаквост на граѓаните пред правдата, рече таа.

Палеквин уште во обраќањето посочи дека се забележани ситуации судии да носат одредени одлуки во кои изгледало дека пресудуваат на начин на кој се чини дека се усогласуваат со политичката агенда во државата или некоја политичка партија, со цел напредување во кариерата или избегнување проблеми на работното место.

– Тоа е опструкција, попречување на правдата. Таквите случаи се тешко мерливи, уште потешко да се пријавуваат или процесуираат, но во секој случај се многу штетни за владеењето на правото. Сметам дека тоа е системска грешка, доколку системот поттикнува таков вид однесување и носење одлуки, тоа е грешка на системот, рече таа, притоа нагласувајќи дека последните години забележан е напредок во проблематиката, со очекување во иднина тој проблем ќе биде се помалку присутен во правосудниот систем.

Им порача на судиите да не дозволат недонесувањето на одлуката за преговори со ЕУ или предвремените избори да бидат оправдување за забавување или запирање на напредното движење нотирано во реформскиот процес, а добрите практики во почитувањето на законите да одат рака под рака со институционалните подобрувања.

Претседателот на Здружението на судиите Џемаил Саити истакна дека е тешко да се донесе оценка колкаво е влијанието на политиката или одредени целни групи врз судиите, бидејќи не секогаш судиите ги пријавуваат таквите појави.

– Тука би истакнал дека поризични се појавите на клиентелистичко однесување на судии. Најдобра одбрана од влијанието е личниот интегритет на судијата, доколку ние носиме добри, конкретни одлуки засновани врз закон, сигурно и обидите за влијание ќе бидат намалени. Прашање на секој судија е поединечно како тој тоа го цени и колку е резистентен на влијание, но и колкави се индивидуалните капацитети за проценка дали воопшто се работи за влијание, рече Саити.

Тој смета дека е остварен напредок во правосудниот систем, но реторички запраша дали е доволен, дали соодветствува на посакувањата.

Лазар Нанев, судија од Основниот суд во Кавадарци, посочи на генералната перцепција кај јавноста и меѓународната заедница е за реално постоење влијанија врз судството во земјата, забележано со одредени судски одлуки во изминатиот период што влијаеа врз целокупниот општествен живот во земјата, но нагласи дека полека но сигурно судството се ослободува од тие стеги.

– Верувам дека со поддршка и на Здружението и меѓународната заедница, самите судии одвнатре ќе успеат да го подигнат својот интегритет, и да создадат капцитети за напредок кон независно и самостојно судство во земјата. По однос амбиентот мислам дека се создава позитивна клима, што се гледа преку се поотворените дебати, судиите отворено говорат за своите проблеми, рече Нанев.

Дводневниот собир во Охрид организиран од Здружението на судиите на Република Северна Македонија, Амбасадата на САД и CEELI Институтот за владеење на правото од Прага има за цел адресирање на клучните проблеми во домашното правосудство, преку дебата меѓу судиите, размена на мислења и меѓународни искуства во извршувањето на судиската функција и соработка со другите странки во кривичната постапка да се придонесе кон унапредување на принципот на владеење на правото.

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • (ФОТО) Како ќе изгледа документот за идентификацискиот број за граѓаните на „Отворен Балкан“

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    109 shares
    Share 44 Tweet 27
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    102 shares
    Share 41 Tweet 26
  • Од Русија со „братска љубов“: Срцепарателните изјави на Песков  во македонските медиуми

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Локалните избори во Косово Избори без апсолутен победник, но со пораки за партиите

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ