Лидерите на земјите од Г7 повикаа на „деескалација на непријателствата на Блискиот Исток, вклучително и прекин на огнот во Газа“, пренесува Би-би-си.
Во заедничка изјава, тие исто така ја повторија својата „посветеност на мирот и стабилноста“ во регионот, додавајќи дека во овој контекст „Израел има право да се брани“.
Претседателот на САД, Доналд Трамп, го напушти самитот во Канада порано, велејќи им на новинарите:
„Морам да се вратам порано од очигледни причини“.
Светските лидери на самитот на Г7 рекоа дека ја разбираат потребата на Трамп да замине порано.
„Ако Соединетите Американски Држави можат да постигнат прекин на огнот, тоа е многу добра работа“, рече францускиот претседател Емануел Макрон.
Претходно на Г7 имаше знаци на поделба околу конфликтите меѓу Русија и Украина и меѓу Израел и Иран.
Трамп планирал да ја отфрли изјавата на самитот за конфликтот Иран-Израел, според американскиот партнер на Би-Би-Си-Ес. Но, лидерите на крајот се согласија за соопштение, објавено во понеделник навечер по локално време, во кое се вели дека „ја повторуваат нивната поддршка за безбедноста на Израел“.
Д. Мишев