• Latest

Ликовите на македонскиот политички ситком

September 2, 2020
Скриншот од видео на Воздушните напаѓачки сили на Украина/Фејсбук

Руските сили убиваат невооружени цивили кои одат со бело знаме во регионот Харкив

November 4, 2025
Фото: Скриншот од видео на
CRUX

Резолуцијата на ОН за меѓународни стабилизациски сили за Газа би можела да биде готова за две недели, во меѓувреме, насилството во Газа продолжува

November 4, 2025
Ф-16. Фото: Скриншот

Романски и германски авиони реагираа на руски напади близу границата со Украина

November 4, 2025

Европа зборува, Северна Македонија стои

November 4, 2025
Фото: МИА архива

Извештај на ЕУ: Украина мора да ги забрза реформите за да ја исполни целта за пристапување во ЕУ

November 4, 2025

Пицула предупредува: Одложувањето на политичко решение ја турка Србија кон конфликти

November 4, 2025

Европската комисија денека ќе го презентира пакетот извештаи за земјите кандидати за членство во ЕУ

November 4, 2025
Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

November 4, 2025

ОБСЕ/ОДИХР: Кампањата во вториот круг беше повоздржана од првиот круг, со одделни случаи на лични напади

November 3, 2025
Фото: Украинска амбасадорка Лариса Дир/Х

Амбасадорката Дир: Русија продолжува со воздушниот терор против мирните градови, единствениот одговор се – строги санкции, поголема поддршка за Украина

November 3, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА ТЕЖИШТЕ

Ликовите на македонскиот политички ситком

Апасиев, всушност, е комичен карактер. Но, тој е и тотален лажго и деспот – партијата што ја води, откако претходно направи сталинистичка чистка во неа – има сосема спротивен назив од тоа што навистина е.

September 2, 2020 12:12
in СЛОБОДНА ЗОНА, ТЕЖИШТЕ
Share on FacebookShare on Twitter

пишува: ЏАБИР ДЕРАЛА

Собрание на Република Северна Македонија… Додека едни се занимаваат со креирање политики за водење на државата и решавањето на проблемите, други ја злоупотребуваат говорницата за отровна пропаганда и градење на сопствениот имиџ. Збогатувањето му доаѓа како бонус. Или обратно… Многу нови ликови со кои ќе се „дружиме“ во наредните четири години.

Еве го Апасиев. Тој измамник и насилник на социјалните мрежи и во студентските слушални, црнокошулаш, се докопа до најголемиот микрофон во земјата (собраниската говорница) и ја „освежи“ вмровската (и не само вмровската) националистичка реторика со неколку нови елементи. Неговата појава не е новост во македонскиот парламент, бидејќи неговата логореја, самобендисаност и неуроза, па и физичка појава (само уште поситен) потсетуваат на еден друг ултранационалист од поранешните состави на парламентот – Тодор Петров.

Апасиев во својот „втор говор“ (цепки!) не пропушти да го спомне својот вистински идеолошки и политички ментор Груевски со цел да ја релативизира неговата мрачна појава во македонската политика и да го поистовети Зоран Заев со него. Тој нареди неколку цитати од познати имиња на филозофи во една крајно невешта и неубедлива конструкција, како семинарска работа на потпросечен и недоволно работлив студент. И што? Требаше сите да паднат во несвест од тоа колку тој читал и колку знае? Па очигледно е дека ни оддалеку не читал доволно, а уште помалку разбрал од тоа што го прочитал. Изгледа ни самиот не е свесен за дупките во неговата наобразба и неразбирањето на поимите. Невешти се и обидите да ја „разводни“ својата недокваканост и ниско интелектуално ниво, со уличарски досетки и навреди кои, всушност, се однесуваат на него и неговите ментори и сојузници од дното на мрачните идеологии.

За политичкиот кредибилитет на Левица и Апасиев веќе и не мора да се разговара. Поранешните основачи и вистински идеолошки мотори на партијата, вистински левоориентирани интелектуалци и активисти, доволно кажаа и напишаа, сведочејќи за неговата алчност за пари и ултрадесничарска политичка ориентација. Дури и еден Јанко Бачев кој можеби е гротескна фигура, но барем е искрен, а веројатно и доволно информиран од полициското подземје, па неодамна, пред камерите, откри многу мрсни детали за него и за партијата: формирана од ВМРО-ДПМНЕ, од 2017 година им легнале речиси триста илјади евра (сега заглавени во банкротираната Еуростандард банка), Апасиев за награда добил стан во Аеродром, вози Алфа Ромео…

Апасиев, всушност, е комичен карактер. Но, тој е и тотален лажго и деспот – партијата што ја води, откако претходно направи сталинистичка чистка во неа – има сосема спротивен назив од тоа што навистина е. Од иницијатива со прогресивна левичарска ориентација, со искрени и посветени, врвни интелекуалци, тој создаде ултранационалистичка збирштина затскриена зад флоскули и недоволно разбирање на теоријата за која велат дека ја застапуваат во пракса. Оваа банда прави секојдневна, простачка злоупотреба на слободата на говорот зад која го кријат својот вулгарен и ултранационалистички карактер. Сѐ заедно – една блуткава и засрамувачка конфузност која избива од големите пукнатини на нивните мали квазиполитички „главчиња“.

Разликата е во тоа што, мора да се признае, овој лик е далеку подобар манипулатор и знае да инвестира во социјалните мрежи и јавниот настап. Пред пописмена јавност, неговата „аура“ би се распрснала како меур од сапуница. Но за тоа ќе мора да почекаме. Особено затоа што ментори на збирштината што ја киднапира Левица се искусни политички арамии, истите што го киднапираа и ВМРО-ДПМНЕ и сѐ уште го држат во заложништво.

Зад големите зборови и цитати се крие една фрапантна површност, неприфатлива за наставниот кадар дури и за едно приградско основно училиште, не пак за некој што има титула на универзитетски професор. За жал, истото може и треба да се установи и за „прославената“ љубимица на Мицкоски – професорката која можеби не знаеше каде се наоѓа кога беше претседателска кандидатка, ама затоа својот ултранационализам знаеше да го „оправда“ со тоа дека за малку ќе се омажела за Албанец. На општа смеа на публиката. Двајцата заедно личат на мајка и син за кои може да се напише урнебесен политички ситком, во кој друштво можат да им прават уште барем дваесет гротескни ликови од македонската политичка сцена. Ако ништо друго, наредниве четири години често ќе се смееме. За жал, неретко и горчливо.

Македонските гласачи допрва ќе видат за кого гласале. Но и пратениците ќе видат дека дел од македонската јавност од избори до избори сѐ повеќе го истенчува својот „вкус“ за тоа што слуша од најголемата говорница во земјава. И ова е само мал и скромен придонес кон „вжештување“ на пратеничката фотелја во овој мандат. Треба да бидат свесни дека нивната фотелја ќе станува сѐ пожешка со секој чекор поблиску кон ЕУ.

Ни овој лик, како ни еден Тодор Петров или Солза Грчева, не заслужува да му се посветува премногу внимание. Сепак, тој во својот, како што го нарече „втор говор“ (ликов предизвикува смеа уште во првата реченица од своите гротескни настапи) во Собранието, го заврши со зборовите дека Шарената револуција не беше предавничка, туку беше предадена. Тоа беше можеби единствената мисла која е логична и точна, а и не е кажана прв пат (типот не е оригинален, ама ни најмалку).

Точно е дека Шарената револуција не беше предавничка. И не само тоа. Шарената револуција беше обединувачка, оригинална, ненасилна и успешна борба против криминалниот режим на кој токму тој му припаѓа (тоа наскоро ќе стане очигледно и за најзаблудените).

Точно е и дека Шарената револуција покажа и докажа дека македонското општество е високо свесно и бунтовно, прогресивно и европско. За предадена, можеме да спориме. Ако воопшто била предадена Шарената револуција, токму тој и таквите како него ја предадоа. Но, јас тоа не би го гледал така. Апасиев и сличните беа инсталација на режимот во Шарената револуција. Треба да биде јасно, Шарената револуција не може да биде предадена. Нејзината цел – пад на режимот и враќање на демократијата и слободата – се постигна. И да се разбереме, Шарената револуција е само последната од долгата низа протести и движења кои не дозволија режимот сосема да ја задуши слободата, еднаквоста и демократијата во нашата земја. Шарената револуција беше антинационалистичка и антифашистичка, затоа и учествував(ме) во неа. А тој е ултранационалист. Неговите настапи и дејствување упатуваат на силно влијание од сталинизмот и фашизмот. Едно со друго се исклучуваат. Нема што тој да зборува за предавство тука.

 


Сите права се задржани. ЛИНК: Услови за користење, авторски права и заштита на приватноста. Тесктот е личен став на Авторот.
Share55Tweet35Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    174 shares
    Share 70 Tweet 44
  • Лукоил ја прифати понудата на Ганвор Груп за купување на меѓународните средства, ќе добие ли македонската подружница нов газда?

    149 shares
    Share 60 Tweet 37
  • Нема втор круг! Изборите во Гостивар, Врапчиште, Маврово и Центар Жупа пропаднаа – ќе се распишат нови!

    104 shares
    Share 42 Tweet 26
  • Блиската врска со Путин на коосновачот на Гунвор – купувачот на странските подружниците на Лукоил

    102 shares
    Share 41 Tweet 26
  • Деца и училишни ресурси како алатка за кампања во Пробиштип!

    140 shares
    Share 56 Tweet 35
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ