• Latest
фото: Фејсбук Курто Дудуш

Лимани: Доделени 26 нови грантови за развој на социјални услуги на локално ниво – грижа што стигнува до секој дом

June 3, 2025
Кијив, 31 август 2026 (извор: ДСНС)

Рускиот терор продолжува, расте црниот биланс на загинати, Кијив ги засилува „долгометните санкции“

August 31, 2026

Од Матрикс до агентската ВИ: Кога софтверот престанува само да одговара и почнува да дејствува

August 30, 2026

Ако нема штета, нема загадување и нема докази – што всушност остана од случајот „Мазут“?

August 30, 2026
Избирачко место во Исланд (фото извор: скриншот од видео на социјалните мрежи)

Исланд го отфрли враќањето на преговорите со ЕУ, „не“ води со 52,5 отсто наспроти 47,5 отсто „за“

August 30, 2026

ЦИВИЛ: Глорификацијата на Ратко Младиќ е напад врз жртвите, вистината и демократскиот поредок

August 30, 2026
Кијивска област, 29 август 2026 (извор: ДСНС)

Руски терор врз Украина: Најмалку 37 загинати и голем број ранети во Кијивска област, 30 часа непрекинат напад врз цивилите

August 29, 2026
Седиште на ВМРО-ДПМНЕ (фото Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

До каде се реакциите на ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ за четничкото дивеење на ДПСМ – или – колку е голема бруката?

August 29, 2026
Рејкјавик (фото извор: hiticeland.com)

Исланд на референдум за обнова на преговорите за членство во ЕУ – што е исто, а што различно од Западен Балкан?

August 29, 2026

Почна втората сезона на Eyes on Democracy: Украина и иднината на Европа (ВИДЕО)

August 28, 2026

СДА Македонија со остра осуда на величењето на воениот злосторник: Дали партнерите на ДПСМ во власта ја делат истата глорификација на воените злосторства на Ратко Младиќ!?

August 28, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СОЦИЈАЛНА ПРАВДА

Лимани: Доделени 26 нови грантови за развој на социјални услуги на локално ниво – грижа што стигнува до секој дом

June 3, 2025 14:53
in ВЕСТИ, СОЦИЈАЛНА ПРАВДА
фото: Фејсбук Курто Дудуш

фото: Фејсбук Курто Дудуш

Share on FacebookShare on Twitter

Министерот за социјална политика, демографија и млади, Фатмир Лимани денеска официјално ги потпиша договорите за грант за развој на социјални услуги со девет општини, од вкупно 26 одобрени апликации, соопштија од Министерството.

Доделувањето на грантовите е во рамки на третиот јавен повик од Проектот за подобрување на социјалните услуги, кој се реализира со поддршка од Светската банка.

-На свечениот настан, министерот истакна дека овој повик е продолжение на заложбите за изградба на инклузивен и одржлив систем на социјална заштита, насочен кон потребите на граѓаните во локалните заедници, соопштија од Министерството.

Во рамки на настанот беа потпишани договори со општините: Гевгелија, Охрид, Шуто Оризари, Арачиново, Карпош, Могила, Новаци, Ресен и Старо Нагоричани за воспоставување нови социјални услуги, како што се: помош и нега во домот, дневен за стари лица со активно стареење и дневен центар за лица со попреченост со индивидуален третман.

Претходно, преку првите два јавни повика беа поддржани 34 проекти во 43 општини, со вклучување на над 460 негуватели, а над 1.600 граѓани веќе користат услуги поддржани од овој проект.

-Овие проекти не само што обезбедуваат грижа за најранливите, туку ја отвораат и можноста за економска и социјална активација на лица кои досега биле изолирани од пазарот на трудот – долгорочно невработени, корисници на гарантирана минимална помош, самохрани родители, нагласил министерот.

Проектот за подобрување на социјалните услуги е дел од системскиот процес на децентрализација и плурализација на социјалната заштита, каде општините имаат сè поцентрална улога во креирањето и спроведувањето услуги според реалните потреби на нивните граѓани.

Министерството најавува континуитет на поддршка за сите локални самоуправи и даватели на услуги кои покажуваат иницијатива и капацитет за развој на услуги што ќе обезбедат повисок квалитет на живот за граѓаните низ целата држава.

Градоначалникот на Шуто Оризари, Курто Дудуш објави на Фејсбук дека заедно со Министерот за социјална политика, демографија и млади г-динот Фатмир Лимани го потпишале договор со кој ја започнуваат имплементацијата на проектот “Грижа и нега во домот” – еден од најзначајните социјални и економски иницијативи во нашата општина.

„Овој проект е директна поддршка за најранливите членови на нашето општество – постарите граѓани и лицата со посебни потреби, кои секојдневно се соочуваат со предизвици во извршувањето на основните активности. Целта е едноставна, но моќна: да обезбедиме достоинствен живот за сите, со грижа и поддршка во нивните домови.

Овој проект е клучен пред се заради компонентата на Социјална одговорност: 30 обучени лица ќе пружат персонализирана грижа за најмалку 100 граѓани, олеснувајќи ги нивните секојдневни потреби. .Ова не е само услуга – тоа е човечност, солидарност и заедничка грижа.

– Во време кога се соочуваме со стареење на популацијата и одлив на младите, овој проект е конкретен чекор за подобрување на квалитетот на живот.

– Со грижа за постарите, ги олеснуваме семејствата и ги поттикнуваме младите да останат во Македонија, градејќи иднина тука.

Ова не е само проект на општината и на државата – тоа е наш заеднички успех. Секој од вас е дел од оваа промена, и вашата поддршка е клучна за неговиот успех.

Заеднички ќе продолжиме да градиме општество кое не ги запоставува најслабите, туку ги поттикнува најдобрите вредности во нас!“, истакна Дудуш.

фото: ФБ Курто Дудуш

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ