Лицата со одредени хронични заболувања се во поголем ризик од компликации типични за коронавирусот. Министерот за здравство, д-р Венко филипче апелира да бидат особено внимателни и да ги следат доследно сите препораки за заштита од вирусот.
1.1. Хронични респираторни заболувања:
– ХОББ – Хронична опструктивна белодробна болест – J44
– Астма – J45
– Интестицијална фиброза – Ј84
1.2. Тешки кардиоваскуларни заболувања:
– Срцева слабост со EF<40
– Акутен миокарден инфаркт до 3 месеци
– Срцеви заболувања со тешка пулмонална хипертензија
– Тешка аортна и митрална стеноза
– Воспалителни заболувања на срце (миокардит, ендокардит) < 6 месеци
– Имплантиран пејсмејкер или срцев дивајс до 3 месеци
– Длабока венска тромбоза до 3 месеци
1.3. Дијабетес мелитус:
– Дијабетес тип I – инсулин зависен
– Дијабетес тип II на инсулинска терапија со коморбидитети: Миокарден
инфаркт, церброваскуларен инсулт, стеноза на периферна циркулација и ХБИ
1.4. Сите малигни заболувања – C00-C97
1.5. Имунокомпромитирачки состојби:
– Состојба по трансплантација на бубрег – Z94.0
– Хроничен нефротичен синдром – N04.9
– Интермитентна хемодијализа – Z99.2
– Состојби со биолошка или комбинирана имуномодулирана терапија – M05, M06,
M45.00
– Некротизирачки васкулопатии, системски еритематозен лупус,
дерматополимиозит, системска склероза – M31 – M34.
Листата на ваквите хронични болести е објавена на страна на Министерството за здравство и можете да ја најдете на слендиот линк ?https://bit.ly/2Up8Fye