• Latest

Лица со (паднати) маски, режија – Ристиќ!

September 30, 2017

Протести и контра-протести во Србија

September 28, 2025

Филипче: Наша должност е да ја запреме разулавената власт, да се обединиме и да го спречиме рушењето на нашиот заеднички дом и на сето она што сме го постигнале

September 28, 2025
РУСКИ ТЕРОР ВРЗ ЦИВИЛИ: Кијив, рано наутро, 28 септември 2025, погодени станбени згради (фото извор: Кијивска регионална администрација)

Украинската амбасадорка Дир за ЦИВИЛ: Државата-агресор продолжува со терор против украинските градови и граѓани

September 28, 2025

„Сива зона“ – игра за млади за подигнување на свеста за корупцијата

September 28, 2025

Избори, нервоза и сказни

September 28, 2025

Гаши: Избори без притисок, користење на говор на омраза, поларизирачка пропаганда и злоупотреба на јавните ресурси

September 28, 2025

Хоџиќ го честита Денот на Бошњаците: Секогаш да сме пркосни на сите деструктивни сили и политики

September 28, 2025
Ф-16 на португалските воздухопловни сили полетува за време на ротацијата на балтичкото воздухопловно набљудување во Естонија. (фото извор: НАТО)

Полска подигна авиони за да ја осигурат безбедноста на нивниот воздушен простор откако Русија започна напад врз Украина

September 28, 2025
РУСКИ ТЕРОР ВРЗ ЦИВИЛИ: Запорижја, рано наутро, 28 септември 2025, погодени станбени згради (фото извор: Запорижска регионална администрација)

РУСКИ РАКЕТЕН ТЕРОР: Масивен напад со ракети и дронови врз цивилни цели, загина 12-годишно девојче

September 28, 2025

Родителите на починатите во „Пулс“ сo ултиматум до Обвинителството и Судот, бараат одговори до 3 октомври

September 28, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА

Лица со (паднати) маски, режија – Ристиќ!

September 30, 2017 17:53
in СЛОБОДНА ЗОНА
Share on FacebookShare on Twitter

Сѐ до смртта на Мартин Нешковски, македонскиот народ некако беше молчлив, плашлив, сеирџиски настроен…, малубројните активист(к)и кои се бореа за подобро утре, се броеа на прсти! Смртта на Нешковски, ги разбуди, ги изреволтира граѓан(к)ите, особено помладите, да го кренат својот глас против диктатурата на претходната власт. Комотното владеење на „груевизмот“, почна да се ниша… Одеднаш, ПР -службите не знаеја како да се извлечат од ситуацијата, па смислуваа разни сценарија да го забошотат случајот… Но, колку и да се обидуваа да се извлечат од ситуацијата, толку повеќе растеше револтот и гневот кај граѓан(к)ите! Следуваа протести, јавни настапи по медиуми, барање на одговорност, стоп за полициската бруталност!

Пишува: Дехран Муратов

Сега, за жал, македонскиот народ и активист(к)ите некако не може да се помират со фактот дека статусот на Ристиќ, направи да се разбуди (молчливиот) ромски народ! И наместо да ја осудат и да побараат одговорност, или во најмала рака, да побараат да се извини, бидејќи човечки е некогаш во афектна ситуација да напише и каже било што, за кое подоцна човек ќе се покае, многубројни луѓе на социјалните мрежи, застанаа во нејзина одбрана и се обидуваат да ја одбранат од нешто што не се брани.

Во 2013 година, Миленко Неделковски во својата колумна со наслов: „Ај се мењаме“, напиша: „Дехран Муратов, коментирајќи за (не)пуштањето во Аквапаркот на неколку Роми, прашува: ‘Така ли се стремиме кон ЕУ?’ Дехран момче, ако Македонија сакаше да ги имитира водечките ЕУ држави Франција и Германија во однос на Ромите, пуштањето во базен ќе беше најмал проблем на ‘Житан’ заедницата“.

Четири години подоцна, активистите со кои заедно се боревме, рамо до рамо, да падне диктатурата и да дојде „живот за сите во Македонија“, дојде време – да застанат зад Ристиќ и да ме убедуваат дека „таа е срцка“ и дека „нема лоша душа“. Па, никој не рече дека е лоша личност, туку дека згреши и дека треба да се извини, толку. Со исклучок на неколкумина, голем број на граѓан(к)и се побунија зошто Ристиќ е повикана на суд, а Миленко, Јанко, Жугиќ…, и останатите кои јавно користеа говор на омраза, се недостапни за судските ограни. И со право се лутат, особно ако некогаш и лично беа засегнати и обележани за линч!

Во последниот период, ромскиот народ, како никогаш досега, не беше толку омаловажен, понижен и исмејуван. Во „бомбите“ ја слушнавме екс-министерката за внатрешни работи, Гордана Јанкуловска, како вели: „Ако треба Циган по Циган за уши ќе го носиме да гласа“. Реакции имаше еден куп, претежно од не-Роми! За жал, тогаш на прсти се броеја неколку ромски активисти кои јавно ја критикуваа на социјалните мрежи. Мене лично не ме погодија зборовите на Јанкуловска, бидејќи знаев за каква личност се работи, но ме изреволтира Амди Бајрам кога се обидуваше да ја оправда, демек, тоа го кажала во афект („во ефектна ситуација“). Тогаш, преку колумни, јас и активистката Ениса Еминовска, јавно побаравме Амди да бара извинување од Јанкуловска. За жал, другите Роми молчеа…

Денес, диктатурата е урната, дојде (со)живот, има толку многу слобода што во знак на поддршка на Ристиќ, во бранот одбрана на социјалните мрежи, Ромите се нарекуваат– Цигани, Чергари, Ѓупци…

Ми се гади од „досетките“, од типот: „Кога Здравко Чолиќ ќе пее во Македонија, да не го користи цитатот ‘Ако те одведу Цигани – чергари’, оти и него ќе го тужат“. Или, грозоморното: „Кучињата не користат лепак, толку“! Но, на ваквите статуси и коментари има стотина лајкчиња. Тажно!

Туку не знам, (и не ме интересира) која националност е оној монструмот кој пред граѓаните на Скопје, со метална шипка го уби кучето Идриз? Ако е Македонец, треба ли сите Македонци да одговараат, ако е Албанец – сите Албанци ли се виновни? Не, нели?

Ако некој Ром згрешил пред законот, и лошо се однесувал со коњот Аурора или со некое друго животно, постојат институции и нека преземат соодветни мерки и нека го казнат. Зошто поради еден човек, мора да страдаат сите останати?

Мислев дека „пораснавме“ и не се делиме повеќе на „ние“ и „вие“. Меѓутоа, деновиве има толку поделби, што јас, едноставно, останав во средина, не знам каде припаѓам! Да, демократија против диктатура, да „Шарената“ – за човекови права, да заштита на животните, ама ете…, Ром сум. И не сторив зло на Аурора.

Не сакам судски процеси, со тоа се ограничува правото на слободно изразување и сакам Ристиќ да не добие никаква казна, бидејќи со тоа нема да се реши проблемот, напротив. Убаво е да има различни ставови и мислења, меѓутоа без навреди. Без недоветни генерализации…

Но, зошто е битно случајот на Ристиќ да има разрешница? Бидејќи така нема да се размножуваат некои „многу фини генерали по битката“, кои се обидуваат да не замолчат, и бараат „да не правиме цигански работи“! Не бе, другар(к)и, не правиме цигански работи и не сме „мизерници и ситни души“, како што не нарекувате. Напротив, (ќе) се бориме со секоја неправда, без разлика дали е од „нашите“ или „вашите“!

Со една ластовичка, не доаѓа пролетта, но ја најавува! Има една изрека „зборам Ти свекрво, слушни ме снао“. Ете, судот реши да почне со Ристиќ… Се надевам дека набрзо на ред ќе стигнат сите што користеа говор на омраза, сите што (не)свесно дискриминираа(т) и омаловажуваат.

Print Friendly, PDF & Email
Tags: дискриминацијаИрена Ристиќомаловажувањесудењецигани-роми
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • РУСКО ПИСМО: „Мајдан“ како закана – кремљовско предупредување до Белград и Брисел

    133 shares
    Share 53 Tweet 33
  • (ИЗБОР) Албански медиуми: Албанија може да ги затвори преговорите за ЕУ до крајот на 2027; Тачи не носел одлуки во ОВК

    118 shares
    Share 47 Tweet 30
  • Војвотката од Јорк, Сара Фергусон отстранета од три добротворни организации поради е-пошта во која го нарекува Епштајн нејзин „врховен пријател“

    102 shares
    Share 41 Tweet 26
  • (ИЗБОР) Албански медиуми: Две години од нападот во Бањска, терористите сè уште на слобода; Разрешен градоначалникот на Тирана, Ерион Велиај; Рама ги повика странците да инвестираат во Албанија пред зачленувањето во ЕУ

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • Скопје – „Метропола“ на сметот!

    95 shares
    Share 38 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ