• Latest

Логото на „Фени” ги скара советниците во Советот на Кавадарци

May 31, 2018
Злосторникот и соучесниците

Смртта на Ратко Младиќ: Крај за еден воен злосторник, но не и за негирањето на вистината

August 28, 2026
Војо Маневски (фото: ЦИВИЛ)

Статистиката не е економска политика, гласање ќе има, ама ќе нема избирање

August 28, 2026

ГРАЃАНСКИ ФОРУМ: Ние прашуваме, тие бегаат од одговори – која е вашата порака до политичарите денеска?

August 28, 2026
Преземено од Unsplash

Компанијата Мета се спогоди за скоро 18 милијарди долари по тужбите дека ги „заробувала“ децата на социјалните мрежи

August 27, 2026
Фотографија: Википедиа

Дрон со експлозив меѓу лежалки и чадори: војната во Украина сè поблиску до романското крајбрежје

August 27, 2026
Украина, Сумска област, 27 август 2026 (фото извор: ДСНС)

Ден 1646, руски терор врз цивилите во Украина: Нападнати Кијив и Одеса – оштетени училишта, здравствена установа и станбени објекти

August 27, 2026
Скриншот од видео на Би-би-си

Катастрофални поплави на Хималаите: најмалку 165 загинати, речиси 1.500 исчезнати

August 27, 2026

ВЛЕН и ДУИ: Кој е заслужен за неизградбата на автопатот Скопје – Блаце?

August 26, 2026

Мицкоски коленичи пред Трамп, а Северна Македонија ја нуди како коцкарски жетон

August 26, 2026

Податочни центри во Северна Македонија: Помеѓу технолошката неопходност, локалните реалности и зелените стратегии

August 26, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Логото на „Фени” ги скара советниците во Советот на Кавадарци

May 31, 2018 11:55
in ВЕСТИ
Share on FacebookShare on Twitter

Да се врати логото на „Фени индустри” кое беше поставено пред општинската зграда бидејќи компанијата беше најголем донатор при реконструкцијата на кавадаречкиот плоштад, побара советникот Блаже Тасев на седница на Советот на општина Кавадарци.

Тасев рече дека не знае од кои причини било тргнато логото, поставено пред неколку години.

Компанијата „Фени индустри“ испратила и допис за ова, а Тасев побара да се стави на дневен ред на седницата и да се донесе одлука за враќање на логото. Советникот рече дека според законските одредби за донации, поставувањето на логото на донаторот не претставува реклама, а „Фени“ е најголемиот донатор за плоштадот со околу 15 милиони денари.

Според градоначалникот Митко Јанчев, општината има стручни служби и се што е ставено на нелегален начин и без документ, се отстранува. Јанчев рече дека притоа, воопшто нема тенденциозност.

– Во кое својство Советот и со кој легитимен закон ќе наложи да се стават букви на собраниската зграда. За тоа си има закон и простор за рекламирање. Соодветно се издава простор, врз основа на цена. Не може со одлука на Совет да се уредува рекламирањето на кој било правен субјект, нагласи Јанчев.

Градоначалникот додаде дека во договорот за донација, општината нема ниту законски, ниту морален услов, да го стави логото на донаторот на атрактивно место. Притоа нагласи дека локалната самоуправа има прекрасна соработка со сите правни субјекти во општината, а секој донатор има соодветен третман.

– Зарем треба на општинската зграда да се рекламира загадувачка индустрија, запраша Ристо Сакалиев, претседател на Советот.

И Ташо Радњански додаде дека станува збор за Г-1 загадувачка индустрија од која секогаш бара филтри и принципиелна работа по еколошки стандарди.

Лазар Туриманџов рече дека „Фени” има голем број вработени и дека е грешка што е извадено логото на компанијата. Праша зошто никој не е повикан на одговорност, ако осум години некој незаконски бил рекламиран.

За во иднина да нема вакви случаи, советникот Јосиф Стојанов предложи дополнителна точка и компромисно решение, на видни места да има табли на кои ќе бидат набројани донаторите на општината.

По околу четириесет минутни натегања, мнозинството присутни советници, одлучи двете точки да не бидат ставени на дневен ред на вчерашната седница. (МИА)

Tags: Кавадарцилого на ФениСкарасоветници
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ