Во Косово денеска се одржуваат локални избори за градоначалници и советници во 38 општини, а сите избирачки места на северот беа отворени точно во 7 часот, јави порталот Коссев.
Право на глас имаат 2.069.098 гласачи, а гласањето ќе трае до 19 часот, пренесе Бета.
За градоначалници има 206 кандидати, од кои 20 се жени, а за општински советници се кандидираа 5.420 кандидати.
На овие избори на гласачкото ливче има вкупно 93 политички субјекти – 32 партии, две коалиции, 32 граѓански иницијативи и 27 независни кандидати.
фото: Скриншот